Ресторанот “Пулс“ учесник на ФЕСТИВАЛОТ ЗА ОРГАНСКА ХРАНА

Колачиња од интегрално брашно и суво овошје, земички од јачменово брашно, интегрални стапчица, кокос штангли со семиња и суво овошје, како и бомбици од кикирики, семиња и овошје беа дел од поставката на ресторанот “Пулс“, кој учествуваше на Фестивалот за органска храна, што се одржа во паркот “Жена-борец“ во Скопје. Изложените производи побудија интерес и собраа заинтересирани посетители на нашиот штанд, каде можеа да добијат повеќе информации и за начинот на работа на ресторанот, за подготовката на храната, но истовремено и да се информираат за услугите на Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ, преку брошурите кои беа дел од поставката.

На овогодинешниот фестивал, кој беше со мото “Да ги победиме лошите навики-градиме здрава, зелена и органска иднина“ се промовираа органски производи, но и услуги во чиј фокус е здравата исхрана и здрави животни навики. Покрај ресторанот “Пулс“, учествуваше и интернационалната градинка “Пиколини“, со кои имаме успешна соработка во приготвување на оброци за децата. Во рамките на настанот покрај дегустирање на производи, за помладите се организаираа едукативно-креативни содржини, како и забавна програма со музика, но и спорт и рекреација. Различни содржини на едно место кои треба да придонесат кон градење на перспективна, одржлива иднина за органска Македонија.

Резервирана доверба единствено за докторите од оваа болница

Мусли Незирај (1955) од Косово сакаше да ја овековечи со фотографија средбата со неговиот доктор, Горан Јовиќ,  хирург – уролог во Специјалната Болница ЖАН МИТРЕВ. Беше дојден на контролен преглед по неодамна извршената и успешна операција на простата. Д-р Јовиќ објасни дека се е во ред после операцијата при што се извадени и 10-ина камчиња од мочниот меур и му даде препораки за понатаму. Нѝ објасни дека во нашата установа се користат два начини за извршување на вакви интервенции.“ Кај пациентот беше применет класичен метод. Тоа е класична, трансвезикална простатектомија, што значи дека пристапот до простата е преку мочниот меур. Вториот метод кој се користи при вакви случаи е трансуретрална ресекција на простата со биполарна струја( ендоскопска метода) што значи дека пристапот е до уретрата“, објасни д-р Јовиќ.

Незирај е наш пациент кој пред 10 години имал операција на срце со вградени 2 бајпаса и како што вели оттогаш, до сега немал никакви проблеми со срцето. “И пред 10 години и сега јас сум презадоволен од стручноста, професионалноста и љубезноста на целиот персонал“. Иако има неколку болници и клиники во Косово неговата доверба е единствена.“ Само во оваа болница сум сигурен да го доверам животот на некој друг. Благодарам на д-р Јовиќ што само по 10 дена хоспитализација јас сум способен да продолжам нормално да си живеам, без болки, без проблеми“, дополни тој.

Тој има посебни емоции и спомени кон Скопје, затоа што овде бил на отслужување на воениот рок. Вели дека препорачува на секој кој има здравствен проблем и е во  можност

Среќа е за регионот што ја имаме оваа болницата

Хамдуше Хиси Шерифи (1967) беше сместена на полуинтензивна нега и ги слушаше препораките од физиотерапевтот за побрзо закрпенување после операцијата на срце. Пред да биде хоспитализирана во болницата ЖАН МИТРЕВ деноноќно се “борела“ со пречките во дишењето, упорните болки во градите, проблем со движењето…  “ Фала му на бога, имало спас за моите болки, кои беа неподносливи“, започна со својата приказна пациентката од Јужна Србија на која од клиниката во Дедиње, Белград ѝ закажале операција за после 4 месеци. “ Мислев дека ќе мора да се измачувам со болките уште 4 месеци, а тоа немаше да го издржам. Тогаш се посоветував со мајка ми која е ваш пациент и која имаше коронарна операција пред 4 години, со позитивно искуство од вашите услуги“, додаде таа. Нејзината мајка  и препорачала веднаш да се јави на преглед и за неколку дена таа веќе имала закажана операција кај д-р Жан Митрев. Со вградени 3 бајпас пред 2 дена, таа веќе има позитивен поглед кон животот, се радуваше што ќе се врати на секојдневните обрвски, без болки и проблеми со здравјето. Задоволна од успешно завршената операција и целокупната грижа и нега од персоналот, таа правеше планови за нејзино заминување дома, за средба со нејзиното семејство. “ Сакам да им препорачам на сите да се јават веднаш на доктор кога ќе имаат некој здравствен проблем. Колку порано, толку полесно, а и побрзо ќе се реши проблемот“, додаде Шерифи.

Tумор на бели дробови

Туморите на бели дробови се се почести во секојдневието. Тие се втората водечка причина за смртност кај машкото население  (до 51% и трета причина за смртност или до 34% кај женската популација) според податоците на Светската здравствена установа.

Ова заболување започува подмолно без некои евидентни симптоми и знаци.Во моментот кога се појавува градна болка и кашлица, губиток на телесна тежина, најчесто болеста е веќе широко распространета и е поминат стадиумот кога само оперативното лекување може да значи излекување на пациентот.

Што доведува до ова заболување? Пушењето и пасивното пушење корелираат со инциденца на појава на заболувањето до 65%. Втора причина е загадувањето на воздушната средина, посебно места каде има радон, азбест, честите респираторни инфекции и секако вродената генетска предиспозиција кај секој човек. Затоа, во САД за секоја индивидуа која пуши задолжително е да се прави компјутерска снимка на белите дробови еднаш годишно, дури и за оние кои престанале со пушење, а при тоа периодот на непушење не им е поголем од 15 години, се прави компјутерска снимка еднаш годишно.

Ќе Ви презентираме приказ на случај на 69 годишна пациентка, која година дена наназад се жалела на сува кашлица, гушење, отежнато дишење и болки во градите. Од ризик фактори- 25 години активен пушач.

Кај пациентката е направена ртг снимка на бели дробови и после верифицирање на голема тумурозна формација во левото белодробно крило индицирано е да направи биопсија под компјутер. Резултатите од истата биле во прилог на аденокарцином на бели дробови. Имајќи во предвид дека процесот бил доста напреднат и проследен со наголемени лимфни јазли, кај пациентката прво биле спроведени 4 циклуса на хемиотерапија.

Контролниот компјутер покажа ограничување на процесот во горен дел апикален сегмент, посебно кон предно-апикален дел, после што пациентката дојде за прв пат во нашата установа.

Во консултација со кардиоваскуло-торакален хирург, кај пациентката е направена лобектомија на горен лев лобус. Послеоперативниот ток е сосем уреден. Пациентката е одвоена од машината за дишење после 10 часа. Раздвижена во тек на првите 24 часа.

Контролониот компјутер покажа комплетна ерадикација на тумурозната формација, со фунционална уредност на остатаокот од белодробието.

Патохистолошкиот наод потврди дека се работи за аденокарцином на бели дробови, и за среќа на пациентката без метастатски промени во одвоените лимфни жлезди.

После месец дена од операција пациентката е планирана за уште 2 циклуса на хемиотерапија .

До сега во Специјализираната болница Жан Митрев се оперирани 70 пациенти со карцином на бели дробови, сите во добра кондиција отпуштени дома, со препорака да продолжат на понатамошна хемиотерапија.

Болницата овозможува комплетна дијагностика на ова заболување, почнувајки од компјутерска томографија, биопсија на променат, правилен хируршки пристап со комплетно чистење на патолошките лимфни јазли.

Најважно е правилно да ги согледувате своите проблеми-порака од едукацијата за ЕВН тимот

На иницијатива на меанаџерскиот тим од ЕВН Македонија, на 31 мај, 2017, д-р Жан Митрев одржа едукативно-интерактивен настан за раководните лица од оваа компанија на тема- Срцето и кардиоваскуларното здравје преку здравата исхрана и здрави животни навики. Пред учесниците во преполната сала во Аудиториумот на Специјалната болница ЖАН МИТРЕВ,  д-р Митрев зборуваше за кардиоваскуларниот систем, анатомијата и функцијата, но и за најчестите заболувања на срцето и крвните садови, за нивото на смртност и за тоа која популација и возраст е најризична, но и како се дијагностицираат овие заболувања преку најсовремените апаратури и процедури со кои располага болницата. Преку практични примери д-р Митрев објасни за процедурите кои се применуваат овде, за процентот на успешност на операциите, како и за останатите интервентни и неинтервентни постапки кои се нивна специфика. Пособен акцент беше ставен на навремено и прецизно дијагностицирање кое води кон успешност во извршената интервенција. Д-р Митрев се задржа на ризик факторите, како и на превенцијата и грижата околу кардиоваскуларното здравје давајќи конкретни препораки што предизвика голем интерес кај учесниците.“ Најважно е правилно да ги согледувате своите проблеми“, беше пораката на д-р Митрев кон учесниците.

Д-р Митрев одвои време да одговори на прашањата кои се однесуваа на тоа како правилно да се грижат за нивното кардиоваскуларно здравје, што е најдобро за нивното срце, колку физичка активност е потребна, каква исхрана е најдобра и др. Задоволни од организацијата, најавија нови средби на конкретни теми со кои би влијале на зголемување на свесноста кај вработените за нивното здравје. Со ова ЕВН тимот покажа голема корпоративна освестеност за вработените преку организирање на вакви настани, а сето тоа во насока на поголема успешност на нивната компанија и уште повисоки резултати.