Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Перална

Перење и сушење на облека

Континуирана грижа за чистота преку процесот на перење и сушење на облека

Пералната за болничката облека е проектирана и опремена од страна на најголемиот светски производител на опрема за перење Alliance Laundry Systems LLC-САД. Целиот процес е за творен, од прием на алишта до пе рење, па се до сушење и пеглање.

Во овој оддел е воспоставен висок стан дард за процесирање на облеката при што се користат бариерни машини за перење. Тие целосно ја одделуваат нечистата од чиста облека и со тоа можноста за контаминација е сведена на минимум. Во болницата е направена и посеб на перална за болничките кревети

Специфики на одделот за процесирање на облеката

Во одделот располагаме со професионални машини за перење и сушење, кои се брзи и ефикасни, а нечујни додека работат. Вработените во одделот се обучени за правилно и уредно работење со материјалите.

При процесот на перење користат професионален и одбран течен детергент за ваква облека, детергент кој е произведен по посебна технологија.

Омекнувачот што го користат е антибактериски, истиот го олеснува пеглањето. Сите средства кои се користат во овој процес се од материјали направени на природна база и истите не дозволуваат уништување на квалитетот на материјалот при што ја задржува бојата.

Подготовката за перење отпочнува со селекцијата на видот на облеката и вклучување на соодветна програма за перење, согласно материјалот. Машините за перење се со капацитет од 60 кг, а максималното време на програмата за перење е до 2 часа.

Сушењето на облеката и вешот е во посебни машини, што придонесува за зачувување на здравјето на персоналот во одделот.

Одржување на нивото на влажноста во процесот на пеглањето е исто така важна. Се одредува според видот на материјалот на облеката, со кое се обезбедува квалитетно пеглање. Вработените во одделот ги пеглаат алиштата со професионални машини, кои се со висок квалитет и квантитет кој ги задоволува потребите на болницата, за сите видови материјали, бели или во боја.

Последната фаза од овој процес е пакување на облеката и нивна беспрекорна заштита. Високиот квалитет на работење во овој оддел се потврдува преку редовните лабораториски испитувања на примероците на облека, пред и после перење.