00389 2 3091 484
март 03,2023
Срцева слабост или како што уште се нарекува слабо срце – е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање.Таков беше случајот и со нашиот последен пациент на кој во нашата болница му беше спроведен оперативен зафат познат и како ,,механичко срце,, за решавање на левокоморна хронична срцева слабост.
Во Европа годишно над 15 милиони луѓе умираат од срцева слабост што ја прави оваа состојба една од водечките причини за смртност.Срцевата слабост може да биде акутно настаната и таа вообичаено се повлекува после адекватен и навремен третман, но може да помине во хронична или пак да заврши со смрт.Доколку срцевата слабост не се препознае, дијагностицира и третира адекватно, води кон лош квалитет на живот, чести болнички лекувања и смрт.
Најчести причини за срцева слабост се:
Хроничната срцева слабост претставува сериозно заболување кое се карактеризира со прогресивно пропагање на срцевиот мускул, што пак води кон намалување на квалитетот на животот кај пациентите со оваа состојба.Целта која сакаме да ја постигнеме со третирање на хроничната срцева слабост е да се успори или пак запре напредувањето на ова заболување. Со тоа и бројот на хоспитализации кои се повторуваат, и секако намалување на стапката на морталитет во крајна линија.
Постојат неколку опции: неинвазивни (медикаментозна терапија), но и оперативни.Најважно е најнапред точно да се дефинира причината за настанување на срцевата слабост. Ова ќе овозможи ефикасност во понатамошниот третман на ова заболување.Така покрај стандардниот медикаментозен третман, постојат и хируршки т.е интервентени третмани за решавање на хроничната срцева слабост.Доколку се работи за исхемична етиологија на ова заболување, се применува бајпас хирургија или пак стентирање. Додека пак, ако како причина за срцева слабост се констатираат деструктивни промени на валвулите, тогаш се применува валвуларна хирургија.
Останатите терапевтски можности се: вградување на кардиовартер – дефибрилатор за превенција на смртен исход при малигни аритмии или пак вградување на ресинхронизирачки пејсмејкер.Специфично е што кај пациентите со напреднат стадиум на срцева слабост кои имаат потреба од чести болнички лекувања, т.е се во NYHA IV класификација, неопходно е да се разгледа можноста за вградување на механичка циркулаторна потпора на срцето таканаречен ВАД третман.Вградувањето на ВАД (ventricular assist device) му овозможува на пациентот кој е со срцева слабост да преживее додека да се реализира можноста за срцева трансплантација, и да му овозможи на пациенот подобрување на општата состојба на целиот организам.
Зависно дали се работи за лева, десна или пак двокоморна срцева слабост, постојат три типа на механичка циркулаторна потпора и тоа: ЛВАД за лева срцева слабост, РВАД за десна срцева слабост и при глобална срцева слабост (терминален стадиум на срцева слабост на двете комори) се вградува БВАД поточно потпорна пумпа за левата комора и истовремено потпорна пумпа за десната комора РВАД).Пумпата на ЛВАД системот се вградува апикално во левата комора, наспроти самата митрална валвула и истата со помош на графт се поврзува со предниот дел на аортата веднаш над аортната валвула. Додека пумпата на РВАД системот се вградува во десната преткомора, и истата со графт е поврзана со пулмоналната артерија.Хируршката процедура се изведува во услови на општа анестезија и екстракорпорална циркулација.Таков беше случајот и со нашиот последен пациент.Кај него беше направен ЛВАД, по што тој успешно се опоравува и наскоро ќе биде отпуштен на домашно закрепнување.