Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

13.12.2017

Ова е мојата матична болница

 

По успешната операција на коленото извршена од тимот ортопеди и трауматолози предводен од д-р Сашо Младеновски, кај Ратка Вајрача беше направена операција на каротида од десна страна.

„Пред да дојдам на операција за коленото не знаев дека имам проблеми со каротидите што ми беше утврдено при кардиоваскуларниот преглед. По консултација со д-р Жан Митрев, се одлучив на операција на двете каротиди, кои би се правеле една по една. И како што се договоривме, така и направивме. По закрепнувањето од операцијата на коленото дојдов за операција на каротидата од десната страна по која добро се чувствувам и сум благодарна на д-р Жан Митрев“, зборуваше Ратка. „Задоволна сум и од ортопедската операција и од кардиолошката. Кога сум во сигурни раце и успехот е загарантиран“, дополни таа. За 3 недели Ратка повторно дојде во својата „матична болница“ како што си ја нарекува Жан Митрев Клиник. Сега, и беше направена операција на каротидата од левата страна и таа веќе беше на постоперативен мониторинг во одделението за интензивна нега.

„Овде сум по трет пат и сега се чувствував најсигурно… Дури немав никаков страв, за разлика од претходните два пати кога кај мене имаше некоја доза на страв бидејќи сепак се работи за операција“, зборуваше Ратка. Вели дека после оваа операција грижата за своето здравје ја препушта само на професионалците од Жан Митрев Клиник. „Ова е мојот втор дом каде се грижат за мене, за моето здравје, кое сакам да си го сочувам. Мојата доверба ја заслуживте 100% затоа што ми овозможувате да се вратам на мојот живот, на радостите кои ми остануваат. Toa e планината и моите пријатели планинари, како и имотот во Дихово каде одгледувам органски производи, а потоа ги обработувам и подготвувам сок, слатко. Правам и одлично вино и ракија! Добредојдени сте сите од болницата и ќе бидам пресреќна доколку дојдете и вие во мојот дом. Да ви возвратам за љубезноста, за изграденото пријателство со персоналот кој деноноќно беше со мене во болничките денови“, дополни таа.

За следната година останува да се направи уште една ортопедска операција каде на другата нога ќе ѝ биде вградено ново, порцеланско колено.

Ратка живеела 40 години во Штутгарт, Германија со нејзиното семејство. После толку години, со сопругот се враќа во родното Дихово, Битолско, а ќерките остануваат да живеат во Германија. За жал, по смртта на сопругот останува сама, но вели дека тука се пријателите планинари, како и персоналот од болницата со кои создаде пријателски врски.