МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ОПШТА И ЕСТЕТСКА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Дермоскопија

Дермоскопија е брз метод кој служи за преглед на пигментни (бенки) и непигментни промени на кожата со што овозможува прецизен и ран скрининг на карциномот на кожа. Препораките се дека секој треба да барем еднаш во годината направи скрининг на бенките. Навременото дијагностицирање на секоја промена на кожата е од особено значење и може да доведе до комплетно излекување.

Дермоскопија

Медицински хигиенски третман

Овој третман се изведува во неколку чекори:
-чистење на лицето(отстранување на шминка или друг вид на креми кои веќе се нанесени на кожата);
-припрема на лицето за чистење со користење вапaзон околу 20 минути;
-користење ултразвучна шпатула со која правиме комедоекстракција;
-по темелното чистење на лицето следи ставање хидратантна маска која ќе ја смири кожата.

 

По препорака на специјалист дерматолог овој третман особено се користи кај лица во адолесценција кога станува збор за пубертетски акни и присуство на комедони.Исто така може и како подготовка за други третмани и пилинзи.

HYFRECATOR 2000

Неинвазивен третман за прецизно и безболно отстранување на:
-вирусни брадавици
-папиломи
-кератози
-телеангиектазии
Се изведува во амбулантски услови без несакани ефекти како крварење или формирање лузни.

Hydrafacial

Замислете кога со само еден третман би успеaле да и подарите на вашата кожа чистење, пилинг и хидратација, без време потребно за опоравок!
Ви го претставуваме HydraFacial третманот, кој можете да го направите во паузата за ручек и веднаш да им се вратите на вашите активности, а резултатите ќе бидат видливи веднаш.
Првата фаза е хидродермоабразија, која нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја подобрува текстурата и тонусот на кожата.
Втората фаза е хемиски пилинг, кој продира во долните слоеви на кожата и го отстранува вишокот на себум, како и бактериите кои предизвикуваат акни.
Третата фаза е екстракција, со која безболно се извлекува содржината од затнатите пори, чистејќи ја кожата од нечистотии.
Четвртата фаза е хидратација и антиоксидантна заштита, со што кожата се збогатува со влага и основни хранливи материи, давајќи ѝ здрав и сјаен изглед.
Откријте ја тајната на совршено негувана кожа!

Ја чисти, подмладува, ексфолира и длабински ја негува кожата – 4 драгоцени чекори во само 1 третман, а тоа е третманот за регенерација на лицето HydraFacial.

Hydrafacial има многу придобивки за вашата кожа и еве неколку од нив:

-Го подобрува тонусот и текстурата на кожата, правејќи ја мазна, мека и сјајна.
-Ја намалува појавата на брчки, фини линии и проширени пори.
-Третира некои видови акни, црвенило и хиперпигментација.
-Го стимулира производството на колаген и еластин, кои ја подобруваат еластичноста и цврстината на кожата.
-Не предизвикува болка, иритација или црвенило и е погоден за сите типови на кожа.
-Дава непосредни и долготрајни резултати, кои се гледаат веќе по првиот третман.
-Идеален третман за секој кој сака да ја освежи и регенерира својата кожа, без инвазивни и скапи процедури.

Hydrafacial е брз и лесен, трае само 30 минути и не бара опоравување.

Hydrafacial

Филери

Во последниве години, со голема популарност се здобија таканаречените филери (или дермални импланти). Тоа се продукти кои се вбризгуваат во кожата и на тој начин ги пополнуваат брчките, го зголемуваат волуменот на усните и ги ремоделираат контурите на лицето.

Користените филери се на базата на хијалуронска киселина – продукт кој природно влегува во составот на кожата. Поради тоа несаканите ефекти од нејзиното инјектирање се сведени на минимум.

Основна функција на хијалуронска киселина е да абсорбира и да задржува вода. Може да абсорбира вода и до 1000 пати од својот волумен. На тој начин таа ја привлекува водата и го оддржува нејзиното количество во меѓуклеточното пространтво, благодарение на коешто Вашата кожа се хидрира и се зголемува нејзиниот волумен.

Зависно од индивидуалниот метаболизам на секој пациент, хијалуронската киселина се разгладува со различна брзина, во интервал од 1 до 2 години. Во случај на мало надополнување (touch up) после првите 8-12 месеци, ефектот може да трае и подолго.

Филери

Ботокс

Постојат бројни дилеми на темата ботокс, па еве неколку препораки од нас за Вас
-Никогаш не е рано за ботокс,колку порано толку помалку брчки ќе се создадат.
-Најчесто првите брчки се појавуваат околу очите.
-Брчките на челото се појавуваат со секојдневните мимики и од ден на ден се по забележителни.
-Со апликација на ботокс, ќе го измазните Вашето чело и брчките околу очите.
-Ботоксот се користи и за намалување на мигренозни главоболки и е доста ефективен и во решавање на прекумерно потење под пазувите и дланките .
-Наш совет е да одберете ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ да ви го аплицира ботоксот.

Ботоксот што се користи во нашиот оддел за естетска дерматологија е регистриран на нашиот пазар но и одобрен од #FDA со трајност од 6 до 8 месеци .

Експертите велат дека вистинското време за ботокс е кога почнувате да забележувате брчки кои не исчезнуваат дури и кога ги опуштите мускулите на лицето.
Ова обично се случува помеѓу 25 и 35 години, но може да варира од личност до личност.

Колку порано започнете со ботокс, толку подолго ќе го задржите вашиот младешки изглед и ќе ја спречите појавата на длабоки брчки.

Ботокс

Биоревитализација

Биоревитализација е минимално инвазивна процедура која вклучува инјектирање на хијалуронска киселина, аминокиселини, пептиди, антиоксиданси..
Оваа процедура резултира со:
-природен и свеж изглед на лицето – подобрување на еластичноста и тонусот на кожата
-овозможува пополнување на фините брчки
-стимулација на колаген.
Oваа процедура може да се изведе на лицето, вратот и деколтето.
Разубави го животот – разбуди ja убавината во себе!

Биоревитализација без игла

Имате некој важен настан и ви треба брз лифтинг на кожата кој не захтева период на опоравување?

Тогаш биоревитализацијата без игла е она што е потребно!

Овој третман е комплетно неинвазивен и не се користат игли.

Се нанесува PRTX-33 гел како пилинг кој длабоко хидрира и затега без лупење на кожата.

 

Поради тоа веднаш по третманот може да се вратите на своите активности заради тоа што не е потребен период на опоравување.

-После оваа брза процедура кожата не е осетлива на сонце така што оваа процедура може да се прави во лето и зима.

-Биоревитализација без игла е современа метода за подмладување која ја стимулира природната регенерација на кожата.

Исто така oвозможува успешно лекување на: акни, лузни, стрии, површински брчки, мелазма, хиперпигментации и други видови на фотостареење и неправилности на кожата.

Вашата кожа ќе биде длабоко хидрирана свежа блескава и затегната.
Промените се видливи одма а за најдобар ефект препорачуваме 3 третмани од овој тип.

Хемиски пилинг

Претставува неинвазивен медицински третман кој со помош на раствори на киселини со различна концентрација  врши отстранување на површинскиот слој на кожата.  Со овој третман се подобрува текстурата на кожата, се отстрануваат постоечките пигментации, служи како  третман на лузни од акни и се постигнува значителен ефект против знаците на стареење.

Зависно од видот и концентрацијата на киселините постојат три типа на хемиски пилинзи, површински, средено длабок и длабок. За постигнување на најдобар ефект потребно е да се извршат од 4-10 повторувања на третманот.

Кожата како најголем орган во телото  функционира како главна заштитна бариера кон околината, но истовремено кожата е прозорец преку кој гледаме во внатрешноста на организмот и огледало кое ги одразува случувањата во организмот, затоа секоја промена е важна и навремената дијагноза на дерматолошките промени значи целокупно здравје.

Хемиски пилинг

Корекција на подочници

Дали ви е познато чувството кога сте конечно отспиени и одморени, но ќе се погледнете во огледало и гледате темни подочници – повторно?

Поради тоа наша препорака е корекција на подочници со хијалурон, потполно безболен третман кој ќе го врати сајајот на вашето лице и пред се одморениот изглед.

 

Како функционира корекција на подочници?

Отстранување на подочници со хијалуронски филери во суштина подразбира пополнување на областа под очите и израмнување на регијата помеѓу долниот очен капак и образите. Хијалуронскиот филер го надополнува загубениот волумен а тоа резултира со исчезнување на темните кругови.

Корекција на усни со хијалурон

Корекција на усни со хијалурон е едноставен, безбеден и ефикасен начин да го вратите младешкиот изглед на Вашите усни.

Самиот третман се работи по претходно нанесување на локален анестетик во вид на крема.

Третманот трае околу 15 тина минути без посериозни последици освен оток и модринки кои поминуваат за неколку дена.

Резултатите се видливи веднаш по третманот и траат од 6-24 месеци, во зависност од типот и квалитетот на дермалниот филер кој се користи и индивидуалните карактериситки на организмот за апсорпција на хијалурнот.

Хијалуронски филери

Иако хијалуронските филери се познати на сите како „тајна состојка„ на убаво обликуваните и полни усни, нивната примена ја надминува само оваа намена.

Хијалуронот е природна состојка која се наоѓа во нашата кожа и има способност да ја задржува водата, ги пополнува брчките и дава волумен.

 

Еве примери на некои регии кои може да се корегираат со хијалурон:

Усни: Хијалуронот може да го зголеми волуменот и дефиницијата на усните, како и да ги ублажи брчките околу нив.

Подочници: Хијалуронот може да ги намали темните кругови под очите како и да го подигне и освежи погледот. Хијалуронот во подочниците се вбризгува во подлабоките слоеви на кожата и дава ефект на одморен и младешки изглед.

Нос: Хијалуронот може да ја израмни малата неправилност на носот, да го истакне и подигне врвот на носот како и да додаде волумен. Хијалуронот за нос е алтернатива на хируршката корекција кој не бара време за опоравување и дава природни резултати.

Брада и долна вилица: Хијалуронот може да ја поправи контурата на брадата и долната вилица , како да го намалии вишокот кожа на подбрадокот. Хијалуронот за брада и дoлна вилица може да ги промени пропорциите на лицето и со тоа да се постигне складен профил.
Појава на мали модринки кои се составен дел од постапката на корекција на усни кај некои се изразени повеќе кај некои се иразени помалку.

Мезотерапија

Претставува минимално инвазивна метода која се изведува со вбризгување на активни супстанци (витамини, минерали, амино киселини, медикаменти) во дермот и хиподермот на лицето, вратот, дланките како и мезотерапија на телото (како антицелулитна и липолитична терапија).

Оваа терапија со взаемното дејство  на механичката дразба како и уппотребата на активнити супстанци постигнува ефект на поттикнување на продукција на колаген и фибробласти, подмладување, избледување на пигментации и изедначување на тенот, отстранување на стрии и лузни од акни, поттикнување на раст на влакна при опаѓање на косата.

Мезотерапија

MaiLi

MaiLi е филер кој се состои од хијалуронска киселина, која природно се наоѓа во нашето тело, што обезбедува природни и долгорочни резултати.
Има гел текстура и е идеален за пополнување фини линии, длабоки брчки, лузни, редефинирање на контурите, како и волумен.

Корекција на носот со хијалурон

Доколку сакате да го поправите обликот на вашиот нос, а сакате да избегнете операција, ви претставуваме популарна алтернатива која ги заменува хируршките резови со инјекции!

 

Едноставна апликација на хијалуронска киселина може да постигне одредено преобликување:

-додавање волумен
-измазнување на испакнатините
-пополнување на вдлабнатини
-подигање на врвот на носот
-постигнување на издолжување на носот
-постигнување симетрија

Целиот процес трае кратко, а резултатите можат да траат и до 18 месеци!

Kолаген стимулатори Lanluma

Дали забележавте дека задникот се опушта и го губи волуменот, но немате време да се посветите на овој проблем?

Ви претставуваме нешто сосема ново во нашата понуда, модерно нехируршко решение во естетската хирургија наречено – Ланлума.

Сакаме да бидеме во чекор со најмодерните иновации и мораме да се пофалиме дека нашата клиника е единствената во Македонија која го нуди овој третман за преобликување на телото!

 

Со овој третман можете да се подмладите и да затегнете повеќе делови од телото.

Веднаш ќе забележите зголемен волумен во третираната област, а резултатите ќе продолжат да се подобруваат во текот на следните недели и месеци.

Ланлума го стимулира производството на природен колаген во кожата кој со текот на времето ќе го има повеќе, па вашата трансформација ќе биде постепена и природна.

Пред да се инјектира колагенскиот стимулатор се нанесува локален анестетик, така што постапката е безболна, а резултатите може да траат помеѓу 2 – 5 години!

TESLA FORMER

Уште еден новитет во центатрот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника.

Имате потреба од:
• Обликување на телото
• Намалување на целулитот
• Подобрување на микроциркулацијата
• Забрзување на протокот на лимфа
• Зголемување на мускулен тонус
• Затегнување на кожа
• Зацврснување на мускулатурата
• Опуштање на мускулатурата

 

Ние го имаме вистинското решение за вас!
Третманите со Tesla Former се изведуваат по предходно спроведена бесплатна физиотерапевтска проценка која вклучува: мерење обем на екстремитети, BMI (индекс на телесна тежина), анамнеза, прибирање на информации за болни состојби, проверка за сите индикации и контраиндикации според протоколот за употреба на Tesla уредот.
Бројот на третмани е од 8 до 10 за една иста регија. Истите се спроведуваат секој втор ден бидејки е потребно еден ден одмор на мускулите помеѓу два третмани на иста регија.
Третманот може да се спроведува и секој ден, но само доколку се третира друга регија, при што бројот на третмани треба да се зголеми со цел секоја регија да добие соодветен број на третмани и за да може да се постигнат очекуваните резултати.

TESLA FORMER

PRP (Plasma-Rich Platelet)

Ви го претставуваме така наречениот “вампирски лифтинг” или ПРП третман.
За што станува збор и зошто така е наречен?
Овој третман се заснова на користење на крвната плазма и тромбоцитите на пациентот и има за цел создавање на нови ткивни клетки.
Тромоцитите се заслужни за зараснување на раните со што се постигнува раст на нови и здрави клетки во вашата кожа.

 

Овој третман се користи за:
-Лузни од акни
-Хиперпигментации
-Затегнување на опуштена кожа
-Темни подочници
-Кеси под очите
-Стрии
-Фини линии и брчки
-Изедначен тен
-Измазнување на текструрата на кожата
Резултатот е видлив веднаш после првиот третман, а кожаат е посвежа, хидрирана, затегната и блескава.

FotoFinder

Редовните прегледи се клучни за превенција од рак на кожата, кој може да се излечи доколку се открие навреме.

Жан Митрев е единствената клиника во Македонија која има FotoFinder – уред сo Moleanalyzer Pro софтвер кој овозможува автоматско мапирање на целото тело.

 

Со ваква модерна технологија можеме да направиме детална анализа на промените, а фотографиите се чуваат во базата на податоци и помагаат да се следи состојбата на пациентот со секој следен преглед.

Ви препорачуваме барем еднаш годишно да доаѓате на дерматолошки преглед за да ја следите состојбата на вашите бенки.

Превенцијата е најдобриот лек, затоа не чекајте, закажете го вашиот годишен преглед!

FotoFinder

Ultherapy

Ви претставуваме уникатна естетска процедура која користи фокусиран ултразвук за да го стимулира производството на нов колаген во длабоките слоеви на кожата.

На овој начин се постигнува природен и долготраен ефект на лифтинг и зацврстување на кожата, без сечење, лузни и период на закрепнување.

Идеален е за луѓе со блага до умерена опуштеност на кожата, кои сакаат да го подобрат нејзиниот квалитет и текстура, како и да го спречат понатамошното стареење.

 

Третманот Ulthera може да се примени на различни делови од лицето и телото, како што се брадата, вратот, веѓите, очните капаци, образите, усните и деколтето.

Резултатите се природни, дискретни и долготрајни, а во следниот пост ќе ви кажеме колку третмани ќе ви бидат потребни, дали ќе треба да одвоите неколку дена за закрепнување и колку често треба да го повторувате третманот!

Ultherapy

Nordlys Laser

Единствeно во Македонија на одделот за естетска дерматологија пристигна – Nordlys најмоќниот и технолошки најнапреден ласер од американскиот премиум бренд Candela. Оваа ласерска платформа 5 во 1 за прв пат достапна во клиниката, овозможува вистинско решение за дерматолошки и естетски проблеми како:

  • трајно отстранување на влакна,
  • брчки,
  • лузни и стрии,
  • хиперпигментации,
  • розацеа,
  • телеангиектазии,
  • хемангиоми,
  • капилари и вени,
  • бенки,
  • брадавици,
  • габични инфекции на нокти и уште многу други.

Nordlys Laser

Хипербарна терапија

Кислородните хипербарни терапии се изведуваат во контролирани услови во хипербарната комора и му помагаат на организмот побрзо да заздрави, зацели и да се регенерира. Може да се користи како единствен третман или во комбинација со други медицински конвенционални или алтернативни начини на лекување.

 

Овој тип на третмани може да направи значителни подобрувања во поглед на:

– Спортските перформанси
– Когнитивните функции
– Спиењето и релаксацијата
– Подмладувањето и долговечноста
– Постоперативното заздравување

Индикации за примена на хипербарична комора:

-Подобрување на микроциркулација
-Активирање и подобрување на лимфниот систем
-Ефект против стареење
-Оксигенација на периферните ткива
-Побрзо закрепнување после тренинг и интензивни професионални спортови
-Го забрзува процесот на закрепнување и зараснување на рани
-Подобрување на зглобови и мускули
-Подобрување на целокупната циркулација на кардиоваскуларниот систем

Со зголеменото снабдување на клетките со кислород се подобрува енергетското ниво, се смируваат воспалителните процеси, се зголемува клеточниот метаболизам и се подобрува имуниот систем.

Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, карцином, итн.

Хипербарна терапија

Останати доктори од овој оддел

Анџелка Илиева

Д-р Анџелка Илиева

Специјалист по дерматовенерологија

andzelka.ilieva@zmc.mk

Види го профилот
Живорад Коцевски

Д-р Живорад Коцевски

Спец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија

zhivorad.kocevski@zmc.mk

Види го профилот
Александра Лазаревска

Д-р Александра Лазаревска

Специјалист по дерматовенерологија

aleksandra.lazarevska@zmc.mk

Види го профилот