Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

24.02.2023

Нова услуга во амбулантата за физиотерапија ERGON IASTM – Мобилизација на меки ткива со помош на инструменти

Станува збор за мануелна техника при која се употребуваат специјални алатки (инструменти) со кои се спроведува третманот. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива.
Времетраење на еден третман: 30-45 минути, во зависност од регијата на примена

Мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) е квалификувана миофасцијална интервенција која се користи за третман на меките ткива. Се заснова на принципите на масажата со вкрстено триење според Џејмс Сириакс.
Истата се спроведува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик и имаат заоблени рабови и контури за да одговараат на различните анатомски локации на телото. Ваквите алатки користени од квалификуван и вешт физиотерапевт овозможуваат преку различните техники за директен компресивен удар, подлабоко продирање при манипулациите врз кожата, миофасцијата, мускулите и тетивите.
Се смета дека самата техника еволуирала од Гуа ша – метода што се користи во кинеската медицина. Иако и Гуа ша користи инструменти со измазнети рабови, сепак нејзината примена, цел и методи на примена се различни од IASTM.

Како функционира?

Инструментите можат ефикасно да ги разбиваат фасцијалните ограничувања и ткивото околу лузните. Ергономскиот дизајн на овие инструменти му обезбедува на практичарот можност да ги лоцира ограничувањата и воедно да ја третира погодената област со соодветна количина на притисок.
Воведувањето на контролирана микротраума во погодената структура на меките ткива предизвикува стимулација на локалниот воспалителен одговор. Микротраумата потоа иницира реапсорпција на несоодветна фиброза или прекумерното ткиво со лузни и ја олеснува каскадата на лековити активности што резултира со ремоделирање на засегнатите структури на меките ткива. Адхезиите во мекото ткиво кои можеби се развиле како резултат на хируршка интервенција, имобилизација, прекумерно напрегање или други механизми, се разградуваа. Тоа овозможува целосна функционална реставрација.

Состојби во кои најчесто се применува IASTM:

  • Медијален епикондилитис
  • Латерален епикондилитис
  • Синдромот на карпален тунел
  • Болка во вратот
  • Плантарен фасцитис
  • Тендинитис на ротаторната манжетна
  • Пателарен тендинитис
  • Тибијален заден тендинитис
  • Болка во петицата / Ахилова тендинитис
  • DeQuervain-ов синдром
  • Постхируршки и трауматски лузни
  • Миофасцијална болка и ограничувања
  • Мускулно-скелетни нерамнотежи
  • Хроничен оток на зглобовите поврзан со истегнување/напрегање Истегнување на лигаментите
  • Напрегање на мускулите Не-акутен бурзитис RSD (рефлексна симпатична дистрофија) Болка во грбот Болка во колкот (замена) Синдром на ИТ бенд Хронично истегнување на глуждот Акутно истегнување на глуждот (напредна техника) Лузни (хируршки, трауматски)

Контраиндикации

  • Отворена рана (незалечено место на шиење)
  • Неизлечена фрактура
  • Тромбофлебитис
  • Неконтролирана хипертензија
  • Нетолеранција/хиперсензитивност на пациентот
  • Хематом
  • Остеомиелитис
  • Миозитис ossificans
  • Хемофилија
  • Мерки на претпазливост
  • Антикоагулантни лекови
  • Рак
  • Проширени вени
  • Лузни од изгореници
  • Акутни воспалителни состојби
  • Дисфункција на бубрезите
  • Воспалителна состојба секундарна на инфекција Ревматичен артритис Бременост IASTM

Физиологија и придобивки

Физиолошки механизам

Повеќето истражувања (студии) се насочени на придобивките од IASTM на клеточно ниво. Воспалителниот одговор инициран преку микротраума на погодените ткива резултира со зголемена пролиферација на фибробластите, синтеза на колаген, созревање и ремоделирање на неорганизирана матрица на колагенски влакна по примената на IASTM. Што резултира со распаѓање на ткивата на лузни, адхезии и ограничувања на телото.

Фибробластот се смета за најважна клетка во екстрацелуларниот матрикс (ECM). Регенерацијата и одржувањето на меките ткива се одвиваат во ECM. Фибробластот го синтетизира ECM, кој вклучува колаген, еластин и протеогликани, меѓу многу други суштински супстанции. Фибробластите имаат способност да реагираат како механотрансдуктори, што значи дека се способни да детектираат биофизички напрегања (деформации) како што се компресија, вртежен момент, смолкнување и проток на течност, и да создадат механички хемиски одговор.

Клинички придобивки

Направените Студи, исто така, потврдуваат клинички придобивки од IASTM и тоа: подобрувања во опсегот на движење, силата и перцепцијата на болка по третманот. Мелхам и неговите соработниците откриле дека IASTM значително го подобрил опсегот на движење кај фудбалер по 7 недели IASTM и физикална терапија. Исто така увиделе дека ткивото на лузната што го опкружува латералниот малеолус се намалило и структурно се ремоделирало по примената на IASTM. Вилсон и соработниците пак утврдиле подобрувања во доменот на болката т.е нејзино намалување и скалата на оштетување на 6 и 12 недели по апликацијата IASTM за пателарен тендинитис.

Практична примена

IASTM секогаш треба да се комбинира со програма за движење и зајакнување за да се подобри ремоделирањето на ткивата.

Примената на IASTM се спроведува во 6 чекори.

  1. Преглед-проценка
  2. Загревање во траење од 10 до 15 минути со лесно џогирање, стационарен велосипед или ергометар за горниот дел од телото.
  3. IASTM третман кој се изведува под агол од 30-60 степени за 40-120 секунди 4.Истегнување – 3 повторувања по 30 секунди 5.Зајакнување со голем број на повторувања при вежбање со мало оптоварување 6.Криотерапија во траење од 10 до 20 мин.

Важно е секако да се напомене дека инструментот се дезинфицира меѓу пациентите за да се избегне пренос на инфекции. Пропорачаната дезинфекција се прави со средства за дезинфекција на пр: изопропил алкохол, а потоа мие и со сапун и вода за да се отстранат сите остатоци од хемиското средство за дезинфекција од инструментот. Ако алатот бил во контакт со крв, телесни течности, мукозни мембрани или неоштетена кожа, тогаш се дезинфицира со средство за дезинфекција на високо ниво.

Оваа техника е достапна во нашата амбуланта за физиотерапија и ја изведуваат нашите искусни и соодветно обучени физиотерапевти. За повеќе инфорамции и закажување јавете се на 02/3091-484