Учество на Iskra Medical Distributor Meeting во Словенија

Во периодот од 20.05.2017 до 23.05.2017 се одржа Iscra Medical Distributor Meeting во Блед, Словенија, на која учествуваше Никодин Велјаноски, спец.физиотерапевт од тимот на физиотерапевти од болницата Жан Митрев, а на лична покана на сопственикот на Iscra Medical d.o.o. г-дин Јоже Јеленц. Пред присутните учесници на средбата Велјаноски имал свое излагање на тема: Functional Magnetic Stimulation at ICU patients – Our Experiences. „Покрај големиот број на излагања на присутните гости околу искуствата со апаратите за физикална терапија на Iscra Medical, одлично беше да се зборува за искуството со Tesla Stym апаратот за функционална магнетна стимулација на интензивна нега кое што искуство е ексклузивитет во нашата болница.Чест и задоволство е да се каже дека гостите кои беа присутни, од повеќе земји како САД, Кина, Италија, Франција, Индија,Чешка, Полска, Албанија изразија огромно задоволство за излагањето“, рече Велјановски. Учесниците и организаторите покажале голем интерес за болницата, услугите и начинот на работа во сите оддели.

ZAN MITREV CLINIC и Интернационалната градинка Pikolini во мисија за здрави деца

Грижата за здравјето на сите, од било која возраст е приоритетна мисија на ZAN MITREV CLINIC.  Mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух, како определба поттикнува  здрава исхрана и здрав начин на живот кој треба да се негува уште од најмала возраст. Во таа насока е и најновата соработка на ресторанот “Пулс“ кој функционира во Zan Mitrev Clinic со Интернационалната градинка Pikolini, како синоним за највисок стандард во сферата на згрижување и едукација на децата. Под мотото “За Здрави Деца со Здрава Исхрана“во тек е реализацијата на соработката за  воведување на здрава исхрана во градинкaта.

За најмладата популација тимот на професионални готвачи во болницата, согласно потребите и возраста на децата изработи т.н. скроени менија. Искусните готвачи од ресторанот “Пулс“ од ZAN MITREV CLINIC, секој ден, приготвуваат дневни оброци од одбрани и свежи продукти, а кои преку кетеринг услугата на ресторанот, навремено се  служат на децата од градинката.                                                                                                                                                                                 Избалансирана исхрана и стекнување здрави навики  од мали нозе е главната цел  на оваа заедничка соработка која треба да постигне и општествен импакт, да испровоцира вклученост и од други релеватни фактори. Затоа што проблемот со нездравата исхрана и дебелината кај децата е аларманта, светска тенденција која треба да се менува. Pikolini и Zan Mitrev Clinic отпочнаа да го спроведуваат тоа преку воведување на здрава исхрана и здрави животни навики во градинката, онаму каде децата поминуваат најмногу време од денот и каде ги стекнуваат своите навики и го градат погледот на светот.

Соработката е интердисциплинарна од едукативен и информативен карактер за најмалите. За нив ќе се организираат различни работилници и наменски настани, каде ќе треба да осознаат повеќе за нивната улога при водење на здрав живот преку исхраната и здравите животни навики.

СЕМАФОР НА ЗДРАВА ИСХРАНА
ГОТВИМЕ СО НАЈМАЛИТЕ “ШЕФОВИ“
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО И ОРГАНИТЕ
ЦРТАМЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
КАМПАЊА- ДА СЕ ХРАНИМЕ ЗДРАВО

Ова се само дел од активностите кои треба да придонесат за здрава исхрана и правилен развој на децата и градење на свест за здрава исхрана.

“Во животот тежнееме кон среќа, но без здравје неа ја нема. Здравјето е основа на квалитетен живот“

д-р Жан Митрев, кардиоваскуларен хирург

“Односот кон храната е истовремено цивилизациски пристап на една личност. Храната е јадење, терапија, лек за организмот и убавина на едно дете. Наша животна мисија е заштита и одржување на здравје, негувани деца и нивен долг и здрав живот“

м-р. Марина Сивакова Тасков и проф. Бисерка Реџиќ Мухиќ.

Оглас за вработување

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Потребни квалификации:

Лиценца за обезбедување на лица и имот
Возраст: до 30 години
Познавање на англиски јазик. Познавање на други јазици е предност.
Возачка дозвола Б категорија

Вештини и способности:

Одлични комуникациски способности
Одговорност и лојалност
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: info@filipvtori.com Ве молиме во предметот на пораката  задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Огласот e објавен на 29.05.2017 година и ќе трае до 05.06.2017 година.

Врачена наградата ”SEE Personality 2017” на д-р Жан Митрев во Берлин

На 25 мај, 2017 на  отворањето на Филмскиот фестивал на Јуигоисточна Европа- SEE FILM FESTIVAL, д-р Жан Митрев ја прими престижната награда “SEE Personality 2017” или “Личност на ЈИЕ“ во доменот на европските интеграции на регионот.

Наградата која ја доби д-р Митрев претставува валоризација на неговата визија за обединета Европа. Ова беше потврдено и од организаторите на фестивалот кои му ја врачија наградата и искажаа благодарност за неговиот голем придонес за европеизација на Југоисточниот регион преку исклучителната професионалност и кариера.

На отворањето, пред елитната германска и европска публика, во присуство на сите амбасадори на земјите од регионот, беа доделени и наградите за животно дело:„Легенда на ЈИЕ“ на светски познатиот синеаст од Белград  Душан Макавејев, Гран при „Актер на ЈИЕ“ на Јон Карамитру од Букурешт, „Европа Прима“ на Аделеид Фајке – главниот уредник за Балканот на Дојче Веле.

Фестивалот се организира на две локации, Берлин и Париз, во чии рамки ќе се прикажуваат 15 филмови од исто толку земји од регионот, во Берлин 25-28 мај 2017, а од 31 мај-03 јуни, 2017 во Париз. Во официјалната конкуренција претставник на Р. Македонија е филмот „Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, за кого владее голем интерес кај берлинската публика.

Д-р Жан Митрев е добитник на престижната награда ”SEE Personality 2017”

Вечерва, на отворањето на Филмскиот фестивал на Јуигоисточна Европа- SEE FILM FESTIVAL, д-р Жан Митрев ќе ја прими престижната награда “SEE Personality 2017” во Берлин. Тој беше номиниран и избран за Личност на Југоисточна Европа за 2017 година, базирано на неговата исклучителна професионалност и кариера и големиот придонес при европеизација на Југоисточниот регион во Европа. Оваа награда преставува валоризација на визијата на д-р Жан Митрев за обединета Европа, потврдија од организаторите на Филмскиот Фестивал на Југоисточна Европа, каде претседател е Јордан Плевнеш.

Овој фестивал се организира на две локации, Берлин и Париз. Ова е 3-то издание на SEE FILM FESTIVAL во Берлин (25-28 мај 2017), во чии рамки ќе се прикажуваат долгометражни и кратки играни, документарни и анимирани филмови од ЈИЕ. Додека пак од 31 мај-03 јуни, 2017 со посебна програма ќе се случува 7-мо издание на овој фестивал во Париз. Во фестивалот се вклучени земјите од ЈИЕ, покрај Р.Македонија, Турција, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Босна и Херцеговина, Кирап, Унгарија и Молдавија, а е во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, односно ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.

Хуманоста и срдечноста е круна на стручноста на нашиот д-р Митрев

Пациентите имаат посебно место во животот на еден доктор. А кога некој искрено и со љубов го прави тоа, се грижи за нивното здравје дури и по заминување од болницата, тогаш се работи за исклучителност, инзворедност… За тоа нѝ зборуваа и потврдија нашите пријатели на кој го посветивме овој текст, а бевме почестени од нивната посебност, смиреност, енергија…

Сончевото утро навестуваше убав ден… Тргнавме кон охридско, кон манастирскиот комплекс во с. Лешани, единствениот во Македонија и Балканот посветен на Сите Светии.. Заминавме да ја посетиме мајка Илинка, како што ја нарекуваше персоналот од болницата, а која неодамна имаше операција на жолчката. Како што наближувавме до манастирот, водени по тесно алфалтирано патче низ густа шума, така енергијата која ветуваше смиреност и спокојство добиваше во интензитет. Влеговме во дрвената порта, која потсетуваше на византиско време, а камбанаријата која беше централно поставена од портата, тоа само го потврди… Ова беше стар манастир…Од 15 век, тоа ни го потврдија домаќините…Мајка Илинка и отец Вартоломеј, единствените во овој манастир…

“Добро ни дојдовте“, не пречека милозливиот глас… И додека се поздравуваме, дојде и отец Вартоломеј. Како што е редот заминавме на миропозамување во големата црква. Нѝ раскажа за историјата на црквата, за реставрацијата која се уште трае, но и за нивната посветеност кон одржување на овој комплекс кој изобилува со духовен мир и спокој. Големата црква воодушевува со богатиот фрескоживопис и чудотворната икона со Сите Светии. Ги забележавме и „Страшниот суд“ и „Второто Христово доаѓање“ во чија композиција се објаснети пеколот, рајот и соборот на сите светии – царството небесно. Посебно се задржа на изградбата на новата црква посветена на Покров на Пресвета Богородица и божјото чудо кое се појавило непосредно пред да почнат со градбата…  Се префрливме во манастирскиот конак каде ни понудија топол чај и локум за добредојде. Продолживме со разговорот, за состојбата на пациентката која неодамна беше оперирана од д-р Јован Мирчевски, абодоминален хирург, субспецијалист во ZAN MITREV CLINIC. Ни кажа дека се чувствува добро, дека има незначителни болки, но и дека ги следи упатстава на специјалистите. “Со д-р Жан Митрев се запознавме пред 2 години кога имав здравствени проблеми со срцето. Инсистирав да ми закажат преглед кај него, бидејќи само во него имав доверба. Откако ме прегледа ми кажа дека со срцето е се во ред… Но, ете требало пак да дојдам кај вас во болницата“, почна м.Илинка. Откако почувствувала болка во жолчката се јавиле во болницата и закажале преглед кај д-р Здравко Стојковски. Поради итноста на ситуацијата веднаш била направена операција од страна на д-р Јован Мирчевски.  “Прифатив без двоумење, за  се успешно и за кратко време да се заврши. Голема благодарност за целиот персонал кој плени со љубезност, но и од целокупната организација во болницата. Најголема благодарност за д-р Жан Митрев за неговата хуманост, тој е исклучителен професионален, но и прекрасен како човек, многу ведар и позитивен, “дополни Илинка.

“Пред да го запознаме д-р Жан Митрев, за него и неговите дела слушавме од наши пријатели, а тоа сега и лично го потврдивме. Воодушевени сме од неговата великодушност, добросрдечност, хуманост, човекољубивост и богољубивост. Ретки се такви умови, такви срца со толку високи и длабоки знаења и кои така искрено се посветуваат на човекот и на човештвото бидејќи во денешно време, повеќето гледаат низ призмата на користољубието“, започна отецот Вартоломеј.. Восхитен е и од болницата која пред да влезе ја замислувал како едно големо срце коешто зрачи со љубов. Тоа го почувствувал, како што ни потврди, не само од надворешноста, туку и во внатрешноста на објектот. “Од секој агол како да извира позитивна енергија и љубов, се чувствува енергијата која ја пренесува д-р Митрев насекаде, и во објектот и кај персоналот. Кај нив изобилува љубезноста, културата, како меѓусебно, така и со пациентите, воодушевени сме “, дополни отец Вартоломеј. На крај, сакаше да потенцираме дека д-р Митрев е голем божји дар не само за Р.Македонија, туку и за Европа. “Добрите дела и хуманоста на д-р Митрев ги претстави како круна на неговата работа.

Поминавме исклучителен ден во овој духовен храм, а не поканија да бидеме нивни гости на манастирската слава на празникот на Сите Светии, кој годинава е на 11 јуни. А, овде секој кој го почувствувал тој духовен мир и благодатта Божја, повторно би посакал да се врати.