PresseSitemapFolgen Sie uns in den sozialen Medien    
TELEFON +38923091500

„Златните раце“ низ кои помина и се спаси половина од моето семејство

My alt text

Лазар Стоев од струмичкото село Иловица е еден од многуте пациенти во Zan Mitrev Clinic коишто имаат семејна историја на кардиоваскуларни заболувања. Речиси целото семејство во изминативе триесетина години со соочувало со вакви проблеми кои неминовно завршувале со операции. Убавото во оваа приказна е тоа што сите тие се сега сè уште живи и нормално го живеат своето секојдневие. Она пак што ние го дознавме во разговорот со него е дека сите тие најблиски роднини на Лазар биле оперирани токму во нашата клиника.

- Пред десетина години во вашата болница дојде мојот внук од брат на кого му го спасивте животот. Тој имаше 5 бајпаса а сега после толку време се чувствува одлично и живее сосема нормално. После година од истата проблематика во вашата болница заврши брат ми. И него му беше успешно решен здравствениот проблем. Но, тука не застанавме, во годините што следеа и моите две сестри, мислам неминовно, завршија во болницата на доктор Жан Митрев. И нивните операции на крвните садови поминаа успешно и денска се одлично. Ете, сега дојдов и јас на ред. Помина се најдобро па чекам да си одам дома – со задоволство раскажува Стоев.

Со чести гушења, губење на силата и замор се борел повеќе од година по што состојбата видно му се влошила па по препорака на доктор од Струмица дошол во Zan Mitrev Clinic. Тука по итните испитувања веднаш му била закажана операција на голем дел од крвните садови кои биле затнати над 80 проценти. Резултатот е 4 бајпаса и замена на аортна валвула со биолошка протеза.

My alt text

 

Лазар Стоев не ги штедеше зборовите и пофалбите за сето она што го преживеал не само тој туку и целото негово семејство а е поврзано со нашата клиника.

- Доктор Жан Митрев има златни раце. Низ тие раце помина половина од моето семејство, а еве сега и јас, и бевме спасени од несакан исход. Тој е со мисија да им помага на луѓето, да спасува животи, и тоа одлично го прави. Голем дел од моето семејство животот му го должи на него и на неговиот тим. Сакам да кажам дека целиот персонал е на највисоко ниво. Докторите, сестрите, физиотерапевтите, болничарите, сите се околу пациентите и постојано не надгледуваат. Вистински пример како треба да се работи во здравството – додава Стоев.