Едно големо, едноставно и искрено Благодарам!

Писмо од наши пациенти до доктор Жан Митрев:

Д-р Жан,

Сакам само од срце да Ви кажам едно едноставно БЛАГОДАРАМ.

Денес е новиот роденден на татко ми. Точно пред една година Вие голем човеку успеавте да спасите едно семејство, спасувајќи го мојот татко кој буквално го вративте од крајот. Татко ми бескрајно Ви веруваше и иако бевме преплашени и премногу збунети, спасот во Вас го гледавме. Тешка операција која траеше околу 6 часа, оперирани 3 валвули, 4 бај-паса… Но, победивте Вие и заедно со вас сите ние. Тешко одеше по операцијата, но знаевме дека семејството полека се рехабилитира.

Една година подоцна, татко ми е со стабилно здравје, и полека се враќаме во секојдневната рутина.

Сакам да Ви се заблагодарам што успеавте да оперирате и спасите едно ГОЛЕМО СРЦЕ, срцето на човекот кој заедно со мајка ми, цел живот се грижи и бие секојдневни битки за животот и здравјето на своите болни родители и својата болна ќерка. Битките се биеја со радост, упорност, не дозволувајќи ништо да ни го поремети мирниот семеен живот. Тоа срце д-р Жан постојано беше оптеретено со битките меѓу животот и смртта на неговите најмили. И успеа сите да ги заштити и да им даде максимум од себе. Вие го спасивте тоа срце. Татко ми со гордост, околу вратот ја носи врвката на која стои името на Вашата клиника, а која кога излезе од болницата ја побара од една ваша вработена на рецепција, за да го закачи мобилниот телефон на неа.

Вечно ќе му бидеме благодарни и на д-р Никола Ѓоргов кој ни го покажа правиот пат. Реткост е да се види човек со таква голема човештина и бескрајно добра душа како д-р Ѓоргов. Во тие мои моменти на очајност и изгубеност, Д-р Ѓоргов ми беше единствената светлина бидејќи беше тука за секаков совет и помош. Во тие тешки моменти тој ја спаси прво сестра ми, а потоа и татко ми со тоа што го упати кај вас.

Поздрав од целиот тим, а вие докторе останете со добро здравје, успешна кариера, најубави моменти со семејството и се најдобро.

Ви се поклонувам со голема благодарност.

В.Б.Г.

Експерти од САД со предавања од областа на детската кардиохирургија

Низа предавања од областа на Детската кардиохирургија се одржаа неделава во амфитеатарот на Zan Mitrev Clinic. Предавањата беа подготвени и презентирани од лекари и среден медицински персонал од референтни кардиохируршки центри од Хјустон Тексас, САД.

Д-р Али Доџ Катами, познат детски кардиохирург имаше предавање за оперативните техники кои се користат кај цијаногените кардиопатии. Покрај него, теми од областа на детската кардиохирургија презентираа и кардиолози, анестезиолози и педијатри интензивци, како и медицинска сестра со долгогодишно искуство во работата во областа на неонаталната и детска кардиохирургија.

Од играчка – плачка

Детската игра често пати знае да заврши лошо т.е. со несакани последици, проблеми па и повреди. Малку невнимание може да донесе многу проблеми кои често завршуваат и во болница. Токму една таква детска игра предизвика тешки повреди на едно десетгодишно детенце кое со своите родители дојде во нашата клиника барајќи помош. Може да звучи нестварно но на ова детенце при детска игра му бил поставен шилест молив на столот по што тој го наседнал и моливот ја пробил облеката и се зарил во задниот дел на бутот.

Родителите барале помош во неколку болници но никој не им го решил проблемот. По два месеца талкање низ здравствениот систем се обратија во нашата клиника.

Можноста од инфекција, страшната болка ги алармираше нашите доктори предводени од доктор Владимир Чадиковски веднаш по прегледот да пристапат кон вадење на страното тело.

За среќа без посериозни компликации моливот беше изваден а раната соодветно истретирана. Повредите можеле да бидат големи и со трајни последици доколку моливот го повредел ректумот на детето по што компликациите би биле далекусежни.

Едноставно, внимавајте, детска игра често може да заврши и во болница па онаа народната „Од играчка – плачка“ да биде реален опис на состојбата.

Спроведување на Цитратна дијализа во Zan Mitrev Clinic

Цитратна дијализа е дијализа која како средство кое би спречило згрутчување односно коагулација на крвта во системот додека трае процесот се користи цитратен раствор а не хепарин. Додека се спроведува третманот со дијализа, крвта на пациентот излегува од телото и оди во систем за дијализа кој ја филтрира односно дијализира односно ги отстранува деградационите продукти, вишокот вода, електролити, односно тоа што ќе му зададеме на системот. Оваа дијализа ја спроведува тимот од Интензивна нега и анестезија во нашата клиника, кои се специјализирано обучени за сите видови на третман со машините на Baxter – Prizmaflex при што се користат СТ 150 филтри и Oxiris филтри.

– Додека е крвта во тој систем може да коагулира и третманот да биде неуспешен дури и животозагрозувачки. За таа цел мора да се користи антикоагулантно средства. Кај „обичната“ дијализа стандардно користиме хепарин. Во овој случај користиме цитратен раствор. Зошто? Хепаринот во многу случаи е контраиндициран. Има пациенти со активно крвавење, со ХИТ (хепарин индуцирана тромбоцитопенија), со различни видови на коагулопатии, со тромбоцитопении од друг вид и сл. Кај тие пациенти употребата на хепарин како антикоагуланс би го зголемил ризикот од крвавења. Затоа овој тип на дијализа или цитратна дијализа е погоден за сите тие категории на пациенти. Индикациите за дијализа се истите, анурија, олигурија, хиперкалемија, тешка ацидоза, акутна бубрежна слабости, хронична бубрежна слабост, тешки интоксикации, сепса… а кој тип на антикоагулант ќе го одбереме ќе зависи од коморбидитетите на самиот пациент објаснува доктор Драгица Вучкова, анестезиолог.

Предноста е во тоа што со овој тип на дијализа истата е достапна кај пациенти кај кои постои контраиндикација или зголемен ризик од хепаринска дијализа, додава доктор Вучкова.

Пациенти и вработени од Zan Mitrev Clinic трчаа на Скопскиот маратон

Слободан Додевски е пациент на нашата клиника кој и по неколкуте операции изминативе години е во одлична состојба и како учесник на денешниот скопски маратон (04.05.2019) ја предводеше екипата на вработени во оваа традиционална трка.

Четириесетината вработени од речиси сите оддели покажаа како спортот може да испрати силни пораки на заедништво, силен дух, единство и дружељубие помеѓу пациентите и медицинскиот кадар, врска која се негува и по напуштањето на болничките одделенија.

Успешно завршената трка покажа дека сите бевме подготвени и доволно добро концентрирани со избалансирани сили да ги заокружиме идеите кои сме ги започнале, што всушност е и метод на целокупното наше работење.

Остануваме „Пат кон надеж“ за сите оние на кои сме им потребни во моментите кога е најтешко.

До следниот маратон … останете во добро здравје и добро расположение!

Изваден цистичен тумор тежок 6 килограми

– Пациентката дојде на преглед поради болки во пределот на стомакот. За тоа била на лекар во Прилеп каде што и било ординирано терапија за желудник но бидејќи тегобите не и поминувале дојде на преглед во нашата клиника поради тоа што претходно јас сум го оперирал нејзиниот зет од сестра. Веднаш на прегледот се забележа дека се работи за голем абдоминален тумор–вака го започнува објаснувањето на случајот кој минатата недела го забележавме во нашата клиника Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Навидум без некои сериозни индикации, без специфична болка туку со мали и нередовни тегоби 49 – годишната пациентка од Прилеп ги поминала сите доктори во својот град за да и кажат дека не боледува од ништо и дека нема ништо несекојдневно во своето тело. На инсистирање на својот сопруг дошла на преглед во нашата клиника по што следувал шокот од она што нашиот тим лекари на чело со Хаџи-Манчев го констатирал.

– Немав некои посериозни болки но понекогаш имав некакво боцкање во пределот на дијафрагмата при наведнување. Работам како шнајдерка, но и земјоделство без никаков проблем. Имам супер апетит, немам никаков стрес и си живеам нормален живот. Од матичната докторка не добив никакви предупредувања дека нешто сериозно ми се случува но по инсистирање на мојот сопруг сепак дојдов на проверка, преглед, во клиничката болница „Жан Митрев“. По прегледот од докторот следуваше шокот за мене и за моето семејство. Сознанието дека во моето тело имам тумор околу 5 килограми одекна во моите уши како силен тресок кој буквално ме бутна во кревет. Не можев да се освестам што чув но немаше време за паника, сожалување ниту пак за размислување што да се прави. Туморот беше толку голем што бараше итна операција која тука докторите ја спроведоа беспрекорно. Јас и сè уште сум во бунило што се ми се случи но голема благодарност до целиот тим на клиниката „Жан Митрев“ за тоа што ми го спасија животот–раскажа нашата пациентка која сега по операцијата е видно изморена но сепак многу смирена, спокојна.

Д-р Хаџи-Манчев дообјаснува како поминала целата процедура од дијагностицирање на состојбата па се до оперативниот зафат.

– Веднаш се направи компјутер на стомакот и се виде дека се работи за голем цистичен тумор со најверојатно потекло од десниот јајник. Бидејќи туморот беше премногу голем на пациентката и се предложи веднаш оперативен третман поради опасноста од евентуално негово. После два дена од дијагностицирањето се влезе во сала и се направи отстранување на туморот заедно со десниот јајник. Препаратот е со тежина некаде околу 5-6 килограми и е испратен на патохистолошка обработка. Специфицноста е во тоа што пациентката воопшто не била препозната дека има туморозна форамција во абдоменот иако била на преглед во матичниот град. Брзата и ефикасна дијагноза како и брзиот третман беше полн погодок кај овој човечки живот кој не се знаеше како ќе заврши доколку не се обратеше кај нас. Пациентката е добра и веќе е на домашно лекување постепено враќајќи им се на секојдневните работи – објаснува Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Брзо закрепнување посакува целиот тим на Zan Mitrev Clinic.