Марко, Мирко и Реско порачуваат: „ Барем еднаш во годината направете си контрола на срцето, да имаше нас кој да не подучи,  денска не ќе бевеме цимери во болничкава соба“

Балија Ресим (44) , Марко Барукчиев (41)  и Мирко Крстевски (46) најтешките денови од нивниот живот ги поминуваат заедно. Сега кога најлошото е зад нив, ни раскажаа за периодот  во кои  животот им висел на конец. Сите тие премрежја, погрешни дијагнози, неправилни лекувања  се тоа е минато. Во болничката соба број  1 на одделението на интензивна нега,  низ шега ги нарекуваме тројцата мускетари, заради мотото ( заедничката приказна)  „ СИТЕ ЗА ЕДЕН  –  ЕДЕН ЗА СИТЕ „ . Разговорот го започнавме со најмладиот од нив Марко , огорчен  заради состојбата  и сплетот на околности поврзани со неговото здравје  , но сепак среќен што е жив.

„ Првите симптоми ги почувствував некаде во октомври,  непријатно  пецкање во нозете околу глуждовите,  како инсекти да ме лазат и многу брзо се заморував. Не можев да изодам ни стотина метри. Заминав на лекар, ми посочија дека мора да се направат повеќе прегледи . Тоа бараше многу време и нерви. Една болница , втора,  трета , нефункционални  апарати , немање на одредени реагенси, сите овие работи ме трошеа, премногу.  Лежев на клиника , состојбата ми се влошуваше. Ежекционата фракција на срцето  ми беше на 20.  Отоците не ми сплавнуваа, очајна состојба. Сакав да најдам болница во која може сите испитувања да ги направам на едно место. Морав да потпишам дека излегувам по своја волја , само губев време , не знаев дека морало да лежам 35 дена па потоа да ми направат коронарографија. Заминав од таму, терапијата ја продолжив дома. , па повторно се вратив за снимањето на крвните садови на срцето. Снимката покажа големо оштетување.  Од клиника ме прашаа да одберам што сакам да ми направат бајпас или стентови…Зарем јас да одлучам ? Предната лева страна ми беше потполно неупотреблива, на само 41 година, придонес за оштата лоша состојба на организмот имаа и инфекциите кои ги фатив од болнички бактерии од претходните две операции на препоните, па морав и тие да ги лекувам , не знам колку таблети испив,  терапии разно разни..Шокантна вистина. Не можев повеќе да се измачувам, да талкам, се јавив кај д-р Енвер Идоски од болницата  „Филип Втори“, местото каде што завршија сите мои маки, болницата во која сите треба да се пофалат од хигиеничарка до директор, професионалци до бескрај. По испитувањта овде со соодветен третман и лекување ми ја подигнаа срцевата фракција и ме подготвија за операција. Добив 4 бајпаса и „ремонт“  на валвулата. ОВА МИ Е ВТОР ЖИВОТ, БЛАГОДАРАМ…, А МИСЛЕВ ДЕКА СУМ МНОГУ ЗДРАВ“ .

На вториот кревет лежи машинобраварот Мирко кој има заболување на срцето од 2008 година,  кога во една државна здравствена институција му дијагностицирале  запушување на аортата.

„ По направениот стрес тест, мораше да се снимат крвните садови на срцето  Резултатите не беа добри, ми поставија стент. После една година стентот се запуши. Верувале или не докторот ми посочи дека можам да живеам и со запушен стент, и дека терапијата ќе биде доволна да се одржувам во живот.  Без никакви поправки на стентот кој е вграден , кој е нефункционален. Така и направив , пиев апчиња и верував дека ќе биде добро. Но, се заморував многу брзо, силата која ја имав како да ми ја снема преку ноќ. Не можев скали на качам кои претходно ги прескокав . Не знаев што ми се случува,  толкав маж а не можев  да подигнам кофа од 5 кг. Од нефункционалнста на стентот ми се влоши состојбата , не можев да дишам,  па лежев на клиника во два наврати, погрешната терапија ме дотолчи, ми даваа таблети од кои само спиев и едни за разредување на крвта. Морав да пресечам да направам нешто , а не знаев што.  Дојдов во „Филип Втори“  ми беше направена коронарографија . Резултатите ме разочараа,  истовремено и ме налутија,  бев лут на себе што верував дека со лекарствата,  без замена  на стентот како што ми кажа лекарот од државна ќе можам да живеам, шест месеци имав неиздржливи болки. По направената снимка на крвните садови на срецто  се шокирав. Овдешните лекари  ме информираа дека  имам оштетување на валвулата и мора да се оперирам. На операцијата ми ја заменија и другата валвула и ми поставија еден  бајпас. Бев гневен, лут, бесен  да ми се заменеше стентот навреме немаше да дојдам до оваа состојба.  Ги поздравувам сите лекари од оваа болница кои  се посветија максимално на мојата здравствена состојба и го направија она вистинското да може да живеам, без потешкотии.

Третиот „цимер“  во оваа соба е ресенчанецот Ресим, најдбриот угостител во светот( така го именуваа неговите цимери). Татко на три дечиња . Косово е земјата во која две од нив се образуваат. Еден викенд заминал со соругата да си ги посети, нивното патоување можело да заврши кобно.

„ За викенд отидов во Косово таму ми е фамилијата ,  децата на училиште. Само што стигнав следниот ден имав грч во пределот на градите и веднаш знаев бидејки имам икуство  со татако ми кој  е опериран. Овде во „Филип Втори’ му ставија 4 бајаса знаев дека е срцето,  знаев кои се симптомите и како се манифестираат. Сопругата ме однесе во итна помош,  на ЕХО прегледот  видоа дека имам срцев удар и ме испратија за Приштина . Им реков нема шанси да одам во Приштина , само во Скопје . кај д-р Мтрев. Немаа возило за транспорт, па јас повикав еден приватен доктор да биде до мене додека ме возат кон болницата „Филип Втори “. Се јавив на моите во Македонија ,  татко ми ја повика д-р Вилма Ампова Соколов да ме пречека , кога пристигнав се беше организирано.

Штом дојдов овде ми направија коронарографија и востановија дека левата комора од срцето воопшто не функционира. Ми ставија пумпа и ме стабилизираа едно 4 дена пред да ми направат операција. Ми поставија  3 бајпаса и почнав конечно нормално да дишам..Сакам да потенцирам дека јас во меѓувреме овие 2 години се лекувам од болки во рбетниот столб , лани бев во Игало, преклани во бања Ковиљача места кои помагаат за рехабилитација на рбетниот столб, лекарот од  Кочани ми ја даде таа дијагноза. Бидејки 2 години имав болки во тој дел од телото. Најтешко  ми е што не можеа лекарите да установат што ми е, не се најде ниту еден доктор во Кочани да се посомнева на срцето, направив и рентген снимање и магнетна резонанца за да се види точната причината за болката.  Востановија  истрошеност на Л 4 и Л 5 пршлените  и ме лекуваа од тоа , правев вежби , залудно.  Во глава ми беше само тоа… ме лекуваат од рбетниот столб  а јас имав срцеви  проблеми. Сега се чуствувам феноменално и благодарам на оваа прекрасна екипа посебно на д-р Жан Митрев , на сите морам вака авно да кажам  дека  ГИ САКАМ НАЈВЕЌЕ.“

Препораката на тројцата цимери до сите нас а ососбено до помладите е да прават барем еднаш  годишно контрола  на срцето тоа е главниот мотор во телото. Да имаше нив кој да ги посоветува  се би било поинаку.

Мирен и конфорен амбиент преку специјално осветлување во новата болница

Комплетното осветлувањето на новата болница  на д-р Жан Митрев е покриено со расветни тела од реномираната компанија од Холандија –  „Филипс“. Концептот на осветлувањето на фасадата се базира на почитување на функционалноста на објект. Основната цел е да се осигура психолошкиот и физичкиот комфорт на пациентите и да се создаде мирен и конфорен aмбиент.

Секундарна цел е реализација на одржливо, енергетски-ефикасно решение во кое трошоците за инсталација и одржување се сведени на минимум.
Поделба на функционален осветлување како што е осветлувањето на влезниот атриум , влезот за итна помош и паркингот, како и акцентно осветлување со нагласување на карактеристични архитектонски елементи.
100% LED реализација која нуди невидена слбода на дизајн.

Првиот впечаток е најважен

Создаден добар прв впечаток со пријатен амбиент

Атмосфера со хармонично осветлување која инспирира доверба

Осветлувањето го поддржува водењето и ориентацијата

Комбинација на функционални и декоративни аспекти

Осветлување  на ходници

Ходниците и површините за циркулација се артериите на објектот
Осветлувањето се фокусира на насоките, безбедноста исигурноста. Дифузно, хомогено осветлувањесо избегнување на сјај и темни точки
Паметниходници–одлична можност за заштеда на енергија преку контрола на светло со помош на сензори
Температурана боја на осветлувањето топло бела од 3000К, за креирање на топла домашна атмосфера
Осветлување соби за чекање исклучивo LED
Контрастите се направени со цел да стимулираат интеракција меѓу луѓето

Целта е да се направат собите за чекање да изгледаат живо
Ова се постигнува со користење на компакт кружни LED светилки
Таму каде што светилките се поставени блиску до ѕидовите видлива е пријатна игра на светлосните зраци

Осветлување соби за преглед исклучиво LED

Оптимално светла боја и боја со висок квалитет помага при рендерирање на дијагнозата
Различни нивоа на осветлување кои создаваат различни атмосфери
Оптимална употреба на дневна светлина
Пред и после третманот општото светло може да биде смирувачко

Осветлување соби за дијагностика

Чувство на смиреност и удобност

Осветлувањето помага да се создаде смирувачка атмосфера
Решенија од едноставна и ефективна бела светлина до обоено осветлување
Проекции избрани од страна на пациентот за време на прегледот и дијагностицирањето
Пациентите се чувствуваат повеќе опуштенои се создава одвлекување на вниманието
DALI(дигитално) регулационо осветлување

Соби за дијагностика

LED осветлување со помош на компакт вградни кружни светилки со голема ефикасност.
Обезбедена бела светлина со многу мала потрошувачка на енергија.
Висока ефикасност, заштеда до 80% во споредбасо халогени светилки.

Едноставни за инсталација, DАLI–дигитална регулација, се регулира со потенциометар
Удобно светло:
Температура на боја 3000K,
Фактор на блескотење UGR19,
Коефициент на репродукција на бои CRI8

Осветлување соби за пациенти

Создавање атмосфера каде пациентите се чувствуваат како дома
Флексибилни соби за да се сместат пациентите но исто така, овозможуваат добри работни услови за вработените
Искористување на природната моќ на светлината
Истражувањата покажуваат дека светлината влијае на нашето здравје и благосостојба
Светлината може да подобри параметри како сон, расположение, депресија и должина на престој
Светлината може да помогне за поддршка на биолошкиот часовник

Осветлување надворешен простор

Metronomis LED

Ефикасниот и безвременски Metronomis LED опфаќа дизајн, висок квалитет во осветлувањето и единствена игра на светлосни ефекти
Целиот спектар е модуларен со столбови за светлосни ефекти и затоа нуди висок степен на флексибилност, не само во однос на архитектонски контекст, туку и во однос на различната примена.

Здравје и удобност

Карактристики на користењe LED производи:
Репродукцијана боја>80
Прилагодена контрола на одблесок
Без UV и IR зрачење
Без непотребно загревање
Механичка стабилност
Електрична стабилност
Не содржат жива (Hg)
Ниска емисија на CO2

Максимална безбедност на водата и воздухот во новата болница

Во изградбата на новата болница на д-р Жан Митрев,  големо внимание и инвестиција се насочени  во системите за водоснабдување, ладење и греење, како и на навјажното во една здраствена установа  , хигиената.  Токму затоа е применета технолгијата на хепа филтрирање на воздухот, што значи максимална безбедност за пациентите и персоналот.

Водоснабдувањето е обезбедено со безбедосен електронски контролиран систем од фирмата  „Грундфос“, со превенција од евентуално загадување на чистата вода.

Направена е максимална заштита од можност на загадување на стоечката вода, со што е постигната и највисока превенција од  појава на микрозагадувања. Поставени се и електронски контролни станици за квалитет на вода. Чистата и канализационата вода се одвоени преку посебни цевни системи, сместени во стратешки поставени канали за да се избегне било каква хаварија во обејктот. За потребите на објектот се изведени 6 бунари за користење на подземна вода и три бунари за поврат на вода, со што максимално се користи енергијата од подземните води како обновлив извор на енергија, по што се враќа назад во природата, без да предизвика никакво негативно влијание врз животната средина. Во објектот се вградени инсталации за довод и одвод на вода преку цевен систем произведен по најсовремена методологија, со трослојни полиетиленски материјали, заради обезбедување на хигиенски проток и квалитетна вода, како и минимум губиток на топлинска енергија. Цевниот систем е со термичка заштита и обезбедува голема константност во одржување на топла и ладна вода, што во крајна линија штеди енергија за загревање на санитарна вода која е основен услов за непречено функционирање на објектот.

Системите за греење и ладење се изведени со максимална грижа за енергетска ефикасност и примена на ладилни греди како најсовремени системи и докажани системи кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди.

Доводот на воздух е преку клима комори во хигиеник изведба, што овозможува објектот да има чисти простори валидирани по највисоките стандарди за ваков вид на простори. Чистите простори се со класа А и класа Б.

Енергетскиот блок е со 100% резерва и целосна заштита со УПС, што исклучува било каков ризик од застој во работењето. Електроснабдувањето обезбедува континуиран струен напон за сите апарати кои се инсталирани во болницата. Распоредот на струјната мрежа е високо обезбеден со примена на специјални оргненоотпорни материјали за изолација на струјниот мрежен систем.

Зградата располага со информатичка мрежа чиј капацитет овозможува поврзување на целокупната ПЦ компјутерска мрежа, вклучувајќи ја медицинска апаратура, логистичката апаратура ( стерилизација, кујна и перална) медицински алармниот и пациент безбедносен систем (nurse call). Мрежата го покрива и  пристапниот влезен систем со електронска најава на влезните врати и видео болнички пропишаниот мониторинг.

Објектот е опремен со високо технолошки систем за ПП заштита обездимување што придонесува за максимална безбедност при евентуална евакуација. ПП вратите се од италијанско потекло и покрај заштитата на просториите на кои се поставени тие се и декор на истата бидејќи имаат интересен дизајн. Противпожарната заштита е максимално плански предвидена и изведена. Истото се однесува и за електронскиот паник систем, со планирани широки евакуациони траси не само за мобилните субјекти туку и за секој еден пацинет во болницата.

Ентериерот е со високо квалитетни материјали, линолеум и ПВЦ подови  од фирмат „ ТАРКЕТ“ , со антистатик обезбедување во секоја просторија каде што е тоа неопходно,  заради квалитетна работа на апаратурата која е вградена.

Ѕидовите се обложени со фиберглас и ПВЦ материјали, при што се користат висококвалитетни антибактериски бои. Таваните се исто така направени од антибактериски материјали.

Наскоро тимот на д-р Жан Митрев и во нова болница

Довербата на пациентите, обемната работа и се потесниот простор , беа најсилнате причини заради кои во 2013 година почна со градба новата зграда на болницата,  која ги има сите перформанси на модерна болница од светски ранг.  Уникатноста на градбата се воочува преку несекојдневниот спој на естетски обликуваната фасада која на централниот влез го поврзува македонското културно наследство со високата технологија на 21 век.

Поставена на земјишна површина од 9000 м2, со ефективна корисна површина од 17 000 м2, распоредена во сутерен, нулти кат , 3 ката и посебен кат за машинство. Карабината на објектот е изградена за неполни 4 месеци, на која и претходеше високо стручна обработка на земјиштето и максимално високобезбедна поставена хидроизолација.

Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден  да ги  задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето. За две години од карабина се изгради новиот објект според највисоките светски стандарди и норми за ЕКО – болничка зграда, т.н ЗЕЛЕНА ЗГРАДА. Објектот е од затворен тип, со комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух, се со цел за максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите.

Изграден е од армирано-бетонска конструкција затворена со фасада која има карактеристики на висока енергетска ефикасност и коефициент на пропустливост од 0.6. Фасадата е комплетна стаклена со плански изведена изолација за задршка на топлината и одржување на константна температура во објектот. Овој избор на фасадно решение обезбедува максимална дневна светлина. Посебно внимание е посветено на светлината и амбиенталноста на секој простор согласно намената на истиот, преку транспарентни и нетранспарентни делови на фасадата.

Чистиот воздух во објектот се обезбедува преку клима-коморен систем. Целокупната опрема е  набавена од светски реномираната фирма ТРОКС. Проектниот план на овој дел од машинството е креиран преку користење на  топлински пумпи и експолатација на енергијата од подземните води.  Според коефициент на пресметка 80% од затоплувањето и ладењето на воздухот во зградата се обезбедува преку енергијата од топлинските пумпи со што максимално се заштитува околната  и животна средина. Имплементирањето на овој систем  на објектот му дава  обележје на ЕКО зграда. За комплетна логистика постои и систем на гас (гасна станица) , како и систем на струја.

Продолжува успешниот тренд на третман на пациенти со структурни срцеви заболувања во Република Македонија

Бројот на пациентите со вродени структурни болести на срцето,  врз кои се направени интеревенции во нашата болница изнесува  531. Меѓу последните петмина кои беа неодамна интервентно третирани од страна на нашите интервентни кардиолози  д-р Иван Милев , д-р Вилма Ампова  и д-р Жан Зимбаков ,  беше и пет  годишниот  Д. А од Скопје. Неговите родители презадоволни од  работата на  лекарите и третманот на нивното дете од страна на нашиот тим.

„ Огромна благодарност до д-р Милев и сите кој беа околу нашиот син. Како родители пресреќни сме што заврши добро оваа наша неизвесност која трае од неговото раѓање. Тој имаше само 6 месеци кога на редовен преглед,  пред  да прими вакцина, му беше откриен шум на срцето. Докторката која прва го дијагностицираше  не испрати на детска  клиника .  Таму преку  ЕХО преглед ни потврдија дека има отвор помеѓу двете предкомори, отвор кој му е од раѓање. Веднаш ни посочија  да ни закажат во Бугарија термин , таму  да се направи интервенцијата , но ние сакавме да побараме и второ мислење.  Тоа беше во 2011 година, тогаш дојдовме тука во „Филип Втори“  кај д-р Милев,  кој  го прегледа нашето синче и ни ја верифицираше дијагнозата.  Разговорт со него не смири , ни рече дека  нема место за паника , дека не треба да се грижиме.  Препорача да почекаме да видиме дали отворот ќе се затвори сам или сепак по некое време ќе треба да се интервенира. Од тогаш на секој 12 месеци доаѓавме на контроли. Кога бевме последниот пат по прегледот на ЕХО  д-р Милев ни кажа дека е време да се затвори отворот, закажавме термин и ете гледате нашиот син е весел,  добар. Работите се завршија најпрофесионално, а ние после ова сме најсреќни родители.  Нашиот син се уште не знае за проблемт кој го имаше само му кажавме дека е овде во болница затоа што срценцето сега му го направија да му биде подобро. Како што не информираше д-р Милев за време на интервенцјата цело време бил стабилен , се надеваме дека како што расте нема да има никакви проблеми  “ изјави мајката на малолетниот Д. А.

За петгодишниот Д.А го прашавме и д-р Милев , кој е  првиот во Македонија кој пред  13 години ја направи првата интервенција  на  детско срце. Тој ни го изјави следното:

„Детето  имаше атријален септален дефект (ASD sekundum) тоа  е вроден отвор меѓу двете предкомори.  Интревенцијата помина добро,  поставена му е протеза на местото на отворот. По неполни 24 часа малиот пациент е пуштен од болница.  Истиот ден,  поточно истото попладне направивме уште 4 интервенции на пациенти со оваа дијагноза. Сите пациенти беа примени на пладне, испишани за дома следниот ден, со успешно завршени процедури и без компликации.

Трендот на амбулантско лекување на вродените срцеви дефекти продолжува. Во првите 2 месеци од оваа година планирани се десетина нови интервенции.

Како знаеме дека ни треба психотерапија

Како знаеме дека ни треба психотерапија

Барањето стручна помош не е знак а слабост туку знак на храброст

Прашањето дали да се оди на психотерапија и да се побара професионална помош, е прашање кое многумина ги оптоварува. Првиот знак дека ни е потребна психотерапија е кога сме се обиделе со се` што сме знаеле, но не функционирало, кога се чувствуваме подолго време разочарано, анксиозно или вознемирено, кога не сме во можност нормално да ги извршуваме обврските. Притоа, многу значајно е внимателно да се направи изборот на терапевтот.

Постојат бројни индикатори кои може да упатуваат на потребата за психотерапија. Тоа може да се проблеми во бракот, партнерството или семејството, може да е злоупотреба на алкохол или дроги, осаменост, депресија, сексуални проблеми, необјасниви физички симптоми, потешкотии со вработување, неможност за јасно поставување и исполнување на целите, ниска самодоверба, менување на живеалиште, загуба на блиска особа, проблеми со спиење, прилагодување кон одредена болест. Личноста може да доживува повторувачки проблеми, да се доживува дека е заглавена или да има чувство како постојано го губи тлото под нозе.

Мотивот да се посети психотерапевт е различен кај секој човек и зависно од тоа помошта може да биде во форма на поддршка, едукација, водење, себе-спознавање или можност да се научат нови механизми на справување со стрес.

Она што е битно да се запомни е дека барањето помош не е знак на слабост, напротив барањето помош е знак на храброст. Потребно е да не чекаме додека да станеме очајни. Проблемот или препреката полесно ќе ги совладаме ако ги `фатиме` на време. Одложувањето најчесто води кон нивно продлабочување и усложнување.