Уште едно признание за професионалната работа на Специјалната болница „Филип Втори“

Дневна доза здравје

февруари 02,2015

Улогата на микробиолошката лабораторија во контролата на болничките инфекции

Микробиолошката лабораторија на Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ и во 2104 година го потврди квалитетот на своето работење. Признанието е добиено преку надворешна контрола од страна на експерти од Холандија, Данска, Велика Британија и други европски држави во рамките на CAESAR (Central Asian and Eastern European Surveillance of Antimicrobial Resistance).Нулта толеранција поточно ниту еден случај на болничка инфекција!Ова е основното начело на работата на микробиолошката служба и тимот за интрахоспитални инфекции, за континуирано одржување на здравјето на нашите пациенти. Со големи напори од страна на сите профили на здравствени работници се обезбедува систем на работа кој поддржува сигурна пракса. Микробиолошката лабораторија со својот потенцијал постојано работи на спречување на појава на инфекција кај пациентите кои престојуваат во болницата, користејќи брзи, прецизни и стандардизирани техники. Редовната епидемиолошка контрола во болницата и успешната соработка со клиничките тимови придонесува да се држи под контрола настанувањето на резистенција на микроорганизмите кон антимикробните средства. Во светски рамки поразителен е податокот кој укажува дека годишно болничките инфекции се причина за смртност на поголем број луѓе во споредба со бројката на лица кои животот го губат во сообраќајни несреќи,пожари и поплави.