8 март – Меѓународен ден на жената

Грижете се за себе. Редовните превентивни прегледи се клучни. За закажување ☎️ 02/3091-484

  • Ехо на дојка 1 800 ден.
  • 2Д Мамографија 2 500 ден.
  • 3Д Мамографија 4 500 ден.
  • Ехо на дојка и 2Д мамографија 3 900 ден.
  • Гинеколошки преглед со ПАП 3 500 ден.
  • Гинеколошки преглед 2 500 ден.
  • Детекција на ХПВ со брис 2 500 ден.
  • Сексуално преносливи болести 3 истовремено (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина (со PCR метода) 1 800 ден.
  • Магнет на матка со контраст 15 500 ден.
  • Магнет на дојки 15 500 ден.
  • Остеодензитометрија Дексаскен 1 900 ден.
  • Ехо на тироидеа 2 000 ден.
  • Пулмолошки преглед 2 000 ден.
  • Нефролошки преглед 2 000 ден.
  • Дерматолошки преглед 2 000 ден.
  • Фотофајндер (скенирање на бенки) 6 000 ден.
  • Колоноскопија со анестезија 18 000 ден.
  • Гастроскопија со анестезија 18 000 ден. Диколку се направат двете во еден акт 28 000 ден.
  • МСКТ серија со контраст (глава со врат/абдомен/долни екстремитети) 14 000 ден.
  • МСКТ нативна серија бели дробови со крвна слика 12 000 ден.
  • ЦТ Виртуелна колоноскопија 12 000 ден.
  • МР нативна серија 13 000 ден.
  • Магнет на цел рбет 21 000 ден.
  • Секвенционирање на егзом – кардиоваскуларни болести, канцер или специфични болести 60 000 ден.

Грижете се за себе. Превентивните редовни прегледи се клучни

Таа, тој, било кој, секој може да се соочи со проблеми врзани за дојките. Сепак, добрата вест е што благодарение на зголемената свест, многу жени сега редовно прават превентивни прегледи и добиваат рана дијагноза. Проверете се!
Препораките велат: ехо преглед еднаш годишно и мамографија на секои две години за жените над 40 и сите кои имаат семејна историја. Сите останати, без оглед на возраста доколку имаат било каков симптом – ехо преглед веднаш!

Најсовремента апаратура за безболен преглед и нашите искусни лекари д-р Лидија Вељановска Кириџиевска, д-р Мимоза Толевска и д-р Магделена Поповска-Цветкова ви стојат на раполагање. За да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484.

8 најчести симптоми

– Забележувате асиметричност на градите или градниот кош или постои разлика меѓу едната и другата страна

– Постојат невообичаени промени во обликот или големината на една од вашите гради

– Има видливи промени во бојата на кожата или осип околу брадавицата

– Брадавицата станала вовлечена или ја променила својата положба или форма (Вовлечени брадавици се нормални кај некои жени).

– Постојат нерамнини, испакнатини или вдлабнатини на кожата?

– Постои грутка или задебелување во градите или пазувите.

– Исцедок од едната брадавица или од двете.

– Постојана болка во еден дел од градите.

Колку порано се открие ракот на дојката, толку се поголеми шансите за успешно лекување и излекување. Запомнете, 9 од 10 грутки на градите не се канцерогени! Сепак потребна е потврда од лекар.

  • Ехо на дојки 1 800 ден.
  • 2Д мамографија 2 500 ден.
  • 3Д мамографија 4 500 ден.
  • Ехо и 2Д мамографија 3 900 ден.

Лабиопластика

Изгледот на интимните делови од телото е особено сензитивна тема за жените и затоа на истата треба да и се пристапи внимателно. Ова се однесува на сите аспекти, без оглед дали се работи за визуелен или функционален проблем. Во оваа категорија спаѓаат и хипертрофичните (зголемени) мали срамни усни. Тие можат да бидат вродени и стекнати (по бременост, породување или да бидат резултат на нормалниот процес на стареење). Како такви, тие се јавуваат релативно често, но со различен степен на изразеност (поголем или помал). Тие се причина за непријатност, инфекции и избегнување на сексуалните активности кај жените и токму поради ова пациентките потребно е да се консултират со лекар.

Што е лабиопластика?

Лабиопластика е операција за корекција на зголемени мали полови усни. Таа преставува спој на гинеколошка и естетска пластична хирургија со цел реконструкција (намалување и обликување) на хипертрофични мали полови усни, како би го добиле својот природен анатомски изглед и функција. Лабиопластиката опфаќа и корекција на асиметрија, осносно кога зголемувањето е само од една страна.

Колку честo се применува лабиопластиката?

Последниве години, лабиопластиката станува често изведувана операција, како во светот, така и кај нас. Како дел од овој тренд на корекции се и останатите методи наменети за оваа регија, како што се избелување на интимна зона, вагинопластика, корекција на епизиотомија, стеснување на влез на вагина, аугментација на големите полови усни и нехируршки третман кој ветува зголемување на сексуалната возбуда и подмладување на вагината.

Зошто токму лабиопластика?

Хипертрофичните мали срамни усни не преставуваат само естетски проблем, туку можат да предизвикаат и функционални тегоби и нарушувања. Иако многу жени се раѓаат со големи, неправилни-асиметрични или хипертрофични мали усни, а кај некои проблемот може да биде предизвикан како резултат на породилна траума, гинеколошка операција, друга трауматска причина или природен процес на стареење, сепак доведуваат до истото незадовлоство.

Причините поради која се прави лабиопластиката можат да бидат:

  • незадоволство од своето тело и несигурност во интимните односи
  • проблем при одржување на лична хигиена
  • функционално нарушување на сексуалните односи
  • болка за време на сексуален однос
  • чувство на непријатност при носење одредени видови гардероба
  • пречка при спортски активности, а некогаш и при вообичаени, секојдневни активности кои предизвикуваат инфекција, чешање и сувост на интимната регија
  • оток на срамните усни, нивно вовлекување во вагината и последователни повреди

Без разлика на годините и причината која доминира, жените не треба да се срамат од овој проблем и не треба да го доживуваат како тривијален, бидејќи не е. Зголемените полови усни реално може да влијаат на квалитетот на животот, да ја намалат самодовербата, да оневозможат носење на посакувана облека (тесни хеланки). Исто така може да предизвикаат ограничување во однос на избирање на костим за капење и слободно однесување на плажа, базен и спортски терен, посебно кога се работи за интимните односи.

Лабиопластиката може да се направи кај сите жени, кои имаат проблем, освен кај малолетни девојчиња за што е потребна е согласност од родител.
Лекар специјалист од естетска гинекологија, пластична, реконструктивна и естетска хирургија, кој се судира со оваа проблематика треба да има разбирање за оваа состојба, како и за психолошките проблеми кои можат да ја придружуваат оваа состојба.

Како изгледа операцијата на малите полови усни?

Процедурата не е комплицирана, се изведува во локална анестезија и трае од околу 30 минути до 1 час. Се користи современа микрохируршка техника која подразбира многу мал и тенок рез, позади кој останува лузна како влакно од коса. Срамните усни се преобликуваат, а вишокот кожа и други ткива се отстрануваат по потреба.

Кога да се направи лабиопластика?

Оваа операција спаѓа во еднодневна хирургија и не бара посебни подготовки, како ни долг опоравок. Така што не е потребно многу планирање однапред, туку операцијата се прави кога на пациентката најмногу и одговара, се разбира во договор со хирургот.
Она што е важно да се напомене е дека како и при другите неургентни операции, така и оваа не треба да се изведува за време на бременост.

Локална или општа анестезија?

Лабиопластиката се изведува во локална анестезија и како таква е доста комфорна и безболна. Се е желба на пациентката, но конечната одлука доаѓа од хирургот и анестезиологот.

Дали лабиопластиката е опасна?

Оваа операција не припаѓа во операции кои носат ризик.

Како изгледа подготовката за операција?

Самата операција не бара сериозна подготовка. Претходат рутински предоперативни прегледи, истовремено потребно е да се направи комплетна крвна слика, како и биохемиски анализи и коагулационен статус. Се советува пред лабиопластиката е да се престане со терапија која предизвикува продолжено крварење.

Ризици и компликации

Компликациите од лабиопластиката се многу ретки, се случуваат за помалку од 1% од случаевите.
Компликациите со педантна оперативна техника може да се превенираат и намалат на минимум, а покрај тоа важно е пациентката да се придржува на советите од лекарот за постоперативната нега.

Резултати од лабиопластика и опоравок

илустрација на изглед на мали полови усни пред и по лабиопластика

Со лабиопластиката се постигнуваат одлични естетски и функционални резултати кои се видливи веднаш после операцијата.
Имајте предвид дека веднаш по операцијата не е дозволено спортување и физичко оптеретување. Со спортски и останати активности пациентката може да почне по вадење на конците и контролата. Конците се вадат меѓу седмиот и десеттиот ден, кога се прави и првата контрола.

Како да се оддржува хигиената после лабиопластиката?

Хигиената се одржува вообичаено, туширање со топла вода.

Дали лабиопластиката ја намалува осетливоста во интимната регија?

Напротив, пациентките кажуваат дека квалитетот на сексуалниот однос во значителна мера е подобрен после оваа операција.

Дали резултатите од лабиопластиката се трајни?

Резултатите од оваа операција се трајни.

Доколку ви е потребна консултација или преглед на располагање е д-р Виолета Николов – специјалист гинеколог акушер. За да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484

Светски ден за борба против дебелината

Одбележувањето на овој ден е со цел да се промовираат практични решенија со кои ќе им се помогне на луѓето да постигнат и да одржуваат здрава тежина. Обезноста е глобален проблем кој ги засега сите. Во светски рамки во моментов околу 800 милиони луѓе живеат со оваа болест, а прогнозите велат дека до 2035 година обезноста ќе заземе пандемски размери, односно секој 4 човек ќе биде обезен. Со цел тоа да не се случи и да се запре овој глобален тренд, на овој ден се става посебен акцент на промовирање на здрав животен стил и начин на исхрана.

Ние во клиниката Жан Мирев се приклучуваме на одбележување на 4 март и сакаме да истакнеме дека доколку било кој има потреба за совети или специјален план за третирање на оваа болест, стоиме на располагање.

„Само тој што работи со оваа дисциплина знае какви позитивни промени за прв пат по многу години се случуваат кај пациентите, промени за кои повеќето луѓе од надвор не ни помислуваат дека се проблем во секојдневниот живот (неможност за непречено движење, набавка на облека во соодветен број итн.). Но за овие пациенти тоа е како повторно да се враќаат во времето кога воопшто немале проблеми со телесната тежина и им дава мотив, елан и позитивна енергија дека се на вистинскиот пат и дека прават нешто корисно за себе, на најприродниот можен начин!” – Вели д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог.

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Пертусис или голема кашлица е сериозна висококонтагиозна заразна болест предизвикана од грам негативната бактерија Bordetella pertussis.

Начин на ширење на инфекцијата

Се пренесува по аеро-капков пат, односно со вдишување на воздух контаминиран со оваа бактерија од болно лице. Бактеријата се пренесува по капков пат преку скретите на мукозната мембрана на респираторниот систем од лицето кое е инфицирано и ги исфрла при кашлање, кивање, зборување. Помала е веројатноста за пренос на инфекцијата по индиректен пат – преку свежо контаминирани предмети од околината на болниот, каде што бактеријата може да преживи 3-5 дена. Индексот на контагиозност е многу висок околу 80 %. Заразноста е најголема на самиот почеток од болеста, а може да трае и до 4 недели, бидејќи ги немаме оние карактеристични знаци на пертусис а тоа се нападите на кашлица, за при тоа да се посомневаме дека станува збор за пертусис.

Преносители на инфектот најчесто се повозрасната популација и адолесценти кои имаат лесна клиничка слика на инфекција на дишните патишта слична на настинка и поради тоа ја шират инфекцијата во околината без да знаат. Големата кашлица може да ја пренесат лица кои имаат блага форма на болеста или заразени лица кои нема никакви симптоми, а се носители на бактеријата. На таков начин најмалите, а тоа се доенчињата, може да се заразат од нивните родители, постаро братче или сестриче кои не знаат дека имаат голема кашлица, а при тоа се заразни.
Во популации каде што има висок процент на вакцинација, заболувањето како и смртноста од истото се многу ниски бидејќи со редовна вакцинација се заштитени највулнерабилните, а тоа се доенчињата и старите изнемоштени лица кај кои пертусисот има и најтежок тек и предизвикува и најтешки компликации.

Патофизиологија

Бактеријата Bordetella pertussis е агресивна кон заштитниот епител на дишните патишта. По самото навлегување се врзува за цилиите на горните дишни патишта каде што се размножува, создава ендотоксини и активни биолошки супстанции кои се одговорни за понатамошниот тек на болеста. Со самото оштетување на заштитниот епител на респираторниот систем настанува оголување на рецепторите за кашлица кој доведува до спазматични напади на кашлица. Со напредување на болеста настануваат промени и на долните дишни патишта и појава на компликации, пневмонија, бронхитис, бронхиолитис кај доенчињата.

Клиничка слика на болеста

Инкубацијата на болеста најчесто трае од 7-14 дена, а понекогаш симптоми на болеста може да се појават и после 21 ден. Симптомите кај ова заболување зависат пред се од возраста на детето и од неговиот вакцинален статус, така што со најтешка клиничка слика и со висок степен на компликации се манифестира кај најмалите а тоа се доенчињата во првите 6 месеци од животот.
Текот на болеста се одвива во три стадиуми. Постарите деца и возрасните немаат јасни преоди од од еден во друг стадиум, клиничката слика кај нив е лесна, атипична наликува на една настинка. Поради тоа оваа група се и најголеми преносители на инфекцијата и на нив треба да се посвети особено внимание.

Прв стадиум

Првиот стадиум се нарекува уште и катарален стадиум. Овој стадиум е неспецифичен и се карактеризира со симптоми и знаци како и кај другите респираторни инфекции, поради тоа и многу тешко е да се открие болеста во овој период.
Симптомите почнуваат со грeбкање или болка во грлото, носна секреција, опструиран нос, кивање, нормална или лесно покачена телесна температура и кашлица која постепено се интензивира. Во овој стадиум болниот е најзаразен и многу брзо ја шири инфекцијата во околината.

Втор стадиум

Овој стадиум е најтежок и најдраматичен. Тука се случува таа интензивна и силна кашлица која може да трае 2-6 недели. Се карактеризира со тешки, брзи, нeнадејни и неконтролирани напади на кашлица. Детето во тек на едно вдишување до издишување кашла постојано што предизвикува појава на црвенило на лицето, насолзени очи, отворена уста, па дури и глад за воздух и цијаноза. На крајот на нападот детето брзо вдишува воздух со испуштање на карактеристичен звук сличен на звук од магаре поради што болеста народно се вика и магарешка кашлица. Овој напад на кашлица може да биде проследен со повраќање и со исфрлање на количина на слуз. Нападите на кашлица може да бидат предизвикани и при промена на температурата во околината, присуство на чад, како и при хранење на детето.
Најдраматична клиничка слика со кашлица е присутна кај доенчињата. Тој мал детски организам буквално се бори да внесе воздух помеѓу атаките на непрестајна кашлица.

Бактеријата која е причинител на оваа болест со својот токсин го уништува заштитниот епител на дишното стебло, доведува до оголување на рецепторите за кашлица, стварање на густ секрет кај доенчето кој не може со актот на кашлица да го отстрани. Кај нив покрај кашлицата настануваат и прекини во дишењето наречени апнеи. Во одредени случаеви кај доенчињата може и да не е присутна кашлица, да имаат само апнеи. Тие апнеи ако се чести и траат подолго време може да доведат до намален внес на кислород и цијаноза поради кои страда најосетливиот во овој период од животот , тоа е мозокот кај детето. Поради самата хипоксија и цијаноза може да настанат конвулзии, асфиксија и во најтешки случаи и смрт кај доенчињата и малите деца.

Трет стадиум

Третиот стадиум уште се нарекува и стадиум на рековалесценција или стадиум на заздравување. Ова е стадиум каде што се смируваат симптомите, се намалува бројот на напади на кашлица и самата кашлица е некарактеристична. Но поради силниот токсин што го лачи бактеријата Bordetella pertussis кој ја предизвикува и кашлицата, овој стадиум може да трае подолго време дури и до месец па и повеќе.

Компликации

Најчести компликации кои настануваат се асфиксија кај доенчињата, бронхопневмонија која може да биде и со лош исход, воспаление на средно уво, дехидратација, конвулзии. Поради тешките атаки на кашлица и големиот напор кои го вложува детето може да се јави крварење во мозочето,прскање на капилари во белката на очите, крварење од нос, мукозните мембрани и кожата. Исто така може на настане и воспаление и на мозочните структури кои што може да резултира со невролошки нарушувања.
Како резултат на тоа, голем дел од доенчињата захтеваат и хоспитален третман а дел од нив звршуваат и на одделите за интензивна нега и терапија каде што им е потребна и респираторна подршка. Во одредени случаеви болеста може да заврши и со смртен исход.
Заради силината на кашлицата може да се јави папочна и ингвинална кила, ректален пролапс како и фрактури во пределот на градниот кош.

Како се поставува дијагноза

Поставување на дијагнозата во тек на првиот стадиум е прилично тешко бидејќи клиничката слика се испреплетува со повеќе респираторни инфекти. Дури во вториот стадиум кога ќе се јави типичната кашлица, се поставува сомнение за пертусис.

Најбрза ДИЈАГНОЗА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА се поставува со Молекуларна детекција на Bordetella pertussis со Мultiplex Real Time PCR метода (полимеразна верижна реакција ) со кој се детектираат и мал број на копии на актуелната бактерија.
Во нашата Клиника имаме неколку типа на Респираторни панели кој со PCR метода се детектираат голем број на респираторни вируси и бактерии. Во сите овие панели е влучена и бактеријата Bordetella pertussis. Овие PCR панели даваат резултати за кратко време за само неколку часа. Примерок се зема со брис од нос и грло.
Раното откривање и точна идентификација на респираторните патогени придонесува до навремена терапија, а со тоа и намалување на компликациите од заболувањето како и навремено спречување од нејзино ширење.

Терапија

Антибиотската терапија е третман на избор за големета кашлица. Антибиотици кои се користат се од групата на макролиди како што се азитромицин, кларитромицин, еритромицин. За да биде ефективен третманот лекувањето мора да започне во раниот стадиум на болеста односно во текот на првата недела или две, пред да се појават нападите на кашлање.Третманот со антибиотици може да го скрати заразниот период и да го намали ризикот од ширење на инфекцијата на други луѓе.
Профилакса со антибиотици се спроведува и кај членови од фамилијата кои имаат близок контакт со лице кое е заразено.

Превенција

Најдобар начин на превенција од голема кашлица е имунизацијата!

Имунизацијата против пертусис се спроведува со комбинирани вакцини а тоа се следниве:

  • Hexaxim ( DTaP-IPV-Hib-HepB )
  • Pentaxim ( DTaP-IPV-Hib )
  • Tetraxim ( DTaP-IPV )

Според календарот на имунизација вакцинацијата започнува со навршени 2 месеци кај доенчињата, а продолжува на 4 и 6 месеци. Ова се нарекува уште и примоимунизација.
Солидно ниво на заштита се постигнува со бустер дози односно со ревакцинација. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирање на примарната вакцинација, со давање на една доза Pentaxim на 18 месечна возраст. Втората ревакцина се дава на 7 годишна возраст односно во второ одделение.

Кај бремените жени се препорачува вакцинација во последниот триместар од бременоста (27ГН – 36ГН) со цел да има доволно временски период организмот на мајката да создаде доволна количина на заштитни антитела со кои ќе му овозможат доволна заштита на новороденото во првите 3 месеци до отпочнување на редовна имунизација.
Со редовна имунизација и опфатеност на децата повеќе од 95 % се овозможува да се постигне добар колективен имунитет, така што и да дојде до заразување со оваа бактерија инфекцијата ќе помине со полесна клиничка слика.

Вакцините го потикнуваат имунолошкиот систем да создава антитела и на таков начин го подготвуваат организмот на детето да го препознае конкретниот вирус или бактерија со кои полесно ќе се избори.

Жално е што имаме болести кои биле искоренети, а сега почнуваме повторно да ги среќаваме, а при тоа постојат соодветни вакцини кои што може да ги заштитат децата.
Останатите мерки на превенција спаѓаат во општите мерки за превенција кои се практикуваат и за сите респираторни заболувања.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника Жан Митрев изминатите 24 години постоење.

Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега.
„Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме Клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива Клиника беше вистински предизвик бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции. И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката.

Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника со Мајо Клиника. Сертификат се доби по третпат во континуитет од седум години.

Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40 000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation револуцинерза замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торакоабдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања. Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400 000 пациенти се лекувале во клиниката.