Oпаѓање на косата – Има ли решение?

Како што состојбата на кожата на лицето се проценува согласно хидрираноста, тонусот и чистината на порите, така здравјето на кожата на скалпот се мери според текстурата на косата, нејзината густина и боја. Зосто е важна оваа проценка? Бидејќи со неа всушност започнува понатамошното делување со цел спречување на процесот на опаѓање, губење на косата. Ова е проблем со кој се соочуваат најчесто мажите, но и жените. Нашиот предлог решение е третманот Керавив (Keravive). Тој е наменет за било која возраст и е комплетно неинвазивен. Се изведува со помош на апарaтот Hydrafacial од искусни професионалци во нашиот центар за естетска дерматологија. Иновативниот Vortex систем безболно ги отстранува нечистотиите од порите на главата на безболен начин. Вакуумот работи на принципот на вшмукување воздух со цел истовремено да ги повлече честичките на површината и нежно да ги отстрани од скалпот. Постапката е целосно безболна.
Покрај тоа што ги отстранува нечистотиите, оваа модерна технологија ја чисти, ексфолира, стимулира и  истовремено ја навлажнува кожата со протеини кои го хидрираат, негуваат и стимулираат скалпот.

За овој 8-ми Март првите 4 кои ќе закажат Керавив третман на скалпот истиот ќе го добијат за половина цена заедно со 3 гратис PRP третмани за спречување на опаѓање на косата.

Ја одбележавме Неделата за борба против срцево-садови заболувања

Споделуваме со вас дел од активностите со кои ја одбележавме Неделата за борба против срцево-садови заболувања во организација на психолошкиот тим од нашата клиника. На интерактивните предавања и работилници наменети за волонтерите од Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje со своите предавања се обратија лиценциран психотерапевт и доц. д-р Кристина Егуменовска, лиценциран психолог и специјализант по психотерапија Марија Аџиоска, специјалист физиотерапевт Никодин Вељаноски, специјализант по кардиохирургија д-р Симона Патчева и д-р Zvonko Atanasov специјалист по радиодијагностика.

Интервју со проф. д-р Васил Илиев – Карциномот на грлото на матка четврт најчест канцер кај жените

Проф. Илиев, ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, кој во светски рамки има поразителна статистика, земајќи по една жртва на секои две минути. Потребата од подигање на свеста за ова малигно заболување е повеќе од потребна, и во тој контекст, ќе Ве замолам да ни објасните што всушност претставува ова заболување и која е причината поради која се јавува?

– Рак (карцином) на грлото на матката е болест која најчесто нема никакви симптоми, а претставува новосоздадено туморско ткиво со малигни карактеристики кои имаат способност за инвазивно ширење во околните структури, органи, лимфни и крвни садови. Ракот на грлото на матката е малиген епителен тумор кој може да биде лоциран на самото грло-цервиксот на матката или пак во цервикалниот канал (ендоцервикс). Најчесто погодена популација се жените од 35 до 49 годишна возраст. Клучно е да се прават редовни прегледи, најмалку еднаш годишно, бидејќи раното откривање и следење на промените може да спасат живот.

Кои се ризик факторите за појава на карцином на матка? Може ли да се превенира појавата на карцином на грлото на матката?

-Најголем ризик фактор за настанок на карцином на грлото на матката е инфекцијата со одредени типови на хуман папилома вирус познат како ХПВ. Овој вирус спаѓа во групата на сексуално преносливи, а постојат повеќе од 100 типа ХПВ. Од нив девет имаат докажано висок потенцијал да предизвикаат промени на грлото на матката и да прераснат во рак (карцином) на грлото на матката. Од нив најголем малиген (онкоген) потенцијал имаат ХПВ 16 и 18. Повеќето жени инфицирани со ХПВ вирусот се без симптоматологија и оздравуваат во тек на 6 до 24 месеци. Меѓутоа, кога имунолошкиот систем не успева да се ослободи од вирусот, а жената не е свесна дека е заразена, а при тоа не оди на контроли, расте ризикот за развој на рак на грлото на матката.
Од тука се наметнува и најдобриот и најсигурниот начин за негова превенција, а тоа се секако редовните гинеколошки контроли со редовен цитолошки брис (ПАП) и по потреба, многу често, земање на брис за ПЦР. Во суштина ова значи дека во случаи на позитивен наод (присуство на ХПВ) треба да се спроведе и типизација, односно одредување на типот на ХПВ.

Раниот цервикален карцином во голем број случаи е асимптоматичен. Кои се симптомите понатаму како што напредува болеста?

-Ракот на грлото на матката доаѓа без симптоми. Нема болка, нема чешање, нема непријатност, а клетките можат да мутираат. Развојот на ракот на грлото на матката најчесто е постепен и поминува неколку фази. Најпрво започнува со фаза на преканцероза кога е всушност најдобро да се дијагностицира и воедно соодветно да се третира. Потоа следи фазата наречена ,,statim nulta,, кога сеуште нема инвазија. Доколку се открие во оваа фаза, третманот дава одлични резултати. Понатамошниот развој е прогресивен и од клинички аспект е поделен во неколку стадиуми, поточно четири стадиуми на инвазија. Стадиумите се детерминирани во зависност од степенот на инвазија во околните структури, органи и се многу важни за донесување одлука во поглед на примарнаниот пристап во третманот на карциномот на грлото на матката. Во секој стадиум постојат подстадиуми кои се одредуваат врз основа на клинички наод и параклинички анализи од кои потоа зависи одлуката за примена на следни зафати, односно селектирање случаи кои се за примарен оперативен третман и оние кај кои оперативниот примарен третман би бил неадекватен (невозможен, штетен).

За среќа, преканцерозните промени на грлото на матката многу бавно се развиваат и прераснуваат во рак на грлото на матката, што остава широк временски прозор за дијагностика и терапија.
Затоа е од најголемо значење да се прави редовен скрининг на грлото на матката, односно ПАП тест и колпоскопија. Целта на тестот Папаниколау (ПАП тест) е да се пронајдат промени на грлото на матката во фаза во која тие можат лесно да се отстранат. Откако ќе се развие ракот, третманот станува потежок и шансите за успех се помали.
Ние во Центарот за женско здравје при клиничката болница Жан Митрев со цел да придонесеме кон подигање на свеста за рано откривање на оваа болест, креиравме пакет понуда во која секоја жена која ќе направи ПАП тест, го добива гинеколошкиот преглед со намалена цена од -50%. Акцијата започнува од 01.03.2022 и ќе трае цел март.

СИМПТОМИ

Ракот на грлото на матката обично нема симптоми, но понекогаш може да вклучува:

  • Крварење после сексуален однос
  • Крвав исцедок
  • Нередовна циклус
  • Болка – која е доцен симптом

ДИЈАГНОЗА

  • ПАП тест
  • Колпоскопија
  • Биопсија
  • Експлоративна киретажа и конизација со хистопатолошки наоди

Дополнителна дијагностика:

  • Гинеколошки ултразвук
  • Ултразвук (ехо) на абдоменот
  • Скенер (КТ)
  • Магнетна резонанца
  • Колоноскопија
  • Цистоскопија
  • Х-зраци (РТГ) на белите дробови и коските
  • Лабораториски дополнителни анализи итн.

Приклучени уште 2 услуги во групата превентивни прегледи со попуст -50%

Како дел од активностите поврзани со подигање на свеста за редовни превентивни прегледи во борба против ракот, приклучуваме уште два прегледи. Имено од 1 март ехо прегледот на тиреоидеа е на половина цена. Направивме и пакет понуда за сите кои ќе направат ПАП тест, гинеколошкиот преглед исто така ќе биде намален за 50%. Секако продолжуваме и со веќе активните намалувања на цените на: ехо на дојка, 2Д и 3Д мамографии, КТ(компјутерска томографија) на белите дробови и комплетно мапирање на кожа и бенки со Фотофајндер. Сите прегледи ги изведуваат нашите искусни лекари со помош на технолошки најсовремени апарати. За да закажете термин кој најмногу ви одговара јавате се на 02/3091-484.

Ние денес славиме 22 години извонредност во грижата за здравјето на пациентите

ДЕНЕС КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ЖАН МИТРЕВ ПРОСЛАВУВА 22 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Повеќе од две децении пациентите во земјава добиваат врвна медицинска услуга согласно највисоките светски стандарди.
Клиниката има уникатен пристап со бесплатни операции за пациентите за срце и крвни жили повеќе од 20 години. Успешната соработка со државниот Фонд за здравство за кардиохирургија им овозможува на пациентите да ги добијат овие врвни услуги бесплатно.

Врвни услуги од современата медицина, резултати базирани на брза и прецизна дијагностика, превенција на болести, извршување на комплексни операции – тоа е нашата мисија за која постоиме, секогаш фокусирани во работата за зголемување и проширување на клубот на задоволни пациенти.

Во сега веќе далечната 2000 година, во еден изнајмен дел од Воената болница во Скопје, беа поставени контурите на специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, чие огнено крштевање беше одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, предводена од академик д-р Жан Митрев.
Клиничката болница Жан Митрев денеска има голема причина за славење – одбележување на 22 години од своето постоење. Таа е вистински пример за остварување на една визија: да се пружи врвна медицинска услуга согласно највисоко утврдените стандарди во светски рамки.
Од самиот старт постави високи стандарди и отвори нови хоризонти во македонската кардиоваскуларна хирургија. Салата со која започна и 12 болнички кревети, прераснаа во најсовремен медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега.

Клиничката болница Жан Митрев е сместена во нов, ултрамодерен објект, инвестиција од 40 милиони евра, во кој главна мисија е фокусот на развојот на болницата и постигнување на највисок можен квалитет во услугите. Клиниката се простира на 17.000 м2, располага со повеќе операциони сали, одделенија за интензивна и полуинтензивна нега. Изградена е плански, согласно намената и ги задоволува највисоките еколошки стандарди без CO2 отпечаток. Комплетно е дигитализирана, хартија скоро и да не се користи во секојдневното работење.
Клиниката континуирано ги следи најновите трендови и стандарди од аспект на подобрување на работните процеси и безбедност на пациентите од лекарска грешка и интрахоспитални инфекции.
„Потврда за успешноста е и фактот што во 2020 година, дури и во време на пандемија, по втор пат добиваме акредитација со златен печат од „Joint Commission International“. Следејќи ја новата технологија во медицината, клиниката располага со најнови медицински апарати, како што се уролошки ласер за литотрипсија, најсовремени дијагностички апарати за магнетна резонанца, компјутерска томографија и 3Д мамограф за томосинтеза.

Во овој изминат период се појави потребата и од регионалнa присутност. Затоа минатата година беа отворени два големи дијагностички центри под брендот Жан Митрев Дијагностик најпрво во Струмица, а потоа и во Битола. Имено претходно постоечките поликлиники беа комплетно реновирани, ребрендирани и со проширени капацитети и број на дејности. Истите се опремени со технолошки најсовремени апарати КТ, МР, РТГ, ЕХО. Во биохемиските лаборатории се вршат детални крвни анализи. Располагаат и со дневна болница за згрижување на пациенти и амбулантни возила. Целта за отворање вакви центри е да се гарантира нивото и квалитетот на нашите услуги локално и секако да им помогнеме на пациентите да се чуствуваат подобро, посигурно и посреќно.

Горди сме и на нашата нова инвестиција – Центарот за естетска дерматологија, кој претставува сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување“, вели првиот човек на Клиниката, академик д-р Жан Митрев.
Клиничката болница Жан Митрев континуирано вложува во постојана надградба и едукација на своите вработени, создавајќи врвни кадри подготвени да се соочат со сите предизвици.
„Следејќи ја новата технологија во медицината и работа со најнови медицински апарати, ние создаваме кадри овде, што претставува една многу долгорочна инвестиција на која всушност се базираат нашите одлични резултати. Реално, имаме доктори кои се далеку поподготвени и со многу повисоки професионални перформанси од многу доктори од Германија“, вели академик д-р Жан Митрев.

Меѓу првите во Европа, Клиничката болница Жан Митрев оформи генетска лабораторија и ги доближи различните генетски испитувања во рутинската секојдневна пракса. Во оваа лабораторија се испитуваат најчестите 33 патогени бактерии и вируси при прием на пациентите во болница, меѓу кои и Ковид Сарс. Комбинацијата на индивидуален пристап со фармакогенетика т.е. толеранција/нетолеранција на одредени лекови беше почеток на примената на персонализирана медицина специфична за секој пациент со што се спречуваат можните фатални последици по пациентите. Клиничката болница Жан Митрев прва почна и со примена на прочистување на крвта или т.н. хемофилтрација која сега се имплементира и кај пациенти кои се борат со сериозни последици предизвикани од коронавирусот.

ОНА ШТО ЈА ПРАВИ ОВАА КЛИНИКА ПОСЕБНА Е УНИКАТНИОТ ПРИСТАП СО БЕСПЛАТНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ЗА СРЦЕ И КРВНИ ЖИЛИ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ. УСПЕШНАТА СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИОТ ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА ИМ ОВОЗМОЖУВА НА ПАЦИЕНТИТЕ ДА ГИ ДОБИЈАТ ОВИЕ ВРВНИ УСЛУГИ БЕСПЛАТНО.

„Мислам дека сè уште и после толку години, луѓето малку знаат што всушност имаме овде од аспект на здравствени услови и стандарди. Воспоставив една секојдневна работа и лекување на најтешко болни со применети највисоки стандарди. Успеав тие услуги да бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, пациентите да се лекуваат без да треба да плаќаат дополнителни средства. Иако само во кардиохирургијата, сепак ова е пример, т.е. покажува колкав потенцијал за развој на здравството постои, ако се променат условите на функционирање“, објаснува академик д-р Митрев.

Клиничката болница Жан Митрев е класичен пример за остварување на една визија, концепт кој макотрпно бил реализиран и е пример за многу млади луѓе дека може и тука, дома, да се направат големи работи. Всушност, направено е уникатно поврзување меѓу медицината и бизнисот. Од една страна да се пружи врвна медицинска услуга согласно највисоко утврдените стандарди во светски рамки, таа да биде достапна за кој било пациент и при тоа да се обезбеди економска исплатливост.

Одржана еднодневна работилница за филери за усни

Викендов во нашиот центар за естетска дерматологија, беше одржана едноденевна практична работилница наменета за усовршување на техника за филери за усни под менторство на специјалист дерматолог д-р Анџелка Илиева која е ментор и едукатор за дермални филери во нашата земја. Се работеше со брендот Белотеро и сите модели си заминаа задоволни од сработеното. Секако за сите посетитeли на работилницата беа доделени сертификати.