Учество на 65-от Европски конгрес за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија

На 65-от Европски конгрес за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија, кој се одржа во Белград, активно учество земаа и три медицински сестри од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори”.  Анета Смолиќ со предавање на тема „  Комбинирана – Епидурална (КСЕ) и лесна општа анестезија кај елективни операции на аневризма на инфраренална аорта“ , Мишела Јанковска на тема „ Церебрални компликации во кардиохирургија на интензивна нега“  и Драгана Владичевска на тема „Crush интубација“ . Истите се здобија со сертификати за успешно положен ILS PROVIDER COURSE. На овој  конгрес свои предавања имаа врвни  професори и доктори од: Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Бразил, Унгарија, Италија, УСА, Германија, Полска, Бугарија, Србија, Русија и Република Чешка.

„Филип Втори“ во континуирана поддршка на спортот и здравиот начин на живот

Во пресрет на престижниот спортски настан традиционалниот „ Скопски маратон 2016 “ , на дел од маратонците им беа направени комплетни здравствено контроли во Специјалната болница „Филип Втори “. Академик д-р Жан Митрев покрај постојаната помош која им ја дава на болните , со својот став за здравиот начин на живот никогаш не ги заборавил спортистите професионалци, но и рекреативците .

„ Според резултатите од кардиоваскуларните прегледи кои вклучуваа ЕХО, ЕКГ како и стрест тест, маратонците покажаа дека се подготвени да ја истрчаат патеката која бара добра кондициона подготовка  заради должината на истата. Учесниците на маратонот кои денес ги прегледавме се луѓе кои внимаваат на своето здравје преку практикување на секојдневната физичка активност и  здравиот начин на живот, без оглед на нивната возраст. Во тој правец треба да размислуваме сите“. Ова го изјави д-р Планинка Зафирова специјалист интернист која беше ангажирана околу прегледите. Иницијативата и изборот на овие маратонци е од страна на агенцијата „ КМГ Спорт“  и брендот „Бауерфаинд“,  според најсилната мотивациска приказна која тие ја раскажаа како причина за учество на утрешниот маратон.

„Филип Втори“ како општествено одговорна компанија ( за што минатата година доби и признание од Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија) континуирано дава свој придонес во промоција и примена на здравиот начин на живот кој треба да биде императив за целата нација. Скопскиот маратон е од меѓународен карактер и е во организација на Сојузот на спортови на град Скопје. Од 2008 година патеката по која се трча има сертификат од Асоцијацијата за маратони и улучни трки со што се признаваат сите резултати и рекорди. Се оранизираат неколку трки во кои се вклучени учесници од различни генерации. Тимот на д-р Жан Митрев им посакува среќа на сите учесницина на оваа најмасовна спортска манифестација во Р. Македонија.

„ Со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ , исклучителната стручност на овие лекари не спаси , живи сме, ние сме сведоци што значи преглед кај вистински професионалци “

Во ист ден примени во ист ден пуштeни од болница , цимери 23 дена на одделот за интензивна нега , во не така лесен дел од животот. Миле Величковски 69 годишен кумановец и 34 годишниот Александар Костески од Кичево. Тие се дел од многуте наши пациенти кои со нивните приказни од животот само потврдуваат што значи навремен преглед и правилна дијагноза. Прв ни раскажува чичко Миле од солзи не може да зборува , но продолжува… „ Дојдов овде на преглед не знаев дека сум имал опасна болест. Истиот ден неколку часа пред прегледот во разговор со соседот се прашував дали да дојдам на лекар или да не си трошам време заради еден засилен секерт т.н шлајм од нос и грло, кој го имав подолг период. Сестра ми беше упорна , инсистираше да заминам на преглед. Реков ќе ја послушам , пред тоа си бев во маркет си испазарив, се натоварив , но не чуствував ништо необично. Кога ме прегледа д-р Анѓушева имаше што да види, по ехо наодот , веднаш ме упрати на коронарографија, резултатите од неа покажаа огромно оштетување на митралната валвула , она што итно следуваше беше операција. Бев зачуден од наодот, да јас не играв фудбал пред да дојдам овде , но немав никакви симптоми ништо, а колку ми била сериозна ситуацијата , повеќе од критична. Секојдневно пешачев по 5 км никаков замор не сум почувствувал, ниту болка, потешкотија ништо. Најлошо е кога човек не чуствува ништо, а срцевите болести се такви, зли,сокриени, подли само ќе те урне и толку. Исклучителната стручност на овие лекари ме остави во живот, да не си ја знаеа работата одамна ќе бев на оној свет. После операцијата морам да ја истакнам максималната нега на сите сестри и доктори овде, на целокупниот персонал. Никогаш во живот никој не ми посветил не ми дал толкава нега . И сето тао внимание покрај навремената дијагноза и операција ми даде уште поголема поддршка, мислам дека тоа придонесе многу побрзо да закрепнам. Најголема благодарност до овие луѓе, овие спасители, врвни стручњаци . Ако чекав на редовен термин во болница никогаш не ќе дочекав , ќе бев мртов “, низ солзи ни раскажува Радичковски. Александар за разлика од чичко Миле почуствувал болки… „ Сите дома прележаа и грип и вируси, не само домашните, туку и од пошироката фамилија, само јас останав негибнат. Вечерта , ден пред да дојдам овде добив напад на бубрег, не знам , ме однесоа во болница во Кичево ми дадоа некоја инфузија, болките престанаа и заминав дома. Половина час спиев, па се разбудив со нови болки, силни стегања во градите , потешпкотии во дишењето . Со возило на брза помош ме пренесоа од Кичево во Окрид во кардиоваскуларниот завод , таму престојував едно 12 часа, првично ми ги смирија болките и ми посочија за проблемот. Побарав да дојдам тука, затоа што во 2003 овде сум правен операција на срцето, а причина за мојата моментална состојба како што ми кажаа била бактериска зараза на срцето . Кога ме примија во „Филип Втори“ многу убаво ми ги објаснија сите солуции кои можат да се применат да се надмине таа состојба. Ми соопштија дека може да дојде и до интревенција, или операц ија заради присутноста на таа бактерија . Но благодарение на брзата и правилна реакција и третман на лекарите не отидов под нож. После три недели си одам дома. Успеав да спасам само со редовна терапија која ми ја даваа , со лекарства , со антибиотици. Мислам дека друштвото на чичко Миле и на уште еден пациент овде во собава ми помогна да поминам добро и побрзо да излезам од кризата. Јас сум во принцип позитивен човек и во најтемното гледам светлина. Презадоволен сум презадоволен од односот на персоналот.“ И додека Александар раскажува, чичко Миле од својот кревет додава „Ве молам таму со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ „

Отворен оглас

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори” Скопје, има потреба од вработување на следниве профили:

1. Лекар специјалист кардиолог
2. Лекар специјалист интернист
3. Лекар специјалист гастроентеролог
4. Лекар специјалист уролог
5. Лекар специјалист по трудова медицина
6. Лекар специјалист по медицинска генетика
7. Магационер
8. Болничар
9. Mедицинска сестра
10. Aдминистратор
11. Готвач
12. Келнер
13. Хигиеничар
14. Шофер
15. Правник
16. Сервисер на медицинска опрема

Заинтересираните лица да поднесат CV лично до организаторот на Болницата или на e- маил info@filipvtori.com