Тимот на Жан Митрев

Владимир Поповски

Максилофацијален хирург

vladimir.popovski@zmc.mk

2008

Редовен професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ Скопје

2003

Вонреден професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ Скопје

1998

Одбранет докторски труд на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Р. Македонија

1989

Специјалист по максилофацијална хирургија

1984 – 1989

Специјализација по максилофацијална хирургија

2023 – во тек

Специјалист по максилофацијална хирургија – во Клиничката болница Жан Митрев, Скопје

2017 – 2023

Раководител на советот при школата за докторски студии на Стоматолошки факултет

1999 – 2023

Додипломска настава по максилофациајлна хирургија и ургентни состојби на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и Медицински факултет на Универзитет Гоце Делчев во Штип. Постдипломска настава за II и III циклус докторски студии.

2008 – 2023

Редовен професор на катедра за Максилофацијална хирургија

2008 – 2011

Заменик Министер за здравство на Р. Македонија

2006 – 2008

Директор на Универзитетска Клиника за Максилофациајлна хирургија

1994 – 2023

Максилофацијален хирург на Универзитетска Клиника за Максилофацијална хирургија – Скопје

1989 – 1994

Максилофацијален хирург во Клиничка болница Битола

1984 – 1989

Доктор на специјализација по максилофациајлна хирургија

1982 – 1984

Доктор секундарец на оддел за максилофацијална хирургија при Медицински центар Битола

2007 -2013

Директор на едукационен центар за специјализанти и млади специјалисти по максилофацијална хирургија за југо-источна Европа под покровителство на EACMFS и УКИМ. Органилизани и реализирани седум едукациони курсеви во два акредитирани програми.

2000 – 2007

Главен истражувач и учесник-соработник во еден меѓународен и три домашни научно-истражувачки проекти финансирани од Министерството за наука на Република Македонија и МАНУ.

2007

Тим лидер на проект за менаџирање на болничкиот систем реализиран во Минеаполис, Минесота, САД под покровителство на проект за реформи во здравствен сектор Светска банка.

1989 – 1991

Два стручни престоја во Каролинска болница во Стокхолм, Шведска на оддел за пластична и реконструктивна хирургија

1996

Стручен престој на ВМА Белград на одддел за Максилофацијална хирургија

• Операции на бранхиогени аномалии на врат (бранхиогени цисти и фистули, тиреоглосни цисти и фистули)
• Хирургија на бенигни и малигни тумори на паротидни жлезди (парцијани и тотални паротидектомии)
• Реконструкции на фацијален нерв (екстракранијален дел)
• Операции на вродени расцепи на усна, алвеоларен гребен и тврдо и меко непце
• Фарингопластики
• Операции на субмандибуларни саливарни жлезди (сиалоаденитис, сијалолитијаза, тумори)
• Оперативен третман на лимфангиоми на лицево-вратна регија
• Операции на бенигни тумори и цисти на лице и усна празнина
• Операции на малигни тумори на лице и орофаринкс (карцином на усна, карцином на јазик, карцином на сублингвална регија, карциноми на палатум)
• Дисекции на врат – сите типови
• Хирургија на максиларни синуси
• Третман на повреди на меки ткива и коскени структури на лицево-вилична регија (фрактури на мандибула, фрактури на зигоматична коска, фрактури на максила)
• Хирургија на лицево-вилични дизгнатии
• Хируршка дијагностика на лимфоми на глава и врат

2004 -2015

Претседател на Македонско здружение на максилофацијални хирурзи

2016-2023

Советник во Европска асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија

2014 -2018

Претседател на Балканска асоцијација за максилофацијални хирурзи

2006 -2008

Директор на Универзитетска Клиника за Максилофацијална хирургија Скопје

2008 -2011

Заменик министер за здравство на Р. Македонија

2014 -2018

Претседател на Стоматолошка комора на Македонија

2004

Добитник на Плакета од Македонско лекарско друштво за значаен придонес во остварување на целите и задачите на МЛД

2010

Награда од Европска асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија (EACMFS) за придонес во максилофацијалната хирургија (XX Конгрес на Европската асоцијација за кранио – максило-фацијална хирургија, Бриж, Белгија)

2014

Почесна диплома од Нови Хоризонти Симпозиум, Ферара, Италија

2014

Награда од Европска асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија (EACMFS) за придонес во едукацијата за европската максилофацијална хирургија (XXII Конгрес на Европската асоцијација за кранио – максило-фацијална хирургија, Прага, Чешка)

  • Европска асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија EACMFS
  • Интернационална асоцијација за орална и максилофацијална хирургија IAOMS
  • Америчка академија на хирургија на глава и врат AAHNS
  • Претседателски одбор на Балканска асоцијација на максилофацијалните хирурзи BAMS
  • Македонско здружение по максилофацијална хирургија MAMS
  • Македонско Лекарско Друштво
  • Стоматолошка комора на Македонија
  • Лекарска комора на Македонија

  • Автор и коавтор на повеќе од 200 стручни и научни трудови од областа на максилофацијална хирургија и хирургија на глава и врат публикувани во меѓународни часописи (повеќеод 50 индексирани трудови и трудови со импакт фактор)
  •  Ментор на магистерски трудови и ментор на девет докторски дисертации одбранети на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, Р. Македонија.
  • Рецензентски член на Издавачки – редакциски одбори на повеќе меѓународни часописи со импакт фактор, највисок импакт актор во Journal of Oral and Maxillofacial Surgery 2.1- 2022
  • Автор и коавтор на меѓународен учебник „Максилофацијална хирургија за студенти по медицина„ издаден во Белград 2017 година.
  • Автор на поглавие во книга „Максилофацијална хирургија„ уредник автор И. Васков, издадена од МАНУ 2015 година.
  • Автор на поглавија и соработник во книга „Аномалии во максилофацијалната регија„ уредник автор И. Васков, издадена од МАНУ 2007 година.
  • Автор на поглавија и соработник во книга „Дентогени синузитиси„ уредник автор И. Васков, издадена од МАНУ 2006 година.
  • Пленарен предавач на Конгресите на Европска Асоцијација на кранио-максилофацијална хирургија во Бриж 2010, Прага 2014, Минхен 2018, Париз 2020 и Мадрид 2022 година (трудовите објавени во Journal of Cranio-Maxillo-Facial Surgery)
  • Пленарен предавач на Конгресите на Интернационалната Асоцијација за Орална и Максилофацијална Хирургија во Барцелона 2013 и Хонг конг 2017 година (трудовите објавени во International Journal for Oral and Maxillofacial Surgery)
  • Пленарен предавач на Конгресите на Балканската асоцијација на максилофацијални хирурзи во Анталија, Белград, Љубљана, Охрид, Истанбул, Тирана, Загреб, Приштина)

Англиски
Српски

Останати доктори од овој оддел

Константин Митев

Проф. д-р Константин Митев

Спец. по општа хирургија
Супспец. по трауматологија

konstantin.mitev@zmc.mk

Види го профилот
Лилјана Брајевиќ

Д-р Лилјана Брајевиќ

Спец. по општа хирургија
Супспец. по торакална хирургија

liljana.brajevikj@zmc.mk

Види го профилот
Ристе Зимоски

Д-р Ристе Зимоски

Специјализант по општа хирургија

riste.zimoski@zmc.mk

Види го профилот
Славчо Стојменски

Проф. д-р Славчо Стојменски

Спец. по општа хирургија
Супспец. по трауматологија

slavcho.stojmenski@zmc.mk

Види го профилот
Мане Хаџи-Манчев

Прим. д-р Мане Хаџи-Манчев

Спец. по општа хирургија

mane.hadzi-manchev@zmc.mk

Види го профилот