Психичкото здравје кај негувателите

Негувател е секој оној кој се грижи за друго лице на кое му е потребна помош и нега. Тоа може да се однесува за дете, стар родител, болен животен партнер, роднина, пријател или сосед. Негувател, исто така, може да биде и платен професионалец кој обезбедува грижа во домот или на место надвор од домот на лицето.
Негувателите ја препознаваат состојбата и пријавуваат повисоки нивоа на стрес споредено со останатите луѓе. Оттука е битно и благовремено да знаат дека е неопходно да побараат помош и поддршка.

Грижата за болното лице носи чуство на награда и себе вреднување, но истовремено претставува стресна состојба.
Генералниот впечаток при негување друго лице е дека сме корисни, односно се има чувство дека правиме нешто корисно кога даваме помош на друго лице, односно олеснуваме туѓа мака. На тој начин расте чуството за себевреднување и почитување, а од друга страна придонесува во создавање на посилна и поздрава релација со болното лице.

Но, негувањето предизвикува и емоционален и физички стрес. Вообичаено е да се јави чуство на лутина, фрустрираност, истрошеност или тага. Повремено се јавува и доживување на самотија.

Овој континуиран стрес кој го доживуваат негувателите, може да влијае како на нивното телесно, така и на нивното ментално здравје. А постојат и одредени фактори кои стресот уште повеќе го изразуваат. Такви се:

  • Грижа за брачен другар,
  • Живеење со личноста на која и е потребна грижа, или потреба од постојана грижа,
  • Чувство на беспомошност или безнадежност,
  • Соочување со финансиски проблеми,
  • Недостиг на насоки од здравствените работници,
  • Неопходност да се биде негувател, без да се има друг избор,
  • Личен недостиг на добри вештини за справување или решавање проблеми,
  • Чуствителна личност која е постојано загрижена и сл.

Знаци на стрес кај негувателите

Фокусирани на негата и грижата за болно лице може да придонесе да направите превид како тоа влијае на вашето здравје и благосостојба. Знаците на стрес кај негувателите вклучуваат:

  • Чувство на оптоварување или загриженост цело време,
  • Чувство на замор,
  • Недоволно или прекумерно отспивање,
  • Зголемување или губење на телесна тежината,
  • Лесно постигнување на напнатост или лутина,
  • Намалување на интересот за активности кои претходно носеле задоволство,
  • Појавување на чувство на тага,
  • Соочување со чести главоболки, болки по телото или други здравствени проблеми,
  • Злоупотреба на алкохол или дрога, вклучително и лекови на рецепт,
  • Не соодветно исхранување,
  • Не наоѓање време за личен здравствен преглед и др.

Сето ова погоре наведено го зголемува ризикот од здравствени состојби, како што се срцеви заболувања и дијабетес.

Совети за управување со стресот на негувателите

Емоционалните и физичките барања за грижата можат да ја напнат дури и најсилната личност. Многу ресурси и алатки можат да ви помогнат да се грижите за вашите блиски и за себе. Ако не се грижите за себе, нема да можете да се грижите за никој друг.

Како може да се намали стресот кај негувателите:

  • Побарајте и прифатете помош. Направете листа на начини на кои другите можат да ви помогнат. Истото би вклучило поминување на одредено време или редовни прошетки со личноста за која се грижите, приготвување на оброк за вас, помагање околу медицински прегледи.
  • Фокусирајте се на она што можете да го направите. Понекогаш може да се чувствувате како да не правите доволно. Но, никој не е совршен негувател. Верувајте дека правите најдобро што можете.
  • Поставете цели што можете да ги достигнете. Поделете ги големите задачи на помали чекори. Издвојте битни од небитни работи од вашето секојдневие. Кажете „не“ на барањата што исцрпуваат, како што е давање оброци за празници или други прилики.
  • Поставете цели што можете да ги достигнете. Поделете ги големите задачи на помали чекори. Издвојте битни од небитни работи од вашето секојдневие. Кажете „не“ на барањата што исцрпуваат, како што е давање оброци за празници или други прилики.
  • Информирајте се за алтернативни услуги за грижа во вашата област. Може да најдете услуги за нега, како што се превоз до одредена институција или екскурзија, испорака на оброци или чистење на куќата.
  • Придружете се на група за поддршка. Луѓето во групите за поддршка знаат со што се соочувате. Тие можат да ве бодрат и да ви помогнат да ги решите проблемите. Групата за поддршка, исто така, може да биде место за стекнување нови пријатели.
  • Побарајте социјална поддршка. Останете поврзани со семејството и пријателите кои ве поддржуваат. Најдете време секоја недела да се видите со некого, дури и ако тоа е само прошетка или брзо кафе.
  • Грижете се за вашето здравје. Истото вклучува редовни здравствени проблеми, добро исхранување, спиење и движење.

Грижата за себе вклучува и остварување на преглед за лични цели доколку не се чувствувате добро. Доколку имате некој од погоре наведените симптоми може да остварите консултација или преглед со д-р Марија Костадиновска, психијатар во нашата клиничка болница. Повелете закажете на тел. број 02/3091484.

Продолжува соработката со стручното медицинско училиште од Струмица

32 средношколци од насоката сестри од СОУУД ,,Димитар Влахов ,, од Струмица ја посетиjа нашата клиника. Под водство на наставниците Алберта Шириќ и Елена Штркева учениците од 3 година направија комплетна обиколка на просториите и одделите со цел запознавање на работни процесеси во болничка установа.
Исто така им беше испорачана и пратка со болнички нагледни материјали кои ќе можат да ги користат за практична работа.

Дијагностицирање на синдромот ,,млитаво дете,, (Floppy Infant)

Синдромот ,,млитаво дете-floppy infant,, или нарекуван уште синдром на ,,кукла од крпчиња,, се карактеризира со хипотонија чии симптоми всушност манифестираат болести или состојби од централно или од периферно потекло. Зависно од причината на хипотонија кај доенчето, тоа појавува различни симптоми и знаци. Така, било кое оштетување на патот на моторниот неврон, ќе доведе до прекин на преносот на нервниот импулс кој ќе резултира со омлитавност на екстремитетите и губење на тетивните рефлексии. Токму од тука доѓа називот ,,млитаво бебе-Floppy Infant,,.

Клиничките иследувања се клучни за дијагноза на овој синдром. Од пресудно значење е истите да се спроведат уште во периодот веднаш по раѓање, бидејќи на тој начин ќе се откријат причинителите на хипотонијата. Без оглед на потеклото на причините, клиничката слика кај бебе со овој синдром ќе се манифестира со следните карактерисики:

  • ,,жабешки став,, односно поставеност на нозете како кај жаба (frog-leg),
  • млитавост на вратот при враќање на главата, осносно заостанување на главата наназад при маневар на повлекување на бебето нанапред,
  • впечаток на „лизгање на бебето низ раце“ при маневар на држење под пазувите.

Кога родителите може да се посомневаат дека нивното новороденче може да го има овој синдром? И кога да побараат невро-педијатриска консултација?

Родителите можат да забележат невообичаености уште во периодот на бременост. Многу чест симптом може да бидат намалените или комплетно отсутни движења на плодот. Тоа е најчестиот предиктивен знак за новороденче со екстремна хипотонија. Знак за оваа состојба е и полихидрамнион – или зголемена количина на плодова течност.

Исто така, доколку се случи родителите да забележат отежнато цицање и голтање кај новороденото, тоа се секогаш придружни знаци за вродени миопатии или спинална мускулна атрофија, но е и природен знак за вродени мускулни дистрофии. Затоа и во овој случај треба да побараат невро-педијатриско мислење.

Како можни причини за синфромот на ,,floppy infant ,, може да бидат: инфантен ботулизам, транзиторна новороденечка миастенија гравис, потоа хипермагнеземија или токсичен ефект на аминогликозиди. Хипотонијата е најчест придружен симптом кај оштетувања и малформации на мозокот. Во текот на клиничките иследувања, треба да се има увид и во постоењето на коморбидитети, односно комбинација на повеќе од една причина за хипотонија. И во сите овие случаи родителите треба да побараат мислење.

Третманот и лекувањето на овие состојби е индивидуално и со големи варијации, секако зависи од причините за настанатата омлитавеност кај детето. Најважно е да се потенцира дека императив е да се дијагностицира основната причина, за потоа да се пристапи кон целна нега и терапија, односно да се обезбеди третман кој ќе помогне во одржувањето и зголемување на постоечкиот мускулен тонус. Соодветниот начин на исхрана, правилните нутритивни навики и решавањето на тешкотиите во исхраната се исто така многу важен сегмент во третман на овие состојби.

За одговори, совети и правилно дијагностицирање на располагање е искусната д-р Катерина Василева-Димовска – педијатар. Закажете термин на 02/3091-484.

20 октомри – Светскиот ден на остеопорозата

Остеопорозата е прогресивна болест на коските која се карактеризира со намалување на коскената маса и густина и што доведува до зголемен ризик од фрактура. При остеопороза, коскената минерална густина (BMD) е намалена, коскената микроархитектура се влошува, а количината и разновидноста на протеините во коските се менува.

Со цел подигање на свеста за превенција, дијагноза и третман на оваа болест, започнувајќи од 1996 година почнува да се промовира датумот 20 октомври како Светски ден на остеопорозата, на овој ден стартуваат активностите посветени на подигање на глобалната свест за превенција, дијагноза и третман на остеопороза и метаболички заболувања на коските.

Организиран од Меѓународната фондација за остеопороза, Светскиот ден на остеопорозата обединува кампањи со активности на 90 национални здруженија на пациентите со остеопороза од целиот свет. За прв пат бил промовиран од страна на Националното здружение за остеопороза на Обединетото Кралство и поддржан од Европската комисија, Во нашата клиника располагаме со најсовремен дексаскенер за остеодензитометрија при која ќе се утврди густината на вашите коски.

За да закажете преглед по специјална цена од 1500ден јавете се на 02/3091-484.

Да бидеме секогаш подготвени, а да се надеваме дека никогаш нема да се случи земјотрес

Горди сме што нашиот медицински тим беше дел од вежбата по прва помош во итна ситуација – земјотрес, која се одржа на 18 октомври на неколку локации во Скопје. Во организација на Црвен крст на република Северна Македонија за неколку часа беа изведини координирани спасувања и пружање помош по однапред разработено сценарио во вежбата насловена како „Хуманитарен одговор 2023“..
Подготвеноста и мотивираноста на сите учесници беа на највиско ниво со цел соодветен одговор и неопходна помош и поддршка на нашите граѓани во неволја.

Нашите сестри на 2-от меѓународен конгрес

Минатата недела во периодот од 13 до 15 октомври, во Струга во организација на ,,За нас,,- Унијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се одржа вториот конгрес насловен како ,,Здраствената нега-научна дисциплина,,. На овој едукативен настан свое учество со предавања на теми поврзани со сестринството одржаа нашите сестри: Жанета Богоевска-Митева, Сања Давидов, Елизабета Димовска, Сузана Димишковска, Астрит Ејупи, Деспина Зафировска, Ирена Котеска, Марина Лазевска, Иван Наунов, Светлана Ончева, Соња Русевска, Андреја Србиновски и Весна Стојановска.
Годинава за првпат како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри, учество зедоа преку 400 учесници предавачи и соработници. Исто така за првпат беа доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева.

Кога, како и зошто хистероскопија?

Гинеколошката интервенција – хистероскопија е микроинвазивна процедура за решавање на голем број гинеколошки заболувања. Со директна визуелизација на шуплината на матката со помош на камера, можеме да решиме многу проблеми кои ги засегнуваат жените, а за кои предходно беше потребен класичен опертивен зафат.
Абнормалното крварење од матката е симптом кој постои кај 40% од жените кои доаѓаат во гинеколошките ординации. Некои од нив се третираат со хормонска терапија, но кај голем дел постои потреба за дијагностичка и терапевтска хистероскопска постапка. Истата се спроведува микроинвазивно со еднодневна хирургија и минимален период на опоравување. Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети за замена на класичната хирургија и хистероскопијата е се почест избор за решавање на нивните проблеми.

Опертивната хистероскопија е златен стандард за: отстранување на полипи од шуплината на матката, миоми кои се видливи во внатрешноста на матката, горење на слузницата на матката, која ја користиме кај жени кои завршиле со репродукција, и кои имаат обилни менструации кои пак доведуваат до анемија и општа слабост, како алтернатива за вадењето на матката.

Покрај оваа примена на хистероскопијата, денес таа има голем удел при третирање на пациентките со стерилитет. Со примена на хистероскопијата се решаваат проблеми како аномалии на утерус, како и преграда на матка со ресекција на истата.
Денес хистеророскопската хирургија има значајно место во секојдневната гинеколошка пракса носејќи со себе голем напредок во третманот на жените.

Во нашата клиника на располагање ви се најмодерните гинеколошки техники кои ги изведуваат нашите искусни гинеколози. За да закажете термин за преглед јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484

Што е ментално здравје?

Менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Тоа влијае на начинот на кој размислуваме, чувствуваме и делуваме кога се соочуваме со животот. Исто така, помага да се одреди како се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и како донесуваме одлуки. Менталното здравје е важно во сите фази од животот, од детството и адолесценцијата до зрелоста и староста.

Што се ментални болести?

Менталните болести се сериозни состојби кои можат да влијаат на начинот на кој размислувате, вашето расположение и вашето однесување. Тие можат да бидат повремени или долготрајни. Тие можат да влијаат на вашата способност да се поврзувате со другите и да функционирате секој ден. Менталните проблеми се чести но сепак, постојат достапни третмани. Достапните терапии и психотераписки интервенции овозможуваат значително намалување на присутните симптоми и овозможуваат кај голем дел од лицата да се вратат во нормално секојдневно функционирање.

Зошто е важно менталното здравје?

Менталното здравје е важно бидејќи може да ви помогне:

  • Да се справувате со животниот стрес
  • Да бидете физички здрави
  • Да остварувате здрави врски
  • Да имате значаен придонес во заедницата каде живеете
  • Да работите продуктивно
  • Да го искористите вашиот потенцијал во целост

Вашето ментално здравје е исто така важно бидејќи може да влијае на вашето телесно здравје. На пример, менталните нарушувања може да го зголемат ризикот од телесни здравствени проблеми, како што се мозочен удар, шеќерна болест и срцеви заболувања.

Што може да влијае на моето ментално здравје?

Постојат многу различни фактори кои можат да влијаат на вашето ментално здравје, вклучувајќи:

  • Биолошки фактори, на пример генетски фактори
  • Животни искуства, како што се траума или злоупотреба
  • Семејна историја на проблеми со менталното здравје
  • Вашиот животен стил, како што се исхраната, физичката активност и употребата на одредени супстанции (алкохол или дрога).

Со превземање на одредени нови стилови на живеење како на пример: медитација и користење техники за релаксација, спортување може да се подобри квалитетот на менталното функцинирање.

Дали моето ментално здравје може да се промени со текот на времето?

Животот е динамичен процес, се соочуваме со низа на животни предизвици кои може да влијаат менталното здравје да се промени. На пример, соочување со тешка ситуација, – соочување  и справување со хронична болест, нега и грижа за болен роднина или постоење на финансиски проблеми. Ситуацијата може да ве исцрпи и да ја надвладее вашата способност да се справите со ново настанатите состојби. Ова може да го влоши вашето ментално здравје. Од друга страна, разговор на овие теми или примање на терапија може да ја подобри состојбата.

Кои се знаците за проблеми со менталното здравје?

Кога станува збор за вашите емоции, може да биде тешко да знаете што е нормално, а што не. Но, проблемите со менталното здравје имаат предупредувачки знаци, како што се:

  • Промени во навиките за јадење или спиење
  • Изолација од луѓето и активностите во кои сте уживале
  • Намалување или отсуство на животна енергија
  • Чуство на празнина или како ништо да не е важно
  • Необјаснети болки и немир/секирации
  • Чувство на беспомошност или безнадежност
  • Пушење, пиење или користење дроги/лекови повеќе од вообичаено
  • Чувство невообичаено збунето, заборавно, луто, вознемирено, загрижено или исплашено
  • Сериозни промени во расположението кои предизвикуваат проблеми во вашите односи
  • Мисли и спомени кои не можете да ги извадите од главата
  • Слушање гласови или верување во работи кои не се вистинити
  • Размислување да се повредите себеси или другите
  • Неможност да ги извршувате секојдневните задачи како што се грижата за вашите деца или одењето на работа или училиште

Што треба да направам доколку мислам дека имам проблем со менталното здравје?

Доколку мислите дека можеби имате проблем со менталното здравје, побарајте помош. Терапијата за разговор и/или лекови може да третираат ментални нарушувања. Доколку не знаете од каде да започнете, нашиот тим психолози и доктор специјалист по психијатрија ви стојат на располагање за да ви помогнат во решавање на вашите проблеми.

Закажете консултација на 02 3091 484