Интервју: д-р Михаил Таушанов, специјалист по неврохирургија

Настани

октомври 10,2024

Што ве мотивираше да се насочите кон неврохирургија како специјалност?

Д-р Таушанов: Секогаш имав интерес како функционираат луѓето и долго време сметав дека психијатрија ќе е мојата специјалност. Во 5-та година за време на медицинските студии имав можност да асиситарaм на неврохирургија и од блиску да го видам мозокот и изучената неуроанатомија во пракса. Тогаш се појави желбата да помагам на пациенти со остсранување на патолошки супстрат кој им го нарушува секојдневниот живот.

Што ве привлече да работите токму во Клиника Жан Митрев и како оваа клиника влијае на вашето професионално развивање?

Д-р Таушанов: Шансата да работам во реномирана медицинска установа и можностите да се биде дел од тим во чие знаење во континуитет се инвестира.

Дали во Клиника Жан Митрев има програми за менторирање и обука за младите доктори и какви се твоите можности за континуирана едукација и професионален развој во рамките на клиниката?

Д-р Таушанов: Kлиниката Жан Митрев работи по највисоки стандарди и нуди постојана доедукација и усовршување на неврохирушките способности, нудејќи можност да се работи и учи од најдобрите специјалисти по неврохирургијата во Европа. Со формирањето на новиот неврохируршки оддел, соработките со реномирани имиња од оваа област, јас како носител на дејноста, гледам огромен потенцијал за иден личен развој, но и развој на самата медицинска гранка во земјава, која ќе ја оствари крајната цел да се понудат врвни решенија за пациентите.

Како ја оценувате опременоста и технологијата во Клиника Жан Митрев во однос на неврохируршки интервенции и дали има некои специфични процедури или методи кои се користат во Жан Митрев, а не се чести во другите болници?

Д-р Таушанов: Болницата е опремена со најсовермена технологија и се стреми секогаш да обезбеди опрема која ќе овозможи надобри резултати за пациентите. Во моментот започнуваме со оперативни интервенции и очекувам во брзо време да воведеме оперативни интервенции со модерни техники по кои би биле препознатливи.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите лекари во Македонија, особено во специјалностите како неврохирургија?

Д-р Таушанов: Големите обврски за време на специјализацијата, многубројните работни часови и изнаоѓање време за учење. Истовремено менаџирањето на приватниот и семејниот живот.
Ако одвојувам најтешки беа работните часови, кои често пати беа повеќе од 100 часа неделно, но тоа е поднослива жртва за секој еден спасен живот.

Дали постојат доволно можности за професионален развој и напредок во земјата, или сметаш дека повеќето млади доктори се принудени да бараат работа во странство?

Д-р Таушанов: Има доволно можности за профефсионален развој и напредок во земјава. Колегите кои одат во странство и имаат можност за учат од врвни специјалисти и потоа се враќаат со цел да го унапредат нашето здравство се позитивен пример – Доц. д-р Жан Митрев е еден од нив.