00389 2 3091 484
јуни 06,2024
Пилонидалниот синус претставува хронична инфективна состојба која се карактеризира со формирање на циста или абсцес во предел на глутеалната или интерглутеалната регија. За оваа состојба постојат уште неколку компликувани стручни изрази (пилонидална циста, сакрококцигеална фистула), но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно.
Оваа состојба претставува формирање на цистична творба или ограничено гнојно воспаление (апсцес) локализирано во глутеалната бразда. Некои пациенти имаат само една циста додека кај други се создава фистуларна траекторија. Во голем дел од случаите, на површината на кожата се формира отвор преку кој се дренира гнојна содржина.
Третманот на пилонидалниот синус може да биде спроведен на традиционален начин со класичен хируршки зафат– отстранување на изменетиот сектор кожа со поткожното ткиво се до здраво ткиво или пак може да се примени ласерски третман.
Ласерскиот третман на пилонидален синус претставува минимално инвазивна процедура која користи фокусирана ласерска енергија со цел аблација на изменетото и инфективно ткиво во синусната шуплина.
Хируршкото отстранување е најстариот начин за решавање на враснато влакно, но најчесто доведува до голем постоперативен дефект на местото на отстранетиот синус. Самото место на рез во зависност од условите, може да се затвори со препокривање со околната кожа преку формирање на кожни флапови или со директно сошивање под голема тензија. А во одредени состојби може да се остави отворен самиот дефект со цел спонтано зараснување. Оваа метода на третман има низок ризик за рецидив односно повторна појава на пилонидален синус. Но од друга страна самиот третман доведува до пролонгиран престој во болница, отежнато зараснување, подолг период на рехабилитација, не можност пациентот да се врати на секојдневните активности, не можност за спортување, почести лекарски контроли, чести преврски, подолг антибиотски третман.
За разлика од оваа класична метода, неинвазивниот ласерски третман претставува значаен напредок во третман на самата состојба. Ласерскиот третман користи прецизна технологија која ни овозможува да го отстраниме изменетото ткиво со минимално оштетување на околното ткиво и кожата. Ласерскиот третман се врши со диоден ласер со 1470 нанометри должина. Овој третман има голем број предности. Тоа се:
Предоперативно се одредува постоењето на кожни отвори, се одредува постоење на фистули. Доколку е потребно, се прави снимање на самите фистули – фистулографија. Потоа се прави оперативен план по кој следи предоперативна подготовка по која се пристапува кон изведување на операцијата. Операцијата се изведува во спинална анестезија или комбинирана интравенска седација со локална анестезија. По подготовка на оперативното поле, претходно обележаните отвори на површината на кожата се прошируваат со циркуларен скалпел, при што големината на отворите се проширува до максимум 8mm. Најпрво се отстранува содржината од синусната шуплина, се отстрануваат влакната или другиот дебрис, се прави испирање на синусната шуплина се додека да се отстрани комплетната содржина.
По отстранувањето на комплетната содржина, преку отворот на кожата во самата шуплина ја вметнуваме фибероптичката ласерска сонда. Ласерската енергија ја насочуваме во сите правци во самата шуплина и во околните фистулозни канали со цел да се вапоризира синусот и инфективното ткиво. Како што го извлекуваме ласерот, истиот доведува до хемостаза односно го спречува крварењето со што го намалуваме ризикот од постоперативен крвен подлив, но исто така доведува до успешна редукција на големината на самата шуплина.
По изведениот ласерски третман, во предел на синусната шуплина директно вметнуваме антибиотик, но и колаген стимулатори кои доведуваат до намалување на ризик за рецидив и до побрзо заздравување. Доколку синусната шуплина предоперативно е малечка и доколку отворот на површината е помал од 3мм, тогаш може и воопшто отворот да не се шие, но доколку отворот е поголем од 3mm тогаш се поставува само еден шав на кожата, кој истиот може да биде и ресорптивен односно самиот да отпадне.
По изведениот третман, доколку пациентот се чувствува добро, може да биде отпуштен дома уште истиот ден или следното утро. Пациентот се отпушта со преврска која стои 24 часа. По 24 часа се советува да ја отстрани преврската, да започне со хигиенски третман. Доколку раната е во ред, може и да не се прави преврска или да направи уште една до две преврски во домашни услови. Пациентот се јавува на контрола 3 дена по операцијата со цел проценка на самата рана, евалуација на степенот на болка, одредување натамошна терапија и советување за натамошна физичка активност.
За да закажете преглед, јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484