Тимот на Жан Митрев
Назад до Доктори
Доц. д-р Константин Митев
Спец. по општа хирургија - Суб спец. по трауматологија
1987-1991 | Средно Училиште “Никола Карев”, Скопје |
1991-1997 | Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, доктор по медицина |
1997-1998 | Здравствен дом Скопје |
1998 | Положен државниот испит на 23.10.1998 год. |
1998 | Едно месечен престој во Ст.Акершус во Осло, Норвешка |
1998-2001 | Градска Хируршка клиника Св. Наум Охридски – Скопје |
1999 | Основен курс за Остеосинтеза на проксимален фемур и тибија организиран од страна на Европската асоцијација за Ортопедија и Трауматологија, одржан во Скопје, Октомври |
2001 | Курс за спортски повреди, организиран под покровителство на Меѓународниот Олимписки Комитет, Скопје, Март |
2001-2005 | Специјализација по општа хирургија |
2002 | Напреден курс за Остеосинтеза, одржан во Блед, Р.Словенија, под покровителство на АО/АСИФ |
2002 | Едномесечен стручен престој на клиниката за Трауматологија во Клиничкиот Центар – Љубљана |
2005 | Напреднат курс и работилница по артроскопија во Оточец,Р.Словенија 2005г |
2005 | Напреднат курс по артроскопија во Варна,р.Бугарија |
2009 | Едномесечен стручен престој во Клиника за спортска трауматологија во Ухинген,Германија |
2009 | Завршени постдипломски студии од Трауматологија |
2010 | Одбрана на магистерски труд и стекната титула магистер на медицински науки |
2010 | Асистент по хирургија при медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методи, Скопје |
2011 | Прифатена е изработка на докторската теза од областа на артроскопскиот третман на зглобната рскавица на коленото |
2012 | Специјалист – хирург на одделот за Ортопедија и Трауматологија, во Специјална болница Филип Втори |
2012 Октомври | Стручен престој на Клиника за ортопедија и трауматологија Акромион- Р.Хрватска |
2012 | Асистент на медицински факултет Гоце Делчев, Штип од областа на хирургијата |
2013 Април | Поканет предавач за современ третман на оштетувања на зглобна рскавица на колено организиран од МАДОТ |
2013 Мај | Торонто, Канада -избран во Комитет на ИСАКОС како координатор за Источна Европа |
2014 Јули | Одбрана на докторска дисертација со наслов “евалуација на клинички резултати со методот на артроскопско микрофрактурирање во третманот на оштетувања на зглобната рскавица на коленото” и се здобива со звање доктор на медицински науки |
2015 Јануари | Стручен престој на клиниката за спортска трауматологија во Ухинген, Германија |
2015 Октомври | Избран во наставно научно звање доцент по трауматологија на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип |
2016 – Супспецијалист по трауматологија
1. Oртопедско – травматолошки прегледи за заболувања повреди и пореметеувања на мускулоскелетниот систем што ги вклучува коските, зглобовите, мускулите, лигаментите, тетивите
- Повреди на мот систем, меки ткива, зглобови и коски
- Деформитети на локомоторен систем
- Инфекции на мускулоскелетниот систем
- Метални заболувања на локомоторен систем
- Мускулоскелетни тумори на локомоторен систем
- Ревматолочки заболувања на локомоторен систем
- Дегенаритвни заболувања на зглобови
2. Амбулантски процедури – апликација на интраартикуларни и периартикуларни инекции.
- ПРП
- Кортикостероиди
- локални анестетици
- деривати на хијалуронска киселина
- репозиција на зглобови
- поставување на гипсена имобилизација
- ортози, појаси
Операции
- Мекоткивни операции
- Операции на коските
- Операции на зглобовите
- Хируршки третман
Мекоткивни операции
- Декомпресија на нерви/тунел карпал,кубитал карпал,тарзал тунел синдром
- Тенотомии (отпуштање на тетиви) и тенодози
- Реконструкција на тетиви
- Биопсија на мекоткивни структури
- Отстранување на мекоткивни тумори
- Синовектомии на зглобови
Артроскопии – Минимално инвазивни процедури на зглобови
Артроскопија на колено
- менисектомија, реконструкција на преден вкрстен лигамент, лигаменти, трансплантација на рскавица ,отстранување на слободно зглобно тело, хондромалација,микрофрактурирање, латерално ослободување.
Артроскопија на рамо
- субакромиајална декомпресија, бурзектомија, отстранување на калциумски депозит, третман на ротаторна манжетна
Артроскопија на скочен зглоб
- Синовектомија,отстраување на слободно тело, коскен и мекоткивен импиџмент третман на рскавица
Артроскопија на рачен зглоб
- Отстранување на слободно зглобно тело,хондромалација синовектомија
3. Хируршки третман на коски – скршеници
- Остеосинтеза – внатрешна фиксација на скршеници на долги и кратки коски
- Реостеосинтеза и трансплатација на коска
- Екстракција на алентеза /остеосинтетски материјал / од долги и кратки коски
- Корективни остеотомии на долги и кратки коски
- Отстранување на бенигни и малигни коскени тумори
- Хируршко лекување на остеомиелитис
4. Хирурчки третман на зглобови
- Примарна артропластика на зглобови /протези на зглобови
- Артродеза на зглобови
- Стабилизација на зглобови
- Хируршко лекување на перипростетски инфекции
5. Хиуршки третман на остемиеитис и перипостетски инфекции на меките ткива, коските и зглобовите со вакуум третман
- Македонска асоцијациција-Мадот
- Германска асоцијација на артроскопија- АГА
- Светската Интернационална Асоцијација на Артроскопија –ИСАКОС
- Претседател на Траума форумот при МАДОТ
- Активен член во истражувачкиот одбор во Националната фондација за Трансплантација на Р.Македонија
- Лезии на артикулирачката рскавица на колениот зглоб:Инциденца и корелација помеѓу артроскопскиот наод и наодот од магнетната резонанца . Константин Митев, Слободан Вучков, Небојша Настов, Горан Алексовски, Михаило Ивановски. Medicus 2009,vol.XII(2);146-151
- Минимално инвазивна остеосинтеза, метода на избор при третман на субтрохантерни фрактури. Константин Митев,Слободан Вучков,Небојша Настов,Горан Алексовски,Михаило Ивановски .Medicus 2008,vol.X(2);160-165
- Артроскопска евалуација и третман на лезиите на зглобната рскавица на коленото.Митев Константин,Настов Н,Ивановски М.:Acta Morphologica 2010:vol 7(1);47-51
- Минимално инвазивна перкутана остеосинтеза со плочка во третманот на скршениците на дистална тибиа. Настов Небојша,Вучков С, Митев Константин,Ивановски М.Acta Morphologica 2010:vol 7(1):52-59
- Минималнa остеосинтеза,во третманот надво и тро партхите фрактури на проксималниот хумерус.,Слободан Вучков,Камилоски В, Константин Митев,Небојша Настов,Горан Алексовски,Михаило Ивановски Acta chirurgica Macedinica .vol.2,No1:2003 ,21-28.
- Autologous Chondrocyte Implantation – Artrocel – 3D in knee cartilage repair, Konstantin Mitev, Dimitar A Jontschew, Igor Kaftandziev, Trpeski Sime, Trpkovska Biljana, Kosova Journal of Surgery Vol.6 No1 2012
- Посттрауматски мекоткивен импиџмент на скочен зглоб: артроскопски наод и клинички резултати, Константин Митев, МАНУ Прилози 2014
- Евалуација на клиничките резултати после третман на оштетувањата на зглобната рскавица на коленото со методата на артроскопско микрофрактурирање, Константин Митев, Acta Anatomica Morphologica 2013 г.
- Интра-артикуларни плазматски инјекции со плазма за третман на болки во коленото поврзани со зглобни ‘рскавици и дегенеративни мениски лезии.
- Хируршки исходи по фиксација на акромиоклавикуларна дислокација на зглобовите со кука плоча и техника за пренесување на коракоакромичен лигамент.Артроскопско намалување и перкутана остеосинтеза на фрактури на тибија плато.
- Фиксација на хируршка плоча на повеќе фрактури на ребра: извештај за случај.
-
Посттрауматско нарушување на мекото ткиво на глуждот: артроскопски наоди и хируршки исходи.