Дневна доза здравје
Назад до Дневна доза здравје07.03.2016
Преку 1.500 гости на отворањето на новиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“
Колеги, пријатели, соработници, луѓе од сите фели во нашето општество но и од многу земји од светот беа дел од огромниот број на гости кој дојдоа на отворањето на новата болница. Големиот углед и респек кој го има д-р Жан Митрев, неговиот тим и болницата „Филип Втори“ , ги собра овие луѓе на 1 март 2016 година. Официјалниот дел започна од 15.30 со сечењето на свечената лента, а дружењето и прошетката низ болницата траеа до 20.30 часот. Секој од гостите имаше можност преку организирани водичи во групи да ја разгледа болницата и да добие информации за сите оддели и содржини во неа. Пред присутните беше емтуван документарен филм кој го опфати перидот од изминатите 16 години работа на Специјалната болница „Филип Втори“ , па се до денес. Вториот дел од филмот беше претставување на новата болницата која е една од најмодернте на стариот континент. Со својата музика програмата ја збогатија Калиопи и Влатко Стефановски. Во продолжение следува богата галерија од отворањето на болницата