Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

05.12.2016

Нутригенетиката одредува која храна е најдобра за вас

Нутригенетика е генетска кодираност на секој организам за тоа која храна најмногу му годи. Тоа е единствениот начин да се утврди ова научно, иако порано имаше многу шпекулации според кои типот на исхрана се одредуваше преку крвни групи или не знам што, што нема никаква научна оправданост.

Единствено нутригенетиката може да одреди на која храна индивидуата најповолно реагира.

– И затоа се прават големи штети со разноразните диети со кои на човекот можеби му се одзема онаа храна на која тој најдобро реагира бидејќи е можеби генетски предодреден за неа. На некого можеби му годат токму јаглените хидрати кои во повеќето диети се исфрлаат а се внесува нешто друго што на некој организам наместо полза му носи повеќе штета и може да доведе до болест или други тешки состојби кои можат да резултираат во болест. Ова е за мене голем исчекор бидејќи со помош на нутригенетиката се овозможува на пациентот да му се даде правец на исхрана без диета и на тој начин долгорочно и без мака, со нормална исхрана да се дојде до идеална тежина. Веќе ги имаме и првите резултати и неколку пациенти со големи тежини веќе се третираат кај нас. На пример, имаме пациентка со над 200 кг телесна тежина на која секој ден по такси и праќаме оброци кои се приготвени во нашиот ресторан врз основа на претходно направена нутригенетика и за кратко време таа веќе има изгубено над 25 кг без никаква диета – објаснува д-р Жан Митрев за Арткујна.

– Јас моментално си правам себеси вакво испитување кое е многу пошироко, а конкретно, утврдувањето на нутригенетиката не е многу скап пакет со оглед на тоа што се прави еднаш и важи цел живот. Чини околу 200-300 евра, а врз основа на ова испитување, нашиот нутриционист може на секој кој ќе дојде да му направи предлог менија, може да се храни тука, или да му се праќа некаде кадешто се наоѓа – вели д-р Митрев.

Жан Митрев: Нутригенетиката одредува која храна е најдобра за вас