Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

17.06.2013

IV Годишен собир на експертите за третман на акутна бубрежна слабост

IV Годишен собир на експертите за третман на акутна бубрежна слабост

Во периодот од 18-21.04.2013 година во Валета, главниот град на Малта, се одржа IV годишен собир на експертите за третман на акутна бубрежна слабост. Главен организатор на оваа едукативна работилница беше Гамбро, чиј гостин од Република Македонија беше др. Тања Анѓушева.

На работилницата учествуваа лекари од 50 земји од Европа и Блискиот исток. Работилницата ја водеа експерти од светот како др. Вилијам Кларк, Вице Президент за Медицинска стратегија и Развој на терапија, Гамбро, УСА, проф. др. Џон Келум професор по Интензивна нега при Универзитетот во Питсбург, УСА, ко-директор на Механизам & Новел Терапии за ресусцитација & акутни заболувања МАНТРА, лаб. др. Кај Херенски Медицински Директор ЕМЕА, Гамбро болница ГМБХ, Германија, др Јозеф Торнер – медицински директор – хепатална нега, Гамбро, Шпанија, проф. Петар Кес, проф. по интерна медицина – Универзитетски болнички центар Загреб, Хрватска.На работилницата јасно се дефинираше проблемот на акутната бубрежна слабост во единиците за интензивна нега, потребата да истата се разграничи од хроничната бубрежна слабост. Беше потенцирана разликата во третманот на акутната бубрежна слабост и улогата на континуираната бубрежна заместителна терапија. Беа избрани предавачи за наредниот V – ти собир, меѓу предавачите беше предложена и др. Тања Анѓушева.