Специјалната болница„Филип Втори“ дел од “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензи

Специјалната болница„Филип Втори“ дел од “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензивна нега”

Во периодот од 17-19.04.2015 во Ниш, Република Србија, во организација на UINARS- Здружение на медицински сестри- техничари на интензивна нега, анестезија и реанимација, беше одржан “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензивна нега”. Овој симпозиум беше подржан од:IFNA – Меѓународна федерација на анестетичариWfCCN – Светска федерација на сестри за интензивна негаEfCCNa – Европска федерација на асоцијациите на сестрите за интензивна негаESPNIC – Европско здружение на педијатриска неонатолна интензивна негаАктивно учество на симпозиумот зедоа предавачи од регионов како и поканети предавачи од странство – Германија, Америка, Шведска, Норвешка и други европски држави.Како поканет предавач учествуваше и Жанета Богоевска-Митева, одговорна сестра на одделот за интензивна нега и лекување во Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори”со предавање на тема “Рана трахеотомија кај кардиохируршки пациенти”.

Лекари од „Филип Втори“ дел од академијата Octapharma

Лекари од „Филип Втори“ дел од академијата Octapharma

Во периодот од 14 – 15 мај во Љубана Р.Словенија, се одржа Octapharma академија. Под мотото “Bleeding Management – from theory to clinical practice” беа презентирани теми од областа на коагулацијата и практичната интерпретација на лабораториската дијагностика во случај на периоперативни хеморагии. Потоа коагулациона дијагностика и третман на хеморагии на интензивна нега, како и употреба на фактори на протромбински комплекс во клиничка пракса. На оваа академија учество од Специјалната болница „Филип Втори“ имаа и д-р Тања Анѓушева (кардиолог, одговорен лекар на одделот за интензивна нега) и д-р Елена Амбаркова Виларова (трансфузиолог).

Дел од децата од кампот "Кирил Лазаров 7" прегледани во поликлиниката Филип Втори, Струмица

Дел од децата од кампот “Кирил Лазаров 7” прегледани во поликлиниката Филип Втори, Струмица

По иницијатива и поддршка на Академик д-р Жан Митрев од минатиот петок започнаа прегледите на децата кои се дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. 120 деца од сите градови се распоредени во трите здравстевни установи на „Филип Втори“. Минатата недела во болницата во Скопје се направи контрола на здравствената состојба на децата од Кавадарци и Велес. Според зборовите на д-р Планинка Зафировска специјалист интернист не постојат никакви кондраиндикации кои би ги спречиле децата да бидат физички активни во кампот.

Младите ракометарски надежи од Свети Николе, Штип и Струмица денеска беа донесени во Поликлиниката „Филип Втори“ во Струмица. Нивната здравствена состојба ја следи и проверува специјалист интернист д-р Вилма Ампова -Соколов интервентен кардиолог. И овие дечиња имаат добра здравствено кондициона слика .

Кај сите се направени ЕКГ и ЕХО на срце, испитување на крвната слика и задолжителниот стрес-тест. Утре во поликлиниката „Филип Втори“ со мини-бус на болницата „Филип Втори“од Скопје ќе бидат земени децата од Прилеп чија здравствена контрола ќе биде направена во поликлиниката „Филип Втори “ во Битола.

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артери

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артерија

Мозокот се крвоснабдува со 4 главни артерии две каротидни и 2 вертебрални артерии. Преку нив се носи крв богата со кислород и други хранливи материи, кои што се потребни за нормално функционирање на мозокот.

Во основата на каротидната болест е АТЕРОСКЛЕРОЗАТА, таа претставува натрупување на маснотии и калциум во ѕидот на крвниот сад и под дејство на различни надворешни и внатрешни фактори може да доведе до пукање на атеросклеротскиот плак и со тоа до стеснување или комплетно запушување на каротидната артерија , што доведува до мозочен удар. Каротидната болест може да биде еднострана или обострана. Ризик факторите се делат во две групи. А. Фактори кои не зависат од нас : пол, возраст, раса.Б. Фактори на кои можеме да влиаеме: хипертензија, дијабет, покачени маснотии, пушење, стрес, дебелина. Каротидната артериска болест може да се манифестира како мозочен удар или како транзиторна исхемична атака. Мозочниот удар (ЦВИ) е со трајни промени на мозокот и на невролошките испади, кој продолжува и повеќе од 24часа. Транзиторна исхемична атака (ТИА) е кратка епизода на невролошка дисфункција која трае неколку минути до неколку часа и во тек на 24 часа настапува комплетно повлекување на невролошките испади. Пациенти со веќе прележана ТИА имаат 10 пати поголем ризик за добивање на ЦВИ. Мозочниот удар е трета водечка причина за смртност кај населението после инфарктите и канцерите. Во 70-80% од случаите со ЦВИ како причина е докажана каротидната артериска болест. Мозочниот удар води до траен инвалидитет. Симптоми на каротидната артериска болест се: вертиго, зуење во ушите, темнење пред очите, колапси, синкопи (рецидивантни). Кај сите овие пациенти се спроведуваат дијагностички процедури за докажување или исклучување на каротидна болест, а тоа се: доплер на каротиди, каротидографија, МСКТ на каротиди, магнетна резонанца. По направените соодветни иследувања се донесува и зклучок за понатамошниот третман, каротидно стентирање или ТЕА (со или без пач пластика).
Се поставува прашањето- Што е подобро? Се уште се во тек студиите кои же дадат одговор на прашањето дали стентирање или операција на каротидната болест (со конфликтни резултати). Од тоа што го имаме како истражувања и резултати до овој моментот е: Пациенти со каротидна болест (стеноза) кои би имале повеќе бенефит од каротидна стентирање отколку од ТЕА (операција), се поликоморбидни пациенти со слаб хируршки потенцијал (кој не е невозможен). Повозрасни пациенти може да имаат повисок ризик од слаб мозочен удар во првите 30 дена после стентирање отколку после ТЕА. Тромбендаректомијата (со или без пач пластика) е третман на избор кај пациенти со каротидна болест (со или без ЦВИ) со добивање на добар постоперативен резултат и редукција на некој од невролошките дисфункции и превенција од нови ЦВИ.Приказ на случај: Пациентка на 55 годишна возраст со мозочен удар со левострана слабост, фацијалис лево, зуење во ушите, слабеење на видот и вртоглавици. На доплер на каротидни артерии е верифицирано инсуфициентна десна а. Каротис интерна по цела должина до влез во череп, лева а. Каротис интерна со стеноза на булбус 40-50%. Фамилијарна анамнеза негативна за оваков тип заболувања. Направено е МСКТ на каоритди и мозок и верифицирано е:

десна a. carotis interna (АКИ) проодна со сигнификантна стеноза проскимално потоа со инсуфициентен тек по цела должина,

лева a. carotis interna (АКИ) проодна со меки плаки на проксимален сегмент и стеноза 50%. На КТ скеновите на мозочниот паренхим – нативна серија – се детектира сосема дискретна хиподнензна промена веројатно исхемична лоцирана на базални ганглии лево.ТЕА и пач пластика на десна АКИ и резултат: Интервенцијата се изврши во услови на општа анестезија. Направено е ТЕА и пач пластика на булбус и почетниот дел на АКИ со што е добиено проширување на основата на артеријата а со тоа и подобрување на протокот на крв низ инсуфициентниот дел на десната АКИ. Пациетката постоперативно е следена 24 часа и е испуштена од болница во одлична општа состојба. На првата контрола по 1 седмица, втората контрола по 1 месец и прета контрола по 2 месеци пациетката е со подобрен вид, нема зуење во ушите и без вертиго, поголема сила во левата рака и нога. На доплер има подобар проток низ десна АКИ. Заклучок: Сите пациенти со дијагностицирана значајна симптоматска каротидна болест се за оперативно лекување. Пациентката е со инсуфициентна десна АКИ но по направениот оперативен третман има подобрување на општата состојба и повлекување на некој од невролошките испади. Во нашиот случај минимално инвазивната интервенција (тромбендаректомија и пач пластика на десна АКИ) се покажа како безбедна и ефективна, можеби и трајна процедура за пациентката. Контролен постоперативен МСАКТ на каротиди се планира на 6-тиот месец од оперативниот третман.

Д-р Вилма Ампова-СоколовИнтервентен кардиолог

Во „Филип Втори“ во Скопје прегледани првите деца од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Децата ќе се прегледуваат и во поликлиниките на „Филип Втори“ во Струмица и Битола

Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ од денеска стартуваше со прегледите на децата кои ќе бидат дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров7“.Прегледите врз првите 10 деца беа направени од страна на д-р Иван Милев интервентен кардиолог кој има долгогодишно искуство и со деца –пациенти. Нашата болница како медицински партнер на кампот ги спроведе сите потребни испитувања и анализи со кои се утврдува здравствено-кондиционата состојба на децата. Испитувањата се состоеа во земање на анамнеза, ЕКГ и ЕХО кардиографски прегледи, стрес-тест и диференцијална крвна слика.

Анамнезата се зема за да се предвидат сите евентуални состојби кои се поврзани со здравјето на децата а имаат врска со наследниот фактор. Преку неа се дознава и за интересот на децата за активно или пасивно спортување, како и за нивните секојдневни физички оптеретувања Стрес-тест: Кај професионални и кај рекреативни спортисти Европското кардиолошко здружение препорачува најмалку еднаш годишно да се направи стрес – тест за да се процени функцијата на срцето. Преку овој тест може да се открие срцевата сила или слабост при што кај здрави луѓе не се очекува коронарна болест, туку евентуални пореметувања во смисла на аритмии. Карактеристично за децата кои денеска беа ставени на стрес- тест е тоа што тие иако се на мала возраст, сепак имаат солидни години поминати во спортување.

ЕКГ –Преку овој преглед се гледа фрекфенција на срцевата акција, ритам, евентуални блокови во електриката на срцето .Ехо кардиографски преглед – Овозможува проценка на пумпната сила на срцето , димензии, функција и состојба на срцевите залистоци. Преку него се доаѓа и до откривање на евентуални вродени срцеви мани. Затоа треба да се направи индивидуална проценка на срцевата функција бидејки не секоја отстапка од нормалните срцеви параметри , значи и причина за престанок со спортувањето. Исто така со овој преглед се детектира и хипертрофична смрт која е главен причинител на нагла срцева смрт кај спортистите.Направена е диференцијална крвна слика . Кај сите деца беше со уреден наод.

Лекарскиот тим заклучи дека досега иситианите деца се добра физичка подготвеност дури и за компетитивно бавење со спорт . Прегледите на децата продолжуваат. До крајот на оваа неделата во болницата „ Филип Втори “во Скопје ќе бидат донесени децата од Кавадарци и Велес. Тимот кој е ангажиран за организација и преглед на децата следната недела ќе замине во поликлиниките во Струмица и Битола за да ги изврши потребните здравствени контроли на децата кои живеат во тој дел на Македонија.

Со почит Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“Подобро,здравје

Конгрес на инструментари во Рим

Конгрес на инструментари во Рим

Во период од 06.05-10.05.2015 година во Рим-Италија, се одржа конгрес на Европското здружение на инструментарки – EORNA. Катерина Ристовска Јанев-инструментарка од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ зема активно учество на овој конгрес.Таа на присутните им се обрати со усна презентација на тема: „Менаџмент при инструментирање на реконструкција на аотна валвула со перикарден пач“.