„Филип Втори“ учесник на „Интернационалната конференција за срце и мозок“ во Париз

Доктор Емилија Горгијева специјалист невролог во Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ активно учествуваше на 3-тата „Интернационална конференција за срце и мозок“ која се одржуваше во Париз, Франција од 25 до 27 февруари 2016 година, со постер презентација на тема:  “Електроенцефалографски наоди кај пациенти со Перзистентен форамен овале“.

Овој конгрес се одржува еднаш годишно, а д-р Горгијева беше единствен претставник од Македонија покрај многуте земји учеснички  од целиот свет. На конференцијата свои излагања имаа познати доктори и професори од САД, Израел, Полска, Франција, Германија, Шпанија од кои учесниците на конференцијата имаа можност преку едукација да слушнат за новитетите од областа на неврологијата и кардиологијата.

Донација од фирмата Lochmann i Rauscher за новата болница

Претставници на реномираниот австриски производител на медицинска опрема Lochmann i Rauscher (L&R) на д-р Жан Митрев му предадоа донација во вредност од 10.000 евра. Истата се состои во материјали за третман на рани и апарат за вакум третман на рани кој ќе бидат користени во новата болница. Континуираната соработката помеѓу  специјалната болница „Филип Втори„ и  производителот L&R постои неколку години. Нашата болница уште од својот почеток, а и сега во новиот објект продолжува да ги користи најдобрите медицински материјали неопходни во лекувањето на пациентите со гангрена и хронични рани.

Свечено отворање на новиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“

Не случајно избран датум,  не случајно избрано време  01.03.2016, 16.00 часот. Се отвори една од најмодерните болници во Европа, новиот објект во кој ќе работи д-р Жан Митрев со својот тим. Точно пред 16 години  кардиоваскуларниот хирург д-р Жан Митрев ја направи првата бајпас операција во Македонија. Честа со д-р Митрев да ја отвори болницата ја имаше првиот опериран пациент г-динот Коста Шапков. На свечениот чин присуствуваше државниот врв, видни личности од општествено-културниот и политичкиот живот во земјава, како и врвни лекари од многу земји од светот. Д-р Митрев на своите гости им ја претстави болницата преку прошетка низ катовите, разгледување на просториите и на се она што значи последен збор на медицината применет преку  највиски стандарди во работењето. Во продолжение следува фотогалерија од овој дел на отворањето.