Политика за приватност

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Изјава за приватност го уредува користењето на софтверската апликација за „Жан Митрев Клиник“ („Апликација“) за мобилни уреди создадена од Blue Zone ltd. Апликацијата им овозможува на корисниците директно преку нивните мобилни уреди да закажуваат прегледи во ПЗУ Специјална болница за хируршки болести ЖАН МИТРЕВ Скопје. Обработувани лични податоци преку Апликацијата. Апликацијата ги обработува личните податоците кои што корисниците ги пополнуваат кога ја инсталираат апликацијата и се регистрираат преку истата. За користење на апликацијата задолжителна е претходна регистрација, при што ќе треба да се одбере слободно корисничко име и лозинка кои ќе бидат обработувани од страна на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје. Воедно, при регистрацијата се собираат и обработуваат следните категории на лични податоци: име и презиме, телефонски број, и електронска пошта. Наведените лични податоци се потребни за функционалноста на Апликацијата. Постои можност да се искористат личните податоци на корисниците за повремен контакт на истите со цел пренесување важни информации, потребни известувања, и промоции.

Автоматски собрани лични податоци

Апликацијата не ги собира и/или обработува автоматски личните податоци на корисниците, како на пр.: видот на мобилниот уред, идентификационен број на мобилниот уред, IP адресата на мобилниот уред, информации за контактите на корисниците, информации за пријавување на корисниците (на други апликации), слики, и сл. Апликацијата не собира и/или обработува информации за локацијата на мобилниот уред на корисниците.

Пристап до собраните лични податоци преку Апликацијата

Само збирните, анонимизирани податоци се периодично пренесувани до надворешни добавувачи на услуги со цел подобрување на Апликацијата и услугите кои таа ги овозможува.

Пристап до собраните лични податоци преку Апликацијата до трети лица е можно:

  • кога е потребно согласно закон;
  • кога сметаме дека дозволувањето пристап е потребно за: заштита на правата на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје, заштита на корисниците или заштита на други лица, истрага на измама, или пак одговор на барање од државен орган;
  • од страна на доверливи даватели на услуги кои постапуваат во името и за сметка на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје, кои немаат независна потреба и корист од личните податоци до кои им се дава пристап, а кои се согласиле да се придржуваат до правилата утврдени во оваа изјава за приватност. Пристапот на секое трето лице до личните податоци на корисниците во текот на давањето услуги во името и за сметка на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје ќе биде регулиран со строги договорни ограничувања со цел заштита на личните податоци на корисниците и применување на важечките законските одредби од областа на заштитата и тајноста на обработката на личните податоци.

Сопирање на обработката на лични податоци

Корисниците можат во секое време да го сопрат собирањето на лични податоци од страна на Апликацијата преку деинсталирање на Апликацијата. Истото може да се направи преку стандардниот процес за деинсталирање кој ќе биде овозможен како дел од мобилниот уред или преку мрежата или пазарот за мобилни апликации.

Обработка и задржување на личните податоците на корисниците

ПЗУ ЖАН МИТРЕВ СКОПЈЕ врши обработка и задржување на личните податоци на корисниците согласно Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци, Актот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, и останатите правилници од областа на заштитата на лични податоци на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје. Личните податоци на корисниците се задржуваат за време на користењето на Апликацијата од нивна страна и за разумно време по прекинот на нејзиното користење. Доколку корисниците сакаат ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје да ги избрише обработуваните лични податоци собрани преку Апликацијата, за истото може да не информираат на it@zmc.mk, на што ќе биде одговорено во разумно време.

Безбедност на Апликацијата

Обезбедување заштита и тајност на личните податоци собрани преку Апликацијата е грижа на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје. Со таа цел, ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје обезбедува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се собирани, обработувани, и чувани преку Апликацијата. Имајќи го тоа во предвид, иако ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје настојува да обезбеди разумна заштита на личните податоци кои се обработуваат и чуваат, не постои сигурносен систем кој може да ги спречи сите потенцијални нарушувања на истиот.

Измени

Оваа Изјава за приватност може да биде ажурирана од време на време во зависност од потребите на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје. Корисниците на Апликацијата ќе бидат навремено известени за било какви измени преку објавување на новата Изјава за приватност низ Апликацијата или преку е-пошта или смс порака. Се препорачува на сите корисници на Апликацијата редовно да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност за било какви промени, со оглед на тоа што користењето на Апликацијата се смета како одобрување на сите измени.

Согласност од корисниците на Апликацијата

Со користењето на Апликацијата, корисниците се согласуваат ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје да ги обработува нивните лични податоци под условите наведени во оваа Изјава за приватност и нејзините натамошни измени. Обработка на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци (Сл.Весник бр.7/05, бр.103/08, бр.124/10, бр.135/11, и бр.43/14) претставува секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба,откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

Контакт

Доколку корисниците на Апликацијата имаат прашања во однос на тајноста на личните податоци за време користењето на оваа Апликацијата, или пак прашања во врска со практиката на ПЗУ ЖАН МИТРЕВ Скопје од оваа област, може да ги постават своите прашања преку електронска пошта на it@zmc.mk.