Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

28.02.2022

Интервентна кардиологија одблиску – Ѕирнете во ТАВИ процедурата

Што е ТАВИ?

TAVI е кратенка за поставување на аортна валвула преку катетер (Transcatheter Aortic Valve Implantation) . Таа претставува минимално инвазивна процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на вашето срце.

Зошто ми е потребно да направам ТАВИ?

Вашиот лекар може да ви ја препорача оваа процедура доколку имате проблем со аортниот залисток и имате превисок ризик за да ви биде изведена операција на отворено срце.
Вашиот аортен залисток е еден од четирите главни вентили во вашето срце. Како што чука вашето срце, тој се отвора и затвора, дозволувајќи крвта да тече од вашето срце кон остатокот од вашето тело во една насока.
Како што стареете, на залистокот на срцето може да се акумулираат наслаги кои го прават потврд и подебел. Како резултат на тоа, вашиот аортен залисток не може да се отвора правилно, а тоа го принудува срцето да работи понапорно за да ја испумпа крв низ стеснетиот премин. Ова е состојба наречена аортна стеноза или стеснување.

Аортната стеноза може да доведе до губење на здивот, болка во градите, замор и вртоглавица, губиток на свест и животозагрозувачка аритмија.
Постапката TAVI всушност се спроведува за да се корегира вашата валвула/залисток.
За време на зафатот преку рез во делот на препоните се вметнува мрежичка која служи за да го одржува отворот на валвулата во оптимално потребна ширина. Може да се изведе со локална или општа анестезија.

Кои се ризиците од TAVI?

TAVI е минимално инвазивна процедура, што значи дека се изведува преку многу мали засеци – наместо еден голем. Минимално инвазивната хирургија обезбедува подобри шанси за побрзо закрепнување по вашата операција. Сепак, како и со секоја процедура, постојат можни ризици.

Тие може да вклучаат:

  • Крварење или васкуларна повреда
  • Абнормален срцев ритам (аритмии) – понекогаш е потребен пејсмејкер
  • Блокирана коронарна артерија и следствен срцев удар
  • Аортна регургитација- големо враќање на крвта према срцето
  • Бубрежно оштетување
  • Мозочен удар
  • Смрт

Вашиот лекар детално ќе ви ги објасни ризиците пред да се согласите на операцијата. Имајте предвид дека за какви било прашања или грижи можете да разговарате со него. Од вас ќе биде побарано да потпишете формулар за согласност за да се согласите со постапката.

Како да се подготвам за ТАВИ?

Прашајте го вашиот лекар за земање на вашите вообичаени лекови – особено ако земате лекови за дијабетес или лекови за разредување на крвта. Ако земате лекови за дијабетес, ќе треба да се договорите со вашиот лекар пред операцијата.
Не јадете – најмалку шест часа пред да започне вашата процедура
Не пијте бистри течности четири часа претходно. Во бистрите течности и пијалоци спаѓаат вода и чај
Пред да започне вашата процедура, ќе биде побарано да го отстраните накитот и да носите болничка наметка.

Што се случува за време на TAVI?

Процедура TAVI се одвива во просторија која изгледа како операциона сала. Ќе ве одведат во просторијата за процедури на количка и ќе ве замолат да легнете на соодветна површина намената за овој зафат. Интервенцијата се прави воопшта анестезија а анестезиологот ке ја води истата ќе ви даде лекови кои ќе ви помогнат да се опуштите, заспиете и повторно разбудите.

За време на процедурата:

Областа е вкочанета и се дава или локален анестетик со седација или општа анестезија. Ова ќе биде дискутирано со вас пред процедурата.
Балон катетерот се вметнува во артерија во делот на препоните или под вашата клучна коска.
Балонскиот катетер се води во вашето срце и се поставува во отворот на аортната валвула.
Лекарот нежно го надувува балонот за да го отвори вентилот- ова се прави, како и целата процедура под рентген скопија.

Лекарот вградува нова аортна валвула со помош на метална мрежеста цевка која го одржува вентилот на место – новиот вентил или се шири сам по себе или се шири со помош на балонот, во зависност од видот на користениот вентил.
Новиот вентил е позициониран така што ја турка настрана вашата оштетена аортна валвула
Балонот се издува и лекарот го отстранува балон катетерот.

Што се случува по ТАВИ?

По вашата процедура TAVI, лекарот внимателно ќе ве следи и ќе ви каже колку време треба да останете во болница. Запомнете дека вашиот тим е посветен на обезбедување на најдобриот можен исход за вас, и тие ќе бидат тука за да го поддржат вашето закрепнување на секој чекор од патот.
Пред да одите дома, ќе ви бидат дадени детални инструкции за тоа како добро да се опоравите и да се вратите на добро здравје – и многу е важно да го следите овој совет. Ако продолжите да чувствувате какви било знаци или симптоми кои ве прават да се чувствувате загрижени, закажете консултација со вашиот лекар.

TAVI процедурите во Жан Митрев Клиник ги изведува искусен тим и истите се покриени од ФЗО.

Подолу можете да погледнете кратко видео како изгледа TAVI процедурата.