За нас

Почувствувајте ја нашата поддршка, грижа и
внимание на секој чекор.

24

години постоење

1000000

прегледи

400000

успешни приказни

Одбор на директори

д-р Жан Митрев

д-р Жан Митрев

Основач и сопственик

д-р Емил Стоицовски

д-р Емил Стоицовски

Медицински директор

д-р Елена Амбаркова-Виларова

д-р Елена Амбаркова-Виларова

ДИРЕКТОР ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ И АКРЕДИТАЦИЈА

д-р Катерина Игневска

д-р Катерина Игневска

Директор за квалитет и превенција на ИХИ

Викторија Дојчиновска

Викторија Дојчиновска

Административен директор

Драгана Аврамовска

Драгана Аврамовска

Директор за правни работи и човечки ресурси

Цветанка Маркова

Цветанка Маркова

Директор за финансии и сметководство

д-р Никола Христов

д-р Никола Христов

Член на одбор

д-р Енвер Идоски

д-р Енвер Идоски

Член на одбор

Светлана Ончева

Светлана Ончева

Главна медицинска сестра

Мисија

Да придонесеме за подобрување на здравјето на нашите пациенти и зголемување на нивното задоволство преку обезбедување на најдобра грижа за секој пациент преку врвни здравствени услуги, постојана едукација и примена на најсовремени методи во целокупниот процес на работа.

Section Image

Визија

ЦЕНТАР НА ИЗВОНРЕДНОСТ
Национален и регионален лидер во понудата на врвни здравствени услуги и беспрекорна нега, секогаш прв избор на пациентите и нивен партнер од доверба.

Section Image

Вредности

ДОВЕРБА, ПОСВЕТЕНОСТ, ЕКСПЕРТИЗА, ИНОВАТИВНОСТ, ИНТЕГРИТЕТ
Пациентот е во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на клиниката од страна на пациентот. Градиме партнерства со пациетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме и унапредуваме во континуитет, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.

Section Image

Историја

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Официјално, болницата беше отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Токму на тој 1 март 2000 почнува да се пишува историјата во македонското здравство, новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Види Повеќе
Section Image

Болницата низ бројки

Капацитетот, специјалностите и останатите факти за нашата болница најдобро можат да се согледаат низ бројки.

Види Повеќе

Стратешки цели

Нашиот корпоративен план за трансформирање на болничката нега опфаќа 3 клучни цели:

  1. ОДРЖУВАЊЕ НА ВИСОКО НИВО НА КВАЛИТЕТ ПРИ ИНДИВИДУАЛНИОТ ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ
  2. РАЗВИВАЊЕ НА НАШАТА ПАСИЈА ЗА ВОДСТВО И НАУКА
  3. ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАШАТА ЗАЕДНИЦА ПРЕКУ ПАРТНЕРСТВА И СОРАБОТКИ
Види Повеќе
Section Image

Квалитет

Клиниката е носител на три последователни акредитации од Joint Commission International* потврдени со златен печат како доказ за примена на највисоките стандарди за една здравствена институција од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.

 

* JCI е формирана во Америка во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.

Види повеќе
Section Image

24 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА

Нашата експертиза, посветеност и беспрекорна нега за пациентот кој е секогаш во центарот на нашето делување, придонесоа да сме партнер од доверба сите овие изминати години, за што сме бескрајно благодарни.