Студенти од УТМС наши гости

Успешната работа и одличните резултати во изминативе 16 години, од постоењето на Специјалната болница „Филип Втори“  беа една од причините за посетата  на новата болница од страна на  студентите од  Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при УТМС. Иницијативата беше нивна, бидејќи името на д-р Жан Митрев им било прва асоцијација за континуирано успешно менаџирање. Или како што истакна еден од студентите „Секоја чест и признание за човекот кој почнал со 5 вработени а денеска има еден импозантен објект и голем тим околу себе“. Студентите со нивните професори ги пречека медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева супспецијалист кардиолог, која преку интересно предавање ги информираше  за организацијата на работата во болницата и менаџирањето со човечките ресурси.

Предавањето предизвика интересни прашања од страна на професорите и идните академски граѓани.  Фасцинирачки  за нив  беше податокот што 220 вработени во болницата ги извршуваат своите работни обврски максимално професионално секој  дејствув во својата област,  а при тоа  не се менаџирани со посебна единица за човечки ресурси, туку тоа се прави  преку отворена  дискусија  и валоризација на  работата на секој поединец.

Студентите имаа можност да ја разгледаат и новата болница по оддели, да ја видат најмодерната дијагностика , ултра опремените оделенија за интензивна и полуинтензивна нега, апартманите,  лабораториите  , ресторанот.  Ова беше наша прва средба следната ќе ја оствариме со наше гостување на нивниот Универзитет.

Болницата од поинаков агол – ученици од QSI International School наши гости

На иницијатива на QSI International School од Скопје околу 100  деца со своите наставници и родители беа во посета на нашата нова болница . Идејата беше да се доживее болницата на еден поинаков начин од оној вообичаениот кога доаѓаме во болница како пациенти. Децата на возраст од 7-14 години ги поздрави д-р Жан Митрев, а прошетката низ болницата ја направи медицинскиот директор д-р Тања Анѓушева. Ентериерот, апаратурата, модерниопт изглед на болницата, специфичното осветлување, несекојдневните бои овозможија децата да се чуствуваат пријатно. Најинтересни им беа апаратите за дијагностика, компјутерот, магнетната резонанца. Со посебно внимание ги разгледуваа операционите сали, одделот за интензивно лекување и апаратурата во болничките соби. Поставија мал милион прашања на кои добија одговори.

„ Да се работи со деца е големо задоволство, посебна чест , тоа се прекрасни деца и многу ми е драго што беа наши гости. По разгледувањето на болницата  преку цртежите и пораките кои ни ги оставија можеше да ја видиме нивната експресија, реакција по разгледувањето на болницата. Како тие ја доживеале целокупната медицинска технологија. Идејата за посетата беше на училиштето, начинот и пристапот, да се прикаже дека здравјето е нешто навистина драгоцено , нешто кое што треба да се чува,  негува, дека болницата не е место од кое  треба да се плашиме туку дека е место каде што треба со задоволство да доаѓаме за да можеме навреме да ги спречиме потенцијалните заболувања кои може да ги добиеме во текот на животот. Тоа децата го сфатија многу добро преку игра и презентација адаптирана на нивната возраст“ , изјави д-р Анѓушева

Прошетката на децата низ болницата заврши со прикажување на  докуметарниот филм снимен на летниот камп во Струга инициран од страна на д-р Жан Митрев, во кои престојуваат  деца, наши пациенти кои се со вродени срцеви маани.

„Преку тој филм сакавме да им ја посочиме социјалната  работа на нашата болница. Овој камп го организираме неколку години по ред,  веќе традиционално во соработка со Црвен Крст  на Р.Македонија. Со цел да им се помогне на децата кои се со вродени срцеви мани,  како да се запознаат себе си,  како да научат да живеат со својата состојба, после третманот кој го добиваат (дали интервентен или оперативен) и како да сватат дека во суштина се здрави единки во општеството. Тоа го остваруваме така што во тој камп се организирани стручни предавања од страна на педијатар каде што и на родителите јасно им се објаснува кои се реалните ситуации со таа вродена срцева мана, како се третира, што значи таа мана по третманот и како да се живее со неа. Низ игра и секојдневни контакти всушност им се помага многу, за да сфатат што значи здравјето  и како да се живее здрав живот“, додаде д-р Анѓушева.

Децињата поминаа навистина убаво време разгледувајќи ја болницата, иако при нивното доаѓање на прашањето кој од нив сака да биде лекар потврдно одговорија едно-две, по заминувањњто од болницата за иден лекар се пријавија многу. Нивните впечатоци Ви ги пренесуваме преку цртежите и пораките.

Ден на добросостојба во средното интернационално училиште Нова

Средното училиште НОВА на 9-ти март организираше ден на добросостојба (Wellness Day) за своите ученици. Учениците од средното училиште имаа можност да земат активно учество преку партиципирање во различни семинари кои беа ориентирани кон различни теми. Фросина Ристовска, психолог од нашата болница, беше дел од овој настан преку оддржување на семинарот за Психолошки еквилибриум. Преку овој семинар учениците имаа можност да научат повеќе за важноста на зачувувањето на психолошкото и менталното здравје, да научат нови начини за менаџирање на анксиозноста, тагата и да развијат нови стратегии за зајакнување на самодовербата. Преку овој семинар беше ставен акцент на важноста на целокупната добросостојба како интегрална компонента во процесот на личен раст и развој на секоја индивидуа. Им благодариме на НОВА за залагањето за здравјето на младите луѓе, премиса во која имаме многу заедничко. Тимот на „Филип Втори“ и понатаму ќе продолжи со активности кои се наменети кон поддршката на заедницата и младите.

17 март ден на крводарителите и на Црвениот крст на РМ

Честитки од тимот на д-р Жан Митрев до сите крводарители по повод 17 март, денот кога нацијата се потсетува што значи дарувањето на крв и како тој хуман гест спасува илјадници животи. Воедно на Црвениот крст на Република Македонија, кој денес одбележува 71 година од формирањето му посакуваме уште многу успешни мисии во името на хуманоста. Од отворањето на нашата болница пред 16 години со ова национално друштво имаме континуирана соработка која продолжува и во годините пред нас.

Под мотото „Со позитивни мисли до поквалитетен живот“ одбележана Неделата на борба против кардиоваскулани заболувања

Во периодот од 22. до 26. Февруари, традиционално се одржа заедничка проектна активност со Црвениот крст на град Скопје и Специјалната болница „Филип Втори“ во склоп на Неделата на борба против кардиоваскуларни заболувања. Оваа година мотото беше `Со позитивни мисли до поквалитетен живот`.

Проектната активност се состоеше од три случувања кои беа реализирани од страна на психолозите Илија Дојчиновски и Фросина Ристoвска од одделот за психологија и психотераија при Специјалната болница за хируршки болести „ Филип Втори “. И овој пат, како и претходните години, реализиравме посета на тројца пациенти кои денес успешно се опоравени и се активни во својот живот. Споделувањето со нив и размената се нешта кои ни се голема поддршка за нашето целокупно работење. Втората активност беше со младите од Црвениот крст на град Скопје кои беа особено мотивирани да соработуваат во интерактивната работилница во која ставивме акцент на анксиозноста и депресијата во адолесценцијата, тема произлезена од желбата на младите да позборуваме за таа проблематика. Особено значајна беше и посетата на седум деца со Даунов синдром од здружението `Трисомиа` кај кои беше обавен кардиолошки преглед и им беа дадени соодветни лекарски совети за нивно понатамошно здравствено следење.

Во рамки на Неделата, исто така, заедно со Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар преку организирано возење на велосипеди и ролерки низ центарот на градот, волонтерите делеа едукативен материјал од болницата на случајните минувачи и нивно запознавање со целта на кампањата.

Ние како болница која е општествено одговорна ќе продолжиме со бројни активности наменети токму за превенција и унапредување на здравјето на нашето население.

Продолжува кампањата „За подобро здравје на шампионите“

Рекордерот Ангеловски на средба со д-р Жан Митрев

Минатогодишната  иницијатива на д-р Жан Митрев за медицинска поддршка на спортистите продолжува и оваа година. Љупчо Ангеловски 19 годишниот пливач кој неодамна  го собори апсолутниот рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри пеперутка, е уште еден спортист за чије здравје ќе се грижи тимот на специјалната болница „Филип Втори“. На денешната средба д-р Митрев му изрази потполна поддршка на младиот пливач. При тоа го информираше дека наскоро во новата болница ќе се прават генетски анализи преку кои спортистите ќе можат со максимална точност и прецизни податоци,  да дознаат на кој начин да тренираат и како да го развиваат својот телесен потенцијал за врвни резулатити. Еден од првите кому ќе му биде направена оваа анализа ќе биде и Ангеловски.

„Овие анализи се наменети за сите да ни помогнат во евентуалната превенција од некои болести кои се поврзани со нашата генетика, која храна одговара највеќе за подобра состојба на организмот, начин на живот и многу други параметри кои би делувале врз подобрувањето на  нашето здравје.  Покрај сите овие информации, овие анализи кај  спортистите овозможуваат и прилагодување на тренингот според  гените бидејќи сите ние имаме различни физички способности, но доколку знаеме дали сме експлозивни или издржливи можеме тренингот да го прилагодиме според нашите способности и на тој начин да постигнеме најдобри резултати. “ изјави д-р Митрев.

Ангеловски кој е матурант во скопската гимназија „Орце Николов“ ја изрази својата благодарност до д-р Митрев при што кажа:

„Спортот и медицината одат рака под рака , досега сум немал медицинска заштита од никого и верувајте дека сон на сеокој спортист е за неговото здравје да се грижи мдицинска установа како Вашата “.

Ангеловски новиот државен рекорд го постигна пливајќи ја делницата со време од 24 секунди и 78 стотинки. Интензивно тренира и се подготвува за ЕП во мај. Генетските анализи ќе им бидат направени и на нашите шампиони кик боксерот Димитар Ѓорѓиев и автомобилистот Игор Стефановски, кои се дел од оваа кампања.

Преку 1.500 гости на отворањето на новиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“

Колеги, пријатели, соработници, луѓе од сите фели во нашето општество но и од многу земји од светот беа дел од  огромниот број на гости кој дојдоа на отворањето на новата болница. Големиот углед и респек кој го има д-р Жан Митрев, неговиот тим и болницата „Филип Втори“ ,  ги собра овие луѓе на 1 март 2016 година. Официјалниот дел започна од 15.30 со сечењето на свечената лента,  а дружењето и прошетката низ болницата траеа до 20.30 часот. Секој од гостите имаше можност преку организирани водичи во групи да ја разгледа болницата и да добие информации за сите оддели и содржини во неа. Пред присутните беше емтуван документарен филм кој го опфати перидот од изминатите 16 години работа на Специјалната болница „Филип Втори“  , па се до денес. Вториот дел од филмот беше претставување на новата болницата која е една од најмодернте на стариот континент. Со својата музика програмата ја збогатија Калиопи и  Влатко Стефановски. Во продолжение следува богата галерија од отворањето на болницата