Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.04.2024

Кога да се изврши ултразвучен преглед на коскените и/или мускулните структури?

Постојат неколку случаи кога се препорачува да е изврши ултразвук – ЕХО на мускулоскелетниот систем. Тоа се:

  • Болка – спонтана или по повреда
  • Сомнеж за воспалителни или дегенеративни процеси
  • Појавата на оток во пределот на мускулите или зглобовите

Секако најдобро врз основа на упат/ мислење од ортопед, физијатар или ревматолог кој претходно утврдил потреба од ултразвучен преглед.
Ултразвучниот преглед на мускулите и тетивите е неинвазивен, безболен, брз и прецизен дијагностички метод за зглобниот простор, тетивите, лигаментите, мускулите, мускулната фасција и нервните завршетоци.

Ние користиме ултразвук при:

  1. повреди и воспалителни процеси на тетивите и лигаментите
  2. мускулна повреда со мерење на евентуалните димензии на хематом
  3. исклучување или потврдување на сомнение за евентуален експанзивен туморски процес на поткожното масно ткиво и мускулните структури
  4. воспалителен процес во зглобот и присуство на течност во зглобот
  5. дегенеративни промени во зглобовите
  6. воспалителни процеси на обвивките (бурзите)

Во нашата клиника работат радиолози со долгогодишно искуство.

Закажете го вашиот термин на време на 02/3091-484.