Медицинска сестра

февруари 02,2024

Одговорности и работни задачи:

      Професионалната медицинска сестра е одговорна за испораката на квалификувана, висококвалитетна нега на пациентот; за помагање во планирањето, организирањето, спроведувањето и оценувањето на сестринската пракса во согласност со Мисијата на клиниката и за услугите за професионална сестринска нега. Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна медицинска нега. Извршување на сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ. Извршување на други должности како што се бара.

Вештини и способности:

  • Висок степен на лична организираност
  • Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
  • Способност за тимска работа
  • Развиени интерперсонални вештини
  • Способност за работа во динамична средина
  • Висока флексибилност и адаптибилност

Потребни квалификации:

  • Медицинско образование
  • Лиценца за работа во дејноста
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office програмот

Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професиoнална работна атмосфера.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.