Среда, ден резервиран за “НАУЧНИОТ КЛУБ“

Интерен научен клуб – едукацијата не запира!

На 18.03.2015 година се одржа третиот по ред интерен научен клуб во оваа година. Како и досега целта на овие едукативни состаноци е запознавање на медицинскиот персонал со новитетите во медицината, светските препораки за практикување на медицина базирана на докази, новитетите во технологијата и медицинската техника. Како и секоја трета среда во месецот така и оваа вечерниот термин од 18:00 беше резервиран за „НАУЧНИОТ КЛУБ“ и нашите драги колеги :

1. Д-р Шпенд Идризи – интервентен кардиолог Тема: Валвуларни срцеви мани

2. Д-р Тања Грамосли – анестезиологТема: Анестезија при валвуларна хирургија (аортна стеноза)

3. Проф. д-р Ѓорѓе ЗафироскиТема: Остеопороза – тивка епидемија на денешницата

Добро спакуваните предавање на проектите и темите на предавачите, отвораат одлична дискусија помеѓу присутните со нивни прашања и сугестии. Овие научни клубови веќе 15 години се дел од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, предавачите и темите постојано се менуваат. Формирањето на истите првенствено е во функција на подобрување на секојдневната работа на болницата и едукација на младите колеги.

Тромбоза на вени на долен екстремитет

Компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта

Тромбоза на вените сериозно го нарушува функционирањето на организмот. Годишно заболуваат едно до три на 1000 лица. Причина за нејзино настанување е застојот на тромбите во вените. Тоа предизвикува дополнителни компликации кои внимателно треба да се дијагностицираат и лекуваат. Во следниот случај Ви претставуваме приказ на тромбоза на вени на нога кои се настанати како резултат на компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта. Вена кава инфериор е долната шуплива вена која враќа крв од долните делови на телото во десната предкомора на срцето. Аневризма на абдоменална аорта е вреќесто проширување на аортата која поминува низ стомакот.Во нашата болница беше примен пациент на 65 годишна возраст поради засилени симптоми на длабока венска тромбоза (оток, црвенило и болка на левата нога).Претходно пациентот бил лекуван од длабока венска тромбоза на левата нога , но и покрај адекватната терапија симптомите се влошувале, заради не навременото откривање на вистинската причина за тромбозата. Преку ЕХО прегледот воочен е оскуден проток низ илијачни вени лево, компресибилни и проширена лева заедничка, лева суперфицијална феморална вена и лева поплитеална вена, како и наод на тромби во лева голема сафенска вена. Поради сомневање за компресија на вена кава инфериор, направена е компјутерска ангиографија (МСКТ на аорта и ангиографија на долни екстремитети), со наод за аневризма (проширување) на абдоменална аорта со димензии 5.6 см х 7.2 см. Аневризмата ја потиснува вена кава инфериор и длабоките вени во мала карлица кон лево, кои се проширени и тромбозирани. Исто така се следат и проширени колатерални вени во стомакот, но без тромбоза на лева феморална и лева поплитеална вена како и наод за присутни тромби во натколен дел на лева голема сафенска вена.

Предоперативна МСКТ ангиографија

Направен е оперативен третман замена на абдоминална инфраренална аорта со Albograft Y протеза 14/8 и аорто-билијакално премостување.

Постоперативна МСКТ ангиографија

Пациентот е пуштен на домашно лекување во добра општа состојба. После оперативното решавање на абдоминалната аневризма, со декомпресијата се намали и забавениот проток во венскиот систем на левата нога, а со тоа и симптомите на пациентот кои беа асоцирани со длабоката венска тромбоза.

Приказот на случај е претставен од Д-р Елена Амбаркова-Виларова спец.трансфузиолог и флеболог

Медицински тим од „Филип Втори“дел од едукативен собир во Виена

Професионалната надградба на поединецот е придонес за колективот

Медицината е жива наука која постојано носи нови откритија, сознанија, кои овозможуваат на различни начини да се дојде до посигурен , понекогаш и побрз исход во лекувањето на болестите. Во функција на ова медицинскиот тим на нашата болница континуирано и активно учествува во едукативни предавања, симпозиуми, интерактивни работилнци на европско и светско ниво. Со тоа правиме голем исчекор во профсионална надградба на поединецот но и во севкупните резултати од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.

Во периодот од 23-26.02.2015 година во организација на компанијата Lohmann & Rauscher, во Виена беше одржан едукативен собир на кој присуствуваа и претставници од “Филип Втори”. Проф д-р Ебарлајн одржа предавање на тема “Модерен третман на рани “. Преку него тој презентираше повеќе студии кои биле направени со користење на различни производи алгинати, пени, хидроколоиди како и резултати од производите кои се користат во третманот на раните. Се одржа и работилница во која практично беа презентирани производите од програмата на Lohmann & Rauscher. Проф д-р Парч беше предавач на тема ”Компресивна терапија” во лекувањето на пациенти со успорена лимфна дренажа на нозете, при што го потенцираше нејзиното значење , начин и техниката на поставување. Беа реализирани и работилници за стерилност во оперативниот блок, како и за примена на ортози и останати помагала кај пациенти со ортопедски заболувања. Нашиот тим активно учествувше во секоја од нив.

Медицински тим од „Филип Втори“дел од едукативен собир во Виена

Професионалната надградба на поединецот е придонес за колективот

Медицината е жива наука која постојано носи нови откритија, сознанија, кои овозможуваат на различни начини да се дојде до посигурен , понекогаш и побрз исход во лекувањето на болестите. Во функција на ова медицинскиот тим на нашата болница континуирано и активно учествува во едукативни предавања, симпозиуми, интерактивни работилнци на европско и светско ниво. Со тоа правиме голем исчекор во профсионална надградба на поединецот но и во севкупните резултати од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.

Во периодот од 23-26.02.2015 година во организација на компанијата Lohmann & Rauscher, во Виена беше одржан едукативен собир на кој присуствуваа и претставници од “Филип Втори”. Проф д-р Ебарлајн одржа предавање на тема “Модерен третман на рани “. Преку него тој презентираше повеќе студии кои биле направени со користење на различни производи алгинати, пени, хидроколоиди како и резултати од производите кои се користат во третманот на раните. Се одржа и работилница во која практично беа презентирани производите од програмата на Lohmann & Rauscher. Проф д-р Парч беше предавач на тема ”Компресивна терапија” во лекувањето на пациенти со успорена лимфна дренажа на нозете, при што го потенцираше нејзиното значење , начин и техниката на поставување. Беа реализирани и работилници за стерилност во оперативниот блок, како и за примена на ортози и останати помагала кај пациенти со ортопедски заболувања. Нашиот тим активно учествувше во секоја од нив.

Комуникација здравствен работник – пациент

Комуникација здравствен работник – пациент Клуч за поуспешно решавање на проблемот

Колку пати сте биле задоволни или незадоволни од комуникацијата со здравствените работници, со Вашиот лекар.

На која страна натежнува кантарот? Колку внимателно Ве ислушал , советувал, разговарал со Вас? Колку сте биле отворени, искрени, трпеливи во тој разговор?

Комуникацијата е дел од решавањето практично на сите проблеми што се јавуваат и општо е познато дека добрата комуникација е еден од предусловите за успешно решавање на истите.

Кога пациентот оди на лекар заради некаков здравствен проблем решавањето на истиот бара интензивна комуникација помеѓу лекарот и пациентот. Главните прашања на кои пациентот бара одговор се „Што не е во ред со мене?“ ,„Зашто го имам тој здравствен проблем“? ,„Како истиот да го решам? “.

Бројни се истражувањата кои го потврдуваат фактот дека луѓето најчесто бараат мислење и совет од докторите во моментот кога ќе сватат дека не можат сами да се изборат со тешкотиите кои ги имаат. Тогаш најчесто се чуствуваат обесхрабрени и немоќни. Затоа се тука здравствените работници да дадат максимум од себе во лечењето или пак надминувањето на болеста или состојбата во која се наоѓа пациентот .Но во реалноста не е секогаш така.

На шемата подолу, таа сложена размена ја претставуваме упростено преку т.н Шрамов модел.

Од моделот можеме да видиме дека комуникацијата започнува со т.н енкодирање (шифрирање) на пораката така што лекарот избира начин (зборови, емоции, однесување) како да ја пренесе пораката на пациентот. Пациентот пак ја декодира (дешифрира) таа порака, преку својата личност ја интерпретира (толкува) на свој специфичен начин и исто така ја енкодира (шифрира) бирајќи начин (зборови, емоции и однесување) како да му ја испрати на лекарот и така се во круг.

Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот е дополнително специфична бидејќи централна тема е здравјето на пациентот, а токму здравјето е најчувствителната тема кај секој од нас одлично срочена во народната поговорка: „ Здравиот човек има илјада желби, а болниот само една.“ Иако секој лекар со секој свој пациент гради засебен стил на комуникација, генерално, лекарите може да се карактеризираат со два типа на комуникација со пациентите прикажано во следнава шема:

Успешноста на комуникацијата е условена од многу фактори и токму заради тоа нејзиниот квалитет често пати варира. Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот може исто така да потфрли и да доведе дури и до конфликтен однос.

Па така, лошата комункација може да доведе до :• нарушена меѓусебна доверба ;• прикривање важни информации за здравствениот проблем од обете страни ;• зголемување на напнатоста кај пациентот (но и кај лекарот) ;• откажување на пациентот од понатамошна медицинска помош ;• меѓусебни недоразбирања ;• погрешно разбирање на лекарските совети ;• зачестени жалби од страна на пациентите

Од друга страна, добрата комуникација ќе доведе до:• доверба помеѓу лекарот и пациентот ;• отвореност пациентот да сподели важни информации со лекарот ;• поголемо задоволство кај пациентот ;• поголема вклученост на пациентот при донесувањето одлуки за неговото здравје ;• ќе му помогне на пациентот при донесувањето одредени одлуки ;• пореалистични очекувања од страна на пациентот ;

• помал ризик од правење грешки во процесот на лекувањеМеѓусебните конфликти ескалираат заради НАЧИНОТ на кој комуницираме едни со други. Сите ние (и здравстевните работници и пациентите) реагираме на она што ќе ни го каже некој и превземаме одредени активности. Без разлика дали се браниме, напаѓаме, се повлекуваме или смирено реагираме, ние со тоа влијаеме врз реакцијата на другиот.

Ние имаме удел врз насоката и конечниот исход преку зборовите што ќе ги употребиме, емоциите што ќе ги донесеме и невербалните пораки што ќе ги испратиме преку телото.

Пред самиот крај на овој текст, прикажуваме една шема во која се наведени двата типа на мисловен склоп, оној кој поврзува и оној кој гради ѕидови (не само помеѓу лекарот и пациентот туку и многу пошироко – помеѓу секој од нас)

За крај, прочитајте ги “законитостите” за комуникацијата кои ги кажал еден нејзин истражувач Осмо Вило, кои не се законитости во научна смисла, но секојдневието на чуден начин понекогаш ни ги потврдува. Тие гласат вака:АКО КОМУНИКАЦИЈАТА МОЖЕ ДА НЕ УСПЕЕ – И НЕМА ДА УСПЕЕАКО ПОРАКАТА МОЖЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕ НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ЌЕ СЕ РАЗБЕРЕ ТОКМУ НА ОНОЈ НАЧИН КОЈ ЌЕ НАНЕСЕ НАЈМНОГУ ШТЕТАСЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОЈ ЗНАЕ ПОДОБРО ОД ВАС ШТО СТЕ МИСЛЕЛЕ СО ВАШАТА ПОРАКАКОЛКУ ПОВЕЌЕ КОМУНИКАЦИЈА ТОЛКУ ПОТЕШКО ДЕКА КОМУНИКАЦИЈАТА ЌЕ УСПЕЕ

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ 24 часа Ви стои на располагање. НИЕ СМЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ЖИВОТОТ ЖИВЕЕ.

Напишете ги во коментар на темата вашите искуства, размислувања и прашања во однос на оваа тема. Тоа може лесно да го направите доволно е да станете фан на нашата фејсбук страна.

Во домот на нашиот пациент, композиторот Стојан Стојков

Јас ја создавав „Змејовата невеста“ а Вие се грижевте за мојот живот

Постои една изрека која гласи „Мисијата на уметникот е да допре до душата на публиката“. Години наназад ова му успева на нашиот реномиран композитор и професор Стојан Стојков.

Неуморен трагач по нови звуци кој никогаш не се одвоил од македонскиот музички фолклор. Совршено знаел да се грижи за редот на своите ноти , но не бил така моќен да го сочува и сопственото здравје. Свесен за сериозните нарушувања на неговото здравје , одлучи животот да го довери на лекарскиот тим на „Филип Втори“ . Од 2010 година тој е наш пациент а во изминативе години врз него се направени неколку операции . И тоа оние операции кои знаат да го забрзаат ритамот на срцето, да го заматат погледот поради неизвесноста од одговорот на прашањето ,, Дали ќе се разбудам?“. Заспиваше и се будеше нашиот композитор три пати, три операции, три нови надежи. Да, тоа се премрежја кои поминуваат , но никогаш не се забораваат. Го посетивме во неговиот дом во Скопје. Насмеан лик, ведар дух кој не го промениле болестите.

„Кога ми беше најтешко морав да бидам најсилен . Здравстевните проблеми се совпадна со големиот предизвик поврзан со создавањето на операта „Змејовата невеста“. Датумот беше одреден морав да го испочитувам договорот. Тоа беше премиера која не смееше да чека. Здравјето кревко, времето кратко а јас, јас сигурен во секој нов ден зошто бев во Ваши раце. Благодарам на Вашата болница , пример за сите како се однесува лекарот и сите медицински лица кон пациентот. Вие ме лекувавте , а јас пишував“. Задоволно раскажува 74 годишниот Стојков, среќен што по цели 10 години на сцената на МОБ поставена е опера од македонски композитор. Стојков продолжува да создава, како што вели, се додека машината во мене работи(мислејќи на срцето) .

Подршката од сопругата, децата и внуците е најповолниот ветар во грб за бродот од ноти уште долго да плови. Посетата беше дел од активностите кои Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори “ ја организира заедно со Црвен крст на г.Скопје. Истата е во рамки на Неделата на борба против кадриоваскуларните заболувања, која се одбележува од 21-28 февруари.

Формирање на клубови на пациенти со различни заболувања

Формирање на клубови на пациенти со различни заболувања „МОЈОТ КЛУБ“ ги обединува срцево болните

Преку различни кампањи, едукативни работилници, стручни предавања, совети Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ секојдневно работи на подигнување на здравствената култура. Следен чекор во тој правец е формирање на клубови на пациенти со различни заболувања. Првенчето клуб во нашата болница ќе ги обедини лицата со ангина пекторис и заболување на коронарните крвни садови . Не случајно изборот е направен на овие заболувања бидејќи најголем процент од луѓето во светски и регионални рамки страдаат од болестите на срцето и крвните садови.Членовите ќе имаат можност да бидат во постојана комуникација со нашиот лекарски тим преку организирање на редовни средби, на кои ќе се информираат и советуваат.Со максимален ангажман и стручност на нашите еминентни доктори, преку едукативни предавања навремено ќе ги дознаваат новините, ќе слушнат какви се светските искуства и како живее планетата која страда од болестите на срцето и крвните садови.Тоа ќе им овозможи во одредени ситуации самостојно да си помогнат, поквалитетно да го поминат секој нов ден, со што ќе се олесни животот и на нивните семејства како и на пошироката заедница. Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ на сите членови на клубот ќе им овозможи намалување од 30% на трошоците за лекување.

Доколку сакатe да бидете дел од клубот пријавете се на нашата електронска адреса и дајте му живот на Вашето срце.

Недела на борба против кардиоваскуларните заболувања

Интерактивна работилница „ Здрав дух за здраво тело“

Во рамки на неделата на борба против кардиоваскуларните заболувања што нашата болница „Филип Втори“ заедно со Црвениот крст на град Скопје традиционално ја одбележуваат повеќе години, на 25 февруари, психолог од Одделот за психологија и психотерапија одржа интерактивна работилница со младите од клубот. Кога се работи со млади луѓе, она што се чувствува кај нив е голем ентузијазам, младешка љубопитност, подготвеност за промени и многу ведри насмевки. Работилницата која траеше час и половина на која интерактивно се обработуваше темата ‘Здрав дух за здраво тело’ веројатно да траеше уште неколку часа ќе беше малку за да се споделат сите размислувања и доживувања поврзани со оваа проблематика. Никогаш не сме ниту премлади ниту престари за да започнеме да се грижиме за нашето здравје. Изборите во животот ги правиме ние. Нека бидат избори за здрав живот.