Посветени кон континуирана едукација, развој и стручно усовршување на нашите вработени

Одбележувајќи ја триесет годишнината од постоењето на револуционерната научна експертиза на Orthomol, Андреас Сингер – Главен менаџер за меѓународна продажба во Orthomol и Оливер Роте – Стручен тренер во полето на ортомолекуларна медицина, остварија посета на тимот на Фила-Фарм во Скопје.

Посветени кон континуирана едукација, развој и стручно усовршување на нашите вработени, посетата креираше одлична можност за усовршување на нашата експертиза во полето на ортомолекуларната медицина отсликувајќи ги светските научни достигнувања на производите на Orthomol.

Покрај едукативната, оваа посетата го симболизира и континуираниот влог кој тимот на Клиничката болница Жан Митрев го негува кога станува збор за развојот на академската, научна и стручна соработка на нашите вработени.

Како долгогодишен партнер во приближувањето на палетата на висококвалитетни витамински и медицински производи на Orthomol на домашниот пазар, оваа посета е уште доказ на нашата посветеност во полето на нутритивна нега и заштита на здравјето на нашите пациенти.

И во иднина, заедно со семејството на Orthomol продолжуваме кон поддршка на Вашето здравје!

Се што треба да знаете за HydraFacial

Факт е дека кожата старее од ден на ден и има потреба од грижа. Кожата се контаминира од околината и факторите како што се: стрес, употреба на шминка и загаденост на воздухот. Сите тие влијаат врз кожата и ја одземат виталноста. HydraFacial е решението кое ние го нудиме и е неинвазивно, а резултатите видливи веднаш по првиот третман.

HydraFacial е патентиран третман на лицето кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации. Познат е и како „хидрадермабразија“ затоа што вклучува ексфолијација слична на микродермоабразија во комбинација со хидратантни серуми.

Овој третман е препознатлив по својот процес од три чекори и вклучува длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето. Оваа патентирана процедура може исто така да помогне и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки.
Целата постапка е неинвазивна и се изведува со механички апликатор кој поминува по вашата кожа и истовремено длабински ја чисти, ексфолира и нанесува серуми прилагодени на вашиот тип на кожа или зависно од проблемот кој го имате.

Кои се придобивки од HydraFacial третманот

HydraFacial ја подобрува целокупната текстура, тонус и изглед на кожата на лицето. Ова се должи на длабинската ексфолијација која ги чисти вашите пори, отстранувајќи ги нечистотиите и овозможувајќи подобра пенетрација на серумите за лице прилагодени на вашиот тип на кожа.

Видови третмани

Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни тетмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми.

HydraFacial третман за акни

Техниките на микродермоабразија долго време се сметаат за ефикасни во третманите за акни и лузни од акни. Ова се должи на длабоката ексфолијација која помага да се отстранат мртвите клетките што ги затнуваат порите на кожата.

HydraFacial третман за комедони

Мртвите клетки на кожата исто така придонесуваат за појава на комедони. Овој неинфламаторен вид на акни може да ги користи придобивките од методите за пилинг и екстракција што се користат во Hydrafacial.

HydraFacial третман за црвенило

Навистина е тешко да се најдат третмани доволно безбедни за оваа чувствителна состојба на кожата на лицето. Согласно резултатите од направената студија во 2006 година потврдено е дека папулопустуларна розацеа може да има бенефит од третманите со хидрадермоабразија.

HydraFacial третман против стареење

Студија направена во 2008 година, потврдува дека оние кои примиле третман со HydraFacial имале значително намалување на знаците на стареење на кожата во споредба со оние кои користеле само серуми. Ефектите од HydraFacial биле: намалена големина на порите, помала хиперпигментација и намалени брчки.

Како функционира HydraFacial третманот?

HydraFacial третманот го изведува или лиценциран естетичар или дерматолог. Постапката се изведува во три дела:
Дерматологот најнапред поминува со апликаторот сличен на вакуум врз вашето лице. Со негова помош длабоко ја чисти нечистотијата и масните наслаги од порите. Тие исто така користат пилинг за ексфолијација и обновување на површината на кожата.
Потоа користи и додаток сличен на пенкало за да нанесе хидратантен серум со антиоксиданси.

Како да се грижиме за лицето после HydraFacial третманот?

Секој третман на HydraFacial трае помалку од еден час без паузи. За разлика од другите третмани како на пример хемиските пилинзи, веднаш после HydraFacial можете да продолжите со вообичаените активности.
Иако не се оечкува да имате црвенило или лупење на кожата по третманот, сепак е најдобро да избегнувате третмани за пилинг во првите неколку дена по HydraFacial.

Колку често може да се применува HydraFacial третманот?

Фреквенцијата на HydraFacial сесиите зависи од типот на кожата и препораките од вашиот козметичар или дерматолог. Некои препорачуваат повторување на третманот на секои 4 недели, додека други охрабруваат повторувања на третманот на секои 2 недели.
Вашиот дерматолог може да ви помогне да го одредите точниот број на третмани врз основа на состојбата на вашата кожа на лицето.

Кожа без недостатоци, пристигна Hydrafacial!

Нашиот центар за естетска дерматологија ја збогати понудата на нови услуги со Hydrafacial уредот

Од пред само неколку дена, единствено кај нас, достапни се патентираните Hydrafacial третмани кои се познати во светот и како третмани за хидродермална абразија. Истите ги изведуваат нашите лиценцирани дерматолози со помош на специјалниот Hydrafacial апарат. Со овој апарат се спроведува патентирана процедура која опфаќа: чистење, пилинг, екстракција, хидратација и антиоксидантна заштита во исто време. Ваквиот темелен пристап резултира со почиста, помазна и поубава кожа. Кожа без недостатоци.

Третманот е смирувачки, хидратантен, неинвазивен и неиритирачки. Со негова помош се подобрува хидратацијата на кожата и се елиминира појавата на фини линии, хиперпигментации, но и влијае врз контролата на излачувањто на маснотии и самите брчки. И што е најважно, освен длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето третманите направени со HydraFacial помагаат и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки.


Достапни се неколку нивa на третмани: Signature Hydrafacial, Deluxe Hydrafacial, Platinum Hydrafacial.


Првите 30 клиенти ќе добијат промотивни цени на овој третман т.е 30% намалување.


Ве очекуваме 02/3104-910

Раното откривање ја намалува смртноста од рак на дојка

Клучно е да знаете дека годишниот мамографски скрининг треба да го практикуваат сите жени по 40-та година од животот.  Додека пак, сите оние кои имаат зголемен ризик заснован на генетика, или постоечка историја на проблеми ова треба да го прават почесто.

Како 3Д мамографијата помага во откривање на карцином на дојка?

Иако истражувачите продолжуваат да бараат нови технологии за откривање на болестите на дојка, тридимензионалната (3D) мамографија останува една од најдобрите алатки достапни за скрининг и откривање на рак на дојка.

3D мамографијата уште позната како томосинтеза, користи ниски дози на зрачење за да направи слики од ткивото на дојката кои се претставени – „исечени“ во повеќе слоеви.

Компјутерската апликација ги трансформира слоевите во 3D- аспекти од ткивото на дојката. Густината на ткивото го одредува бројот на овие слоеви. Колку е погусто ткивото, толку повеќе слоеви генерира компјутерот, обезбедувајќи им на радиолозите и техничарите појасни погледи на ткивото.

3D мамографијата дава појасна слика за ткивото на градите, особено кај пациенти со густи гради. Со добивањето на јасните слики од 3Д мамографија, се намалува потребата од дополнителни испитувања и со тоа се скратува времето на чекање, а самите пациенти се помалку вознемирени бидејќи добиваат навремени и сигурни резултати.

Придобивките од 3D мамографија

Не само истражувањата, туку и праксата покажува дека дигиталните мамограми се значително подобри од конвенционалните мамографи за откривање на рак на дојка кај жени помлади од 50 години, кај жени пред менопауза и во менопауза и кај жени со густи гради. Стапката на преживување за луѓето со рак на дојка кој е откриен рано, во локализирана фаза, е 98 проценти, според Националната фондација за рак на дојка.

Можностите за зголемување на 3D системот и напредните филтри, исто така, им олеснуваат на техничарите за мамографија да ги гледаат сликите како што се направени.

Во согласност со препораките на Американското здружение за рак, експертите ги повикуваат жените да прават месечни самоиспитувања на градите и да подлежат на годишни мамографи за скрининг на возраст од 40 години до возраст од 80 – 85 години. Тие, исто така, препорачуваат претходни мамографи за оние кои што во семејството имале член со рак на дојка, или пак, имале други фактори на ризик. Покрај тоа, важно е да се спроведува клинички преглед на дојка секоја година од лекар или друг здравствен работник обучен за оваа техника.

Во Жан Митрев Дијагностик Струмица е ставен во употреба уредот Tesla Care prestige за третман со функционална магнетна стимулација

Што е функционална магнетна стимулација?

Функционална магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен и безболен метод кој се базира на електромагнетно поле под влијание на висок интензитет до 3T. Станува збор за ново развиена електротерапија во која се користи специјална ФМС технологија т.е импулсно магнетно поле генерирано од уредот Tesla Care prestige кој предизвикува длабоки мускулни контракции. ФМС технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација.

Функционалната магнетна стимулација не предизвикува болка, може да функционира и без директен допир на кожата, не ги стимулира нервите на површината на кожата и затоа е попријатна од класичната електростимулација. Магнетните полиња лесно продираат низ облеката, ткивото и коските и достигнуваат до недостапните ткива. Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно.

Индикации

  • Намалување на спазам
  • Импиџмент синдром и смрзнато рамо
  • Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија
  • Карпал тунел синдром
  • Торакална мобилизација
  • Заздравување на фрактури
  • Руптури на мускули, тетиви и лигаменти
  • Пателарна тендинопатија
  • Епикондилит
  • Спречување на атрофија на мускулите
  • Подобрување на дишењето
  • Акутен и хроничен лумбален синдром ( лумбаго и ишијалгија)
  • Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси ( дискус хернија)
  • Акутна и хрнична радикулопатија
  • Рехабилитација на трауматски мускул или нерв
  • Третман на акутна болка
  • Спортски повреди
  • Стрес уринарна инконтиненција
  • Ургентна уринарна инконтиненција
  • Мешана уринарна инконтиненција
  • Фекална инконтиненција
  • Регенерација на карлично дно после породување или операција
  • Инконтиненција после радикална простатектомија
  • Еректилна дисфункција

Методи на третманот

ФМС се користи во серија од 8 до 16 третмани
Третманите треба да се изведуваат на секои два до три дена.
Интензитетот се прилагодува индивидуално според потребите на пациентот.
Времетраење на третманот е 15-30 минути (во зависност од индикација).

Во моментот достапни се три услуги со ФМС во Жан МИтрев Дијагностик – Струмица исто како и во Клиничката болница Жан Митрев во Скопје:

  • Функционална магнетна стимулација (за сите мускулно-скелетни и невролошки диагнози)
  • ФМС за уринарни инконтиненции
  • ФМС за фекални инконтиненции

Препораките за третман со ФМС може да бидат дадени од уролог или гинеколог за уринарни инконтиненции или еректилна дисфункција, а за мускулно-скелетни и невролошки диагнози препораката треба да дојде од ортопед или невролог.

За повеќе информации контактирајте на 070 257 962
За закажување термин контактирајте на 034 320 302