Otorhinolaryngologie
Флексибилна /фибер/ назофаринголарингоскопија ( Vivideo Pentax Medical ) – технолошка револуција во дијагностиката во доменот на оториноларингологијата, само во Zan Mitrev Clinic
VivideoPentaxMedical флексибилен /фибер/ назофаринголарингоскоп обезбедува брза, едноставна и прецизна дијагностика
Користејќи мала флексибилна сонда се прави инспекција на горните дишни патишта почнувајќи од влезот во носните простори, проценка на епифаринкс /сводот на ждрелото/, приказ на третиот крајник, се до гласните жици/ и ларинксот, како и почетниот дел на душникот
Најчести состојби кои може прецизно да се дијагностицираат со помош на оваа метода
- Промени на носните простори – хипертрофични промени, промени во склоп на алергија, присуство на секрет, искривување/девијација на носната преграда, тумори
- Промени на сводот на ждрелото/епифаринкс – проценка на третиот крајник кај деца, хипертрофија на лимфното ткиво, туморски промени
- Промени на коренот на јазикот, долниот спрат на ждрелото и грлото – бенигни и малигни промени, полипи на гласни жици
Процедурата е безболна, трае неколку минути.
Екстремно малиот дијаметар на сондата го прави прегледот многу поедноставен и полесен за пациентот во однос на другите назофаринголарингоскопи.
Овозможува прецизна евалуација на структурите со HD видеоприказ и можност за видеозапис.
- Флексибилната (фибер) назофаринголарингоскопија претставува дијагностичка процедура супериорна во однос на останатите методи за визуелизација на анатомските структури на горните дишни патишта (носните кавуми, епифаринкс, хипофаринкс и ларинкс). Користејќи мала флексибилна сонда се прави инспекција на овие структури почнувајќи од влезот во носните празнини се до гласните жици/ и ларинксот, како и почетниот дел на душникот
- процедурата е безболна, трае неколку минути
- обезбедува брза, едноставна и прецизна дијагностика
- софистицираната современа апаратура за фиберназофаринголарингоскопија овозможува прецизна евалуација на структурите на горните дишни патишта со HD видеоприказ и можност за видеозапис
- дијагностичка метода за преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод
- претставува супериорна метода во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче
- во текот на отомикроскопијата може да се изведуваат помали амбулантски интервенции: аспирација на секрет/или церумен од надворешниот слушен канал, земање на брис од уво, отстранување на полипи или биопсија, постоперативна тоалета
- видеоотомикроскопијата обезбедува дополнително видео приказ на самата процедура на отомикроскопија
- Дијагностичка метода за испитување на слухот
- Претставува субјективна метода / бара соработка од страна на пациентот. Од тие причини може да се користи кај деца над 4-годишна возраст и возрасни
- Користејќи два пара на слушалки се испитува воздушната и коскената водливост на звучните бранови. Со аплицирање на тонови со различен интензитет и фреквенција се добива графички приказ на состојбата на слухот – аудиограм
- Постојат два типа на оштетување на слухот – кондуктивно и сензоневрално, како и нивна комбинација
- добиените аудиометриски наоди може да не насочат кон можната етиологија за намалувањето на слухот
- од особена дијагностичка важност за болестите на увото е споредбена анализа на трите најважни дијагностички методи : отомикроскопија, аудиометрија и тимпанометрија
- дијагностичка метода за проценка на функционалната состојба на средното уво
- претставува објективна метода, не зависи од соработката од страна на пациентот. Од тие причини може да се користи кај помали деца, но секако и кај поголеми деца и возрасни
- со аплицирање на променлив притисок во надворешниот слушен канал се добива графички приказ – тимпанограм
- различните тимпанометриски наоди се карактеристични за одредени патолошки состојби на средното уво
- тимпанометријата може да биде надополнета и со испитување на стапедијалниот рефлекс/контракција на м.стапедиус при појак сигнал
- претставува и важна дијагностичка метода во следењето на наодот во средното уво кај воспалителните процеси
- има особена важност кај помалите деца бидејќи овозможува детектирање на состојби кои можат да предизвикаат намалување на слухот
- Рентген дијагностиката, почнувајќи од класичните нативни снимки па се до компјутеризираната томографија (CT,KT) или магнетната резонанца (MRI), лабораториските иследувања и микробиолошките анализи претставуваат важно дијагностичко надополнување на оториноларинголошки дијагностички методи во интерес на точната дијагноза и адекватниот третман.