Претставници од Светска банка во посета на нашата болница

Жан Митрев клиниката заедно со својот партнер за соработка во областа на персонализирана медицина и генетика, Био Инженеринг ДОО денеска беше домаќин на високи претставници од Светска банка и Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.

Био Инженеринг Доо беше добитник на престижен грант за иновативност и развој во 2016 години за проектот “Granulis” oд страна на Фондот за иновации и технолошки развој подржан од Светска банка. Како резултат на тој проект во просториите на Био Инженеринг беше отворен центарот за “Применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски”, а додека пак во соработка со Жан Митрев клиниката, беше отворена Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во самата болница.

На состанокот се разговараше за тековната соработка отелотворена во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и нејзините успеси, но и за идните научно-истражувачки и медицински аспирации на Био Инженеринг и Жан Митрев клиниката. Исто така се разгледуваше просторот за соработка со Светска банка и Фондот за иновации и за проширување на пристапот на персонализирана медицина во остатокот од Балканот и Европа.

Континуирани успеси на нашиот кикбоксинг репрезентативец Димитар Ѓоргиев

Димитар Ѓоргиев, трикратниот светски шампион и европски вице шампион, еден од спортистите кој добива долгогодишна поддршка од Специјализираната болница Жан Митрев во континуитет реди успеси. Покрај успешните настапи на државните првенства, на 6-7 мај, годинава, на  Меѓународен турнир во Тешањ, Босна беше прогласен за најдобар борец сениор, а се врати и со три победи. Потоа, во месец јуни настапи на Меѓународен турнир во Римини Италија, каде го победи рускиот репрезентативец, репрезентативецот од Унгарија, а поради загубената борба од италијанскиот репрезентативец, Димитар освои сребрен медал. “После освоените резултатите добив понуда да настапам на К1 турнирот во Сараево кој е еден од најсилните на овие простори и на кој ќе настапат искусни борци од 9 земји. Се подготвувам интензивно и очекувам високо место“, дополни Димитар

Бројни желби за 90-тиот роденден на наша пациентка

Колаче со свеќичка за нејзиниот 90-ти роденден беше изненадување за Виолета Неделковска која лежеше на одделението на полуинтезивна нега во болницата. Возбуда и среќа се забележуваше на нејзиното лице. Беше пресреќна дека се сетиле за нејзиниот роденден, дека грижата од персоналот ја потврдиле и на овој начин. “Колачето е прекрасно, и на изглед и на вкус. Благодарам за вниманието, за желбите. Посакувам сите луѓе да дочекаат да прославуваат 90-ти роденден и повеќе “, смирено, тивко и сладејќи се со колачето зборуваше Виолета. Таа е втора недела овде, на нега и закрепнување. Инаку, Виолета е наш долгогодишен пациент која пред 8 години правела операција на срце. Искажа благодарност за стручноста, грижата и негата која ја добивала низ годините, дека  довербата која ја има таа и нејизната фамилија кон нашата установа е голема. Ние и посакуваме уште многу внуци и паравнуци, да ја држи ведрината уште многу години…

Победите во кикбоксинг како верен придружник на Јована

Најтрофејната кик боксерка од клубот “Гладијатор“ од Штип, Јована Арсова интензивно се подготвува за Европското првенство во кикбоксинг кое е планирано да се одржи во септeмври, 2017 во Скопје. Пред две недели се врати со нов медал, освено трето место на Светскиот куп во кикбоксинг што се одржа во Римини, Италија каде учествувале 1803 натпреварувачи од 39 држави, од кои 11 натпреварувачи од Македонија. “ Имав 11 противнички од различни земји каде успеав да го освојам 3-то место. Спецификата е што иако сум јуниор се борев со сениори и успеав да го добијам 3-то место“, со задоволство зборуваше Јована. Додаде дека желбата за победа во комбинација со добрата подготовеност и напорните тренери ја воделе низ борбите. “Ова е еден од потешките турнири на кои сум настапувала.

После овој голем турнир мојата самодоверба е поголема, чувствувам дека сега можам уште многу повеќе“, додаде таа. Вака подготвена и со секојдневни интензивни тренинзи во следните 40 дена таа останува на истата патека. “ Подготовките се секојдневни, вежбаме по неколку часа, трчање по ридско-планиски предел, пливање по 1.000 метри ,со што би можеле да ја покажеме нашата подготвеност за вакви натпревари. Треба да ја оправдаме довербата која ја добиваме од нашиот најверен долгогодишен поддржувач, д-р Жан Митрев. Тоа е дополнителен стимул да се покажеме во најдобро светло на ова првенство кое за прв пат  се одржува во Македонија“, објасни Јована.Додаде дека има една желба- “ Да ја направам горда Македонија, а посебно д-р ЖанМитрев кој ни ги овозможи условите за секојдневни тренизни во сала, и секако мојот тим кој е верна поддршка составен од Ристо Огнанов, Кирил Нацев, Шенол Асанов и Бранко Петровски, како и сите мои клубски другари.“  Новите победи се нејзин придружник! Среќно, Јована!

Летен камп- моето срце во сите бои

И оваа година, од 3-ти до 9-ти јули се одржа седмиот Летен камп “Моето срце во сите бои” на кој што учествуваа деца кои имале интервенции или операции на срце во ZAN MITREV CLINIC заедно со нивните родители, браќа и сестри. Кампот се одржа во заедничка соработка со Црвениот крст на Град Скопје во прекрасниот амбиент на одмаралиштето Солферино во Струга.

Низ опуштени, креативни работилници волонтерите на Црвениот крст во координација со тимот на психолози од ZAN MITREV CLINIC заедно со децата создадоа весела и разиграна атмосфера низ која секое дете успеа да добие многу работи за себе. Пред се овие работилници им овозможија на децата да креираат нови прекрасни пријателства, да добијат поддршка и да ги истражат нивните потенцијали. Од овој камп произлезе и можност за идни другарувања.

Имајќи во предвид дека дишењето ни е најголемата поддршка, Блаже Арсов, физиотерапевт од нашата болница низ разиграна работилница со децата и волонтерите работеше на техники на правилно движење, моторика на тело и координација, три важни аспекти од развојот на секоја индивидуа.

Низ структурирана групна работа, психологот и психотерапевт Фросина Ристовска со родителите обработи теми од посебен интерес за нив, како што се мапирање на нивните потреби, грижата за себе, за подобра грижа за другиот и комплексноста на комуникацијата во родителствувањето.

Д-р Наташа Никчевска педијатар, гастроентеролог одржа едукативно предавање за родителите и сите заинтересирани во кое ги запозна со природата на вродените срцеви маани, а акцент стави на спецификите за унапредување на квалитетот на живот кај нивните деца по интервенциите или оперативните зафати. На ова предавање покрај вродените срцеви маани посебен акцент имаше и соодветниот и правилен режим на исхрана кој секое дете треба да го практикува.

На овој камп имавме доволно време за интензивна работа на себе, едукација, релаксација и дружење. Од се по нешто. Се надеваме дека и со овој летен камп, ZAN MITREV CLINIC помогна во рушење на табуата поврзани со вродените срцеви маани и сплоти дел од семејствата кои поминувале низ слична животна приказна. Продолжуваме и понатаму да го трасираме патот кон нови успешни интервенции токму кај најмладите и нивните семејства.

Со медицински прегледи за кошаркарите продолжи соработката со Кошаркарската федерација на Македонија

Кошаркари од сениорската и младинска репрезентација и годинава ја утврдуваа нивната здравствена состојба и подготвеност во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ. Организирани во групи, најнапред беше направен преглед и контрола на кошаркарите од сениорска репрезентација. Пакетот се состоеше од консултативен преглед, коронарен стрес тест, проверка на крвна слика со биохемиски анализи и ортопедски преглед. Сениорите, јуниорите и јуниорките ги поминаа истите прегледи кои се реализираа во втората половина на  крајот на јуни и почеток од јули. За нив беа одговорни докторите од Дијагностичкиот центар кои ги спроведоа прегледите и потврдија за нивната здравствена состојба. Нашите кошаркари, согласно нивните распореди заминаа на подготовките за претстојните турнири и првенства со мотив за освојување на високи резултати и совладување на спортските предизвици.

Фотостареење и фотопротекција- како да се заштитите?

Како да ја заштитете Вашата кожа од предвремено стареење во текот на летниот период, кој фототип на кожа имате, која е најсоодветна фотозаштита за Вас? Сега, може да се информирате кај дерматовенерологот д-р Анџелка Николчев. Kои видови на услуги се опфатени во одделот за дерматологија може да се информирате на http://zmc.mkmk/departments/dermatologija.

Што е фотостареење?

Фотостареењето или дерматохелиоза е состојба која се карактеризира со специфични промени на кожата предизвикани од прекумерна изложеност на УВА и УВБ зраци. Познато е дека УВБ ултравиолетовите зраци продираат во површинскиот слој на кожата (епидермис) предизвикувајќи специфични хемиски процеси кои доведуваат до појава на брчки, оштетување на еластин и колаген. Покрај тоа, со дејството врз меланоцитите (клетки во површинскиот слој на кожата одговорни за продукција на меланин- пигмент кој овозможува потемнување на кожата) доведува до појава на темни дамки, флеки по кожата, па дури и преканцерозни промени или лезии кои можат да доведат до кожен карцином. УВА зраците имаат можност за продирање во подлабоките слоеви на кожата (дермис) и оштетување на колагенот, еластинот, луштење на епидермисот, намалување на дебелината на дермисот, оштетување на крвните садови и нивна видливост на површината на кожата.

Како до најдобра фотопротекција?

За заштита на кожата од предвремено стареење се користат фотопротектори. Тоа  се производи со заштитен фактор (SPF) за локална примена во вид на лосиони, креми, гелови, спрејови со различна јачина според степенот на продор на ултравиолетовите зраци во кожата преку соодветен слој на крем нанесен со одредена дебелина во зависност од фототипот на кожата.

Два пати годишно од Крк до Скопје, за да бидам сигурен за мојата здравствена состојба

Антун Скомаршиќ (72) од Крк, Хрватска се одмораше од авионскиот лет во неговата соба на одделението во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ. И овој пат допатува на редовен контролен преглед после бајпас операцијата на левата потколенична регија направена од д-р Жан Митрев во септември,2010 година. “ Откако не го прифатиле во болниците во Хрватска, пациентот дојде кај нас. Испитувањата покажаа дека има опасност да ја изгуби левата нога поради артеросклеротска болест на нозете.  Затоа веднаш беше направена операција на левата нога бидејќи беше во напреден стадиум. Четири месеци подоцна задоволен од успешната операција се направи бајпас на десната нога поради загрозената циркулација. И по 10 месеци, тој беше повторно наш пациент кога му беше направена замена на левиот колк поради изразената дегенeративна болест на колкот“, објасни д-р Тања Анѓушева.

За време на утринската визита имаше можност да се сретне со д-р Жан Митрев, да се консултира со него, но и пофали дека е во добра состојба. По средбата со д-р Митрев, Скомаршиќ се посвети на нашиот разговор. “Секоја година по 2 пати доаѓам на контролен преглед. Овде се чувствувам како дома затоа што имам доверба во докторите и не ми претставува никаков проблем, ниту пак стрес патувањето во Скопје. Тоа е доволен доказ дека сум презадоволен од севкупната медицинска услуга и поддршка која ја имам од 2010 година па се до сега“. Во меѓувреме медицинскиот персонал отпочна со подготовките за контролниот преглед кај д-р Тања Анѓушева со кои се во постојан контакт. Неговата смиреност и кооперативност беше за пофалба. “ Ги знам процедурите и во ред е кога има што да се следи, затоа што така и успехот е загарантиран“, дополни тој. За стручноста и љубезноста на  д-р Жан Митрев, д-р Тања Анѓушева со кои се во комуникација, вклучително и за целиот персонал од сите нивоа не штедеше на зборови… Разговорот го продолживме за неговата фамилија, за внуците, за животот во Крк, но и за неговите пензионерски денови…

Дека ова е врвен медицински центар во регионот потврдува и фактот што тој овде низ 7-те години се среќавал со многу Хрвати. “Интересно е што сите на почеток, вклучително и некои доктори од Хрватска беа скептични дека овде во Македонија, има таков доктор, таква стручност и професионалност. Но, откако се` ќе се заврши добро сите ние имаме само пофални зборови за оваа болница. Многу животи се спасени, а за тоа веќе се свесни и доста доктори од Загреб. Така, еден од нив, пред да ми биде направена последната операција во 2015 година ми рече да одам во Македонија, односно овде и дека само тука може да ми помогнат, а во Загреб сигурно нема. И навистина, така бидна.Во 2015 имав почеток на гангрена на стапалото на левата нога. Ми беше направена бајпас операција и бев 55 дена на  хоспитализација овде. Се добро се заврши и сум среќен што можам да одам, ако претходно тоа ми беше голем проблем. Ете сега и сам, без придружба дојдов од Крк”, заврши тој.

До следното видување за уште еден пријатен разговор со Скомаршиќ му посакуваме да го служи здравјето, а за спомен од оваа посета му ја чуваме фотографијата од него и д-р Митрев!