Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

31.03.2016

Студенти од УТМС наши гости

Успешната работа и одличните резултати во изминативе 16 години, од постоењето на Специјалната болница „Филип Втори“  беа една од причините за посетата  на новата болница од страна на  студентите од  Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при УТМС. Иницијативата беше нивна, бидејќи името на д-р Жан Митрев им било прва асоцијација за континуирано успешно менаџирање. Или како што истакна еден од студентите „Секоја чест и признание за човекот кој почнал со 5 вработени а денеска има еден импозантен објект и голем тим околу себе“. Студентите со нивните професори ги пречека медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева супспецијалист кардиолог, која преку интересно предавање ги информираше  за организацијата на работата во болницата и менаџирањето со човечките ресурси.

Предавањето предизвика интересни прашања од страна на професорите и идните академски граѓани.  Фасцинирачки  за нив  беше податокот што 220 вработени во болницата ги извршуваат своите работни обврски максимално професионално секој  дејствув во својата област,  а при тоа  не се менаџирани со посебна единица за човечки ресурси, туку тоа се прави  преку отворена  дискусија  и валоризација на  работата на секој поединец.

Студентите имаа можност да ја разгледаат и новата болница по оддели, да ја видат најмодерната дијагностика , ултра опремените оделенија за интензивна и полуинтензивна нега, апартманите,  лабораториите  , ресторанот.  Ова беше наша прва средба следната ќе ја оствариме со наше гостување на нивниот Универзитет.