Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Историја на болницата

Zan Mitrev Clinic на почетокот именувана како Специјализирана Болница по хируршки болести „Филип Втори“, ги постави темелите на современи медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновинарање на еден изнајмен дел од постоечката Воена болница во Скопје. Официјално, болницата беше отворена на 01 март, 2000-та година. Сепак, медицинското стартување на болницата е забележано со првата бајпас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Од 01 март 2000-та година отпочнува да се пишува историјата во македонското здравство, нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Во 2002 година беше направена првата операција на отворено срце врз буден пациент. Интересот за операциите во „Филип Втори“ секојдневно се зголемуваше. Илјада операции беше доволен показател дека е потребно проширување односно поголеми просторни услови, за да им се одговори на брзорастечкиот број на пациенти. Потребите за згрижување на пациентите иницираа уште едно реновирање, така што стариот беше трансформиран во модерен, современ оддел, отворен во 2002 година.

За 2003 година, препознатлив настан за нас е отпочнување со третман на вродени срцеви заболувања. Првиот АСН occluder беше успешно поставен, на преткоморен дефект кај 4 годишно момче. Како поминуваше времето и растеше бројот на пациенти, се зголемуваше и потребата за дијагностички процедури. Во 2008 година се отвори нов, софистициран дијагностички центар кој стана еден од водечките центри во регионот, со работно време 24/7. Тоа имплицираше во прецизно дијагностицирање на заболувањата кај пациентите, преку последниот модел на компјутеризирана томографија.

Десетгодишнината од отворањето на болницата, 2010 година, беше прославена со бројка од 10.000 операции. Како што се нижеа годините понатаму, специјализираната болница „Филип Втори“ станува препознатлива во земјата и регионот како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Медицинските услуги стануваа се побројни: кардиологија, интервентна кардиологија и стентирање, компјутерска томографија, неврологија, гастроентерохепатологија. Испитувањата отпочнуваа во лабораториите: трансфузиологија, микробиологија, медицинска биохемија. Се прошири со услугата од важната гранка-психолошка поддршка за пациентот и за неговото семејство, како и интензивна нега, потоа физиотерапија која овозможуваа полесно закрепнување на пациентите. Хируршките гранки се дополнија со кардио и васкуларна хирургија, кардиотехника со најновите современи екстракорпорални пумпи, абдоминална хирургија, ортопедија, урологија. Најрелевантен податок за квалитетот на медицинските услуги, по кој и сме препознатливи е ниската стапка на смртност на болницата, која беше околу 1%.

Научните достигнувања носеа и соодветни звања и награди. Во 2002 година, д-р Митрев беше промовиран за Академик на Плато. Активностите на тимот на д-р Жан Митрев се промовираа и презентираа на повеќе светски конгреси, од каде се враќаа како добитници на бројни награди и признанија. Од многубројните признанија добиени овде и во странство би ја издвоиле престижната наградата од EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот, од областа на здравството насловена како“ Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница“.

Со цел поблизок, пријателски и отворен пристап на пациентите од другите места во земјата, д-р Митрев отвори и две поликлиники во Струмица и во Битола, во интервалот од 15 годишното постоење на „Филип Втори“.

Не случајно, на истиот датум по цели 16 години од основањето на специјализираната болница по хируршки болести, се отвори новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името „Zan Mitrev Clinic ”. Новиот објект е изграден според највисоки стандарди со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток.

Zan Mitrev Clinic, во ноември 2017 година, го доби златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет.

Во април 2018 година Zan Mitrev Clinic ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.