Leviker – Природно и иновативно решение за масни нарушувања на црниот дроб

На 28.11.2018 во аудиториумот на ZMC, д-р Сашо Блажевски одржа презентација на тема „Leviker – Природно и иновативно решение за масни нарушувања на црниот дроб“.

Левикер е природен додаток на исхрана кој содржи стандардизиран екстракт од Prunusmume. Супер овошјето, познато како јапонска кајсија, се користи традиционално во Азија поради неговите хепатопротективни и антиоксидативни својства. Содржи стандардизирана концентрација на олеанолна и урсолна киселина, две биоактивни природни состојки на Prunusmume, како и холин. Левикер придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб и за нормален метаболизам на мастите. Може да ја потпомогне функцијата на црниот дроб додека се употребуваат лекови кои го тераат црниот дроб „да работи прекумерно“ (интензивен метаболизам).

Овој производ кај нас е достапен благодарение на Бионика Фармацеутикалс во соработка со Stragen Pharma SA од Швајцарија.

Предавања за прва помош на тимот од ZMC за наставниците во „QSI International School of Skopje“

My alt text

Денеска екипа составена од доктор Тања Анѓушева, доктор Наташа Чучкова Никчевска и сестра Жанета Богоевска-Митева во училиштето „QSI International School of Skopje“ одржаа курс за прва помош наменет за наставниците и останатите вработени во училиштето. На курсот се разработија неколку сценарија за тоа како да се постапи при давење, при струен удар, при повреда на одредено ткиво, изгореница, скршеница, пад, топлотен удар, смрзнување и слично. Посебно внимание беше посветено за специфичностите кога повредениот е дете.

– Овој курс за прва помош во основа е курс за базично одржување во живот на настрадани лица. Целта на овој курс е да им се помогне на професорите да ги усовршат своите вештини во оваа област, да добијат самодоверба и да им помогнат на настраданите луѓе во ситуации каде што престанува работата на срцето или запира дишењето, сè додека дојде екипата на брзата помош – потенцираше доктор Анѓушева.

My alt text

Основни принципи беа дадени и за педијатриската возраст за што свое излагање имаше доктор Наташа Чучкова Никчевска.

– Наставниците тука, во ова училиште, се релативно добро запознаени со овие состојби и имаат некои предзнаења за прва помош при незгода, но, имаше многу прашања и практични вежби со нашиот „фантом“ – кукла за вежбање, на кои сите заедно вежбавме. Тоа им помогна многу да ги пробаат практично презентираните случаи а со тоа и да ги зголемат своите спасувачки вештини. Ова е многу битно, и поради тоа во западните држави, еве на пример со САД секој граѓанин треба да помине низ курс за давање прва помош што е битно за целата заедница. Научно е докажано дека доколку на повреден не се даде веднаш прва помош од близок, шансата за преживување е многу помала, а кај децата таа е уште помала оти мозочната смрт настанува многу побрзо отколку кај возрасните. Поради тоа мислам дека сите што работат со деца треба да ги знаат барем основните постапки за одржување во живот и реанимација – изјави доктор Чучкова Никчевска.

My alt text

Директорот на „QSI – Skopje“, г-нот Џошуа Герет, истакна дека предавањата биле многу полезни и возбудливи со оглед на можноста дека се однесуваат на состојби што можат да се случат во реалниот живот, а информациите биле пренесени на начин кој е многу применлив за нивните предавања.

– Мислам дека добивањето можност да се поставуваат прашања и да се добијат одговори им помогна на луѓето кои не се медицински образувани да разјаснат некои работи, па бидејќи добивме можност да се движиме напред-назад низ темата со докторите беше многу ефикасно за нас – истакна Герет.

Тој додаде дека е многу важно што освен теоретски има и практични вежби бидејќи практичните вежби со „фантом“ даваат неопходна самодоверба потребна кога треба да се соочат со вистинска ситуација.

– Преку ова практично искуство, кое е голема придобивка за нас, наставниците стекнуваат самодоверба да дејствуваат во итни ситуации – нагласи првиот човек на „QSI – Skopje“.

Тој смета дека и учениците би имале полза од добивање на вакви информации бидејќи би можеле да помогнат кога наставниците не се во близина или кога нешто слично би се случило надвор од училиштето, и би можеле да помогнат на некое загрозено лице.

Напредна клиничка пракса за млади лекари во ZMC

My alt text

Zan Mitrev Clinic (ZMC) нуди интензивна напредна клиничка пракса насочена кон неодамна дипломираните млади лекари.

Едномесечниот интензивен курс е бесплатен и ги подготвува учесниците за интензивната клиничка пракса во нашата клиника. Моментално имаме запишани 36 млади лекари.

Раководството на ZMC го воспостави курсот за да ги надополни празнините во тековната наставна програма во државните медицински училишта кои не ги исполнуваат стандардите на Joint Commision International (JCI) за безбедност на пациентите, препораките на СЗО (WHO) за антибиотици и упатствата на МКХ за добра клиничка пракса (ICH Good Clinical Practice).

Тие имаат осмислено програма базирана на различни елементи на напредната клиничка пракса.

Курсот се фокусира на: 1) безбедност на пациентот, 2) спречување и контрола на интрахоспитални инфекции, 3) напредна дијагностика, 4) итна медицинска помош, 5) основни методологии за истражување/ медицинска статистика и 6) етика во медицината.

Предавачи се Медицински експерти/специјалисти од ZMC, медицински сестри, фармацевти, физиотерапевти, психолози и биомедицински научници.

Основниот принцип на курсот е „тимска работа“. Младите лекари се охрабруваат да ги идентификуваат и трансформираат нивните слабости во предности преку заедничка работа. Важно е, и се очекува од учесниците на курсот да покажат голем ентузијазам, истражувачки начин на размислување и силен афинитет кон медицината базирана на докази.

Време траењето на обуката е 4 недели и се завршува со усна презентација, писмен испит и практичен тест. На врвните кандидати им се нуди вработување и им се доделува ментор кој понатаму ќе го координира нивното континуирано образование.

My alt text

Ние силно веруваме дека нашиот курс ќе им помогне на младите лекари да го постигнат својот целосен потенцијал.

Преку овој курс, ZMC се оддолжува на македонската заедница нудејќи им на младите талентирани локални клинички лекари можност да растат и да напредуваат без потреба да се преселат во странство.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè преку info@zmc.mk.