“Филип Втори” – Специјализиран центар за женска реконструктивна пелвична хирургија

Голем број на луге мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава кај мал број на постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно повремено испуштање на урина , а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно презнење на цревата.

Голем број на жени не бараат медицинско решение за оваа нивна состојба поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Нашиот центар е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:

– Уринарна инконтиненција ( неволно испуштање на мокраќа)
– Фекална инконтиненција ( неволно испуштање на гасови /столица)
– Спуштање на гениталните органи
– Интерстицијален цистит
– Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Терапијата на горенаведените состојби може да е хируршка и не- хируршка. Ние , лекарите од „ Филип Втори“ имаме индивидуален пристап кон секој пациент и го спроведуваме третманот според најновите ставови во медицината, со најсовремена опрема и секако според потребите и желбите на секоја жена.

Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодвета високо специјализирана медицинска помош.

Препознајте ги своите симптоми

1 Дали се случува несакано да испуштите урина кога кашлате, кивате, трчате, се смеете, носите товар или при сексуален однос ?
2. Дали ви се јавува силна желба да мокрите, па да испуштие урина пред да стигнете до тоалетот, или мокрите секој час во текот на денот, па дури станувате и навечер да мокрите ?
3. Дали случајно (несакано )испуштате гасови или столица , барем еднаш во текот на неделата или имате силна желба за дефекација, па се случува да испуштите столица пред да стигнете во тоалет ?

4. Дали забележувате испакнување ( топче) кај вагината при бањање?

5. Дали мора да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате ?

7. Дали чувствувате притисок и тегнење кај вагината кој се намалува и се губи откако ќе легнете ?

Доколку одговорите со да на било кое од горенаведените прашања, закажете преглед со нашите специјалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.

Д-р Енвер Идоски предавач на Првиот македонски конгрес по орална и имплантна хирургија

Со предавање на тема „ Профилакса и третман на ендокардит“ д-р Енвер Идоски супспецијалистот кардиологкој е дел од тимот на д-р Жан Митрев се обрати пред многуте присутни на Првиот македонски конгрес по орална и имплантна хирургија. Зад организацијата на конгресот се потпишува Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија, при Македонското стоматолошко друштво . Конгресот беше меѓународен карактер со учествуво на предавачи од повеќе европски земји меѓу кои и Германија, Унгарија, Италија, Словенија, Шпанија, Холандија, Англија, Турција како и гости од Дубаи. Темите кои беа застапени на овој конргес се од областите на оралната хирургија, имплантаната хирургија, коскена и мекоткивна реконструкција, трансфузиона медицина, 3D дијагноза и планирање , компликации.

Тимот на д-р Жан Митрев медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија

Тимот на д-р Жан Митрев од денеска е медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија. Македонските репрезентативци во сите категории: кадети , јуниори, младинци, сениори ( во машка и женска конкуренција) ќе добијат врвна здравствена контрола и дополнителен третман доколку се појави проблем со некој од репрезентативците.
Ова го потенцираше д-р Жан Митрев на денешното официјализирање на оваа соработка преку потпишување на договор со претседателот на КФМ кошаркарската легенда Петар Наумовски. Ова не е прв пат Специјалната болница да биде заедно со најдобрите македонски кошаркари.
Само за потсетување во 2011 година кога кошаркарите го постигнаа најдобриот резултат на сите времиња во колективните спортови во Македонија, 4 –то место на ЕП, за нивното здравје беше задолжен исто така тимот на д-р Жан Митрев. Тој како лекар дава несебична поддршка на сите генерации спортисти, во различни спортови , со што сака да ја потенцира здравиот начин на живот како избор на сите генерации. Оддруга страна и одговорноста на секој од нас како поединец за доброто на колективот- државата.

„Филип Втори“ учесник на Шестиот Меѓународен Конгрес на Фармацевти во Охрид

Во период од 01-05 јуни 2016 година во „Метропол езерски комплекс“ во Охрид беше одржан Шестиот Конгрес на Фармацевти со меѓународно учество на тема: „Современиот фармацевт – мост меѓу науката и практиката“ . Во научната програма беа вклучени пленарни предавања, усни и постер презентации на кои беа изнесени новите современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната практика, со цел збогатување на знаењето и размена на искуства.

Претставник од тимот на д-р Жан Митрев беше фармацевтот Емилија Костоска со постер презентација од областа на клиничка биохемија на тема: “Улогата на срцевите маркери во дијагноза на акутен миокарден инфаркт и ангина пекторис.“
Предавачи беа еминенти професори и научници од Србија, Германија, Словенија, Полска, Швајцарија, Франција, Австрија, Велика Британија.
Домаќини на овој Конгрес кој се одржува на секои четири години беа Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје.

Д-р Тања Анѓушева предавач на Меѓународната конференција “Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“

Медицинскиот директор на специјалната болница „Филип Втори“ д-р Тања Анѓушева имаше предавање на Втората меѓународна конференција „Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“. Темата со која се обрати д-р Анѓушева беше насловена „ Генетиката, спортот и квалитетот на живот“. Во неа беа опфатени сегментите , причините и последиците од можностите кои ги нудат генетските испитувања кај спортистите. Првенствено во подобрување на квалитетот на живот до крајната цел постигнување на најдобри резултати . Наскоро тимот на д-р Жан Митрев ќе започне со овие испитувања со што нашата болница ќе биде прва во регионот и пошироко која ќе ги нуди генетските анализи за спортистите но и за сите кои сакаат подобро здравје. На конференцијата учествуваа видни експерти од повеќе европски земји , Шпанија, Германија, Словачка , Романија како и од земјите кои некогаш беа во составот на СФРЈ . Организатор е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поточно Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, а истата завршува утре.

Трикратниот светски шампион Горгиев од д-р Митрев доби МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ

Три пати злато за свои 20 години, светските височини беа негови на секое учество од 2011 до денес. Но желбата на шампионот во кик бокс Димитар Горгиев да се биде најдобар  на стариот континент се уште ја има сребрената боја.  Интензивните подготовките за следното ЕП ќе започнат наскоро, а добриот тренинг, дисциплинираноста и мал милион причини ќе влијаат на резултатот. Кон целта  да биде најдобар во Европа, на Димитар ќе му помогне д-р Жан Митрев со својот тим. Имено врвните професионалци кои се задолжени за исхраната  и подготовка  на храната во болницата, ќе направат специјало мени за Димитар – МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ. На денешната средба помеѓу д-р Митрев и светскиот шампион беа договорени деталите согласно потребите на Димитар за храната која му е неопходна пред големи натпревари, бидејќи борбите во кик боксот  максимално ја трошат  енергијата на спортистот. Од страна на д-р Митрев на Георгиев му беше посочено дека ќе му биде изработено специјално листа на исхрана  со сите неопходни намирници кој ќе му помогнат да се задржи својата психо физичка кондиција на саканото ниво . Во нашата болница како што истакна д-р Митрев се изработуваат менија за различни потреби на здравите луѓе,  но и на оние со здравствени проблеми. Новина е ова МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ, кое ќе го промовираме преку Димитар. Огромни зборови на благодарност за подршката од д-р Митрев упати трократното златно момче од Неготино,  кое рече дека нема друг начин да се заблагодари  освен да освои злато. Во што искрено верува и д-р Митрев кој континуирано ги поддржува спортистите. За таа цел лани по негова иницијатива започна  кампањата „За подобро здравје на шампионите“, а еден од шампионите во неа е и Димитар Георгиев.