00389 2 3091 484
Забните импланти имаат за цел да ги надоместат забите кои недостасуваат или се изгубени.
Импланти се поставуваат кога постои парцијална или тотална беззабост кај пациентот. Нивната цел е да служат како замена за коренот на забот. На нив се поставуваат коронки кои го заменуваат изгубениот заб или ги фиксираат протетските конструкции кога е потребно да се заменат неколку или сите заби. Изработени се од титаниум, не се корозивни и во однос на коската се бикомпатибилни и интернтни.
Ендодонцијата е гранка на стоматологијата која се занимава со дијагностика и третман на болести и воспаленија на пулпата (внатрешното меко ткиво на забот) и коренските канали.
Кога пулпата на забот е инфицирана или воспалена поради длабок кариес, пукнатина, траума или повторени стоматолошки интервенции ендодонтскиот третман е неопходен за да се спречи вадење на забот.
-отстранување на инфицираната пулпа
-чистење и дезинфекција на коренските канали
-полнење и запечатување на каналите со специјални материјали
Предности на ендодонтскиот третман се:
-го зачувува природниот заб
-ги елиминира болката и инфекцијата
-спречува понатамошни компликации и потреба од посложени интервенции
Во нашата клиника е изведува сложена ендодонтска терапија со помош на технологија со машински инструменти и дигитална радиографија штп овозможува побрзи, побезболни и прецизни резултати.
Целта на ортодонцијата е да ги корегира неправилно поставените заби и неправилниот загриз и да ги балансира нехармоничните варијации на насмевката и лицето. Придобивките се сеопфатни: функционални, естетки и психолошки, придонесува луѓето да се прифатат и чуствуваат задоволни со себе.
Најчесто ортодонтскиот третман се спроведува по комплетно никнување на трајните заби, но при одредени неправилности кои го засегаат развојот на вилиците раниот ортодонтски третман е есенцијален и ја редуцира потребата од сложени третмани во иднина. Навремениот ортодонтски преглед е важен и заради процена на орофацијалните функции: дишење, голтање, зборување. Детската и тинејџерската возраст не е единственото време за исправување на забите. Со напредокот на технологијата денес се достапни протези кои се многу помали, покомфорни, побрзи и подискретни. Алајнерите како ултимативен тип на ортодонтски третман кој постојано се усовршува може да биде опција за сите возрасти, а најмногу за оние кои не сакаат да бидат забележани во процесот на постигнување на убава насмевка.
Импланти се поставуваат кога постои парцијална или тотална беззабост кај пациентот. Нивната цел е да служат како замена за коренот на забот. На нив се поставуваат коронки кои го заменуваат изгубениот заб или ги фиксираат протетските конструкции кога е потребно да се заменат неколку или сите заби. Изработени се од титаниум, не се корозивни и во однос на коската се бикомпатибилни и интернтни.
Кога пулпата на забот е инфицирана или воспалена поради длабок кариес, пукнатина, траума или повторени стоматолошки интервенции ендодонтскиот третман е неопходен за да се спречи вадење на забот.
-отстранување на инфицираната пулпа
-чистење и дезинфекција на коренските канали
-полнење и запечатување на каналите со специјални материјали
Предности на ендодонтскиот третман се:
-го зачувува природниот заб
-ги елиминира болката и инфекцијата
-спречува понатамошни компликации и потреба од посложени интервенции
Во нашата клиника е изведува сложена ендодонтска терапија со помош на технологија со машински инструменти и дигитална радиографија штп овозможува побрзи, побезболни и прецизни резултати.
Најчесто ортодонтскиот третман се спроведува по комплетно никнување на трајните заби, но при одредени неправилности кои го засегаат развојот на вилиците раниот ортодонтски третман е есенцијален и ја редуцира потребата од сложени третмани во иднина. Навремениот ортодонтски преглед е важен и заради процена на орофацијалните функции: дишење, голтање, зборување. Детската и тинејџерската возраст не е единственото време за исправување на забите. Со напредокот на технологијата денес се достапни протези кои се многу помали, покомфорни, побрзи и подискретни. Алајнерите како ултимативен тип на ортодонтски третман кој постојано се усовршува може да биде опција за сите возрасти, а најмногу за оние кои не сакаат да бидат забележани во процесот на постигнување на убава насмевка.
Детска стоматологија-грижа за насмевката од најрана возраст. Детската стоматологија е специјализирана област што се фокусира на оралното здравје на децата-од најрана возраст до адолесценција. Нашиот пристап е внимателен, прилагоден на возраста и потребите а децата, со цел да создаде пријатно безбедно искуство при секоја посета.
Дополнително нудиме индивидуален пристап кон секое дете, со цел да изградиме позитивни навики, доверба и чуство на сигурност во стоматолошката ординација.Нашиот тим има искуство и трпение да се справи со стравот или анксиозноста кај најмладите пациенти, претворајќи ја секоја посета во позитивно искуство.
Кариес и периодонтитис се најчестите болести на забите. Тие може да се превенираат со одржување на секојдневна правилна хигиена, најпрво во домашни услови и од најрана возраст, а со редовни посети на стоматолог може да се детектираат и навреме да се санираат и најмалите знаци на болест на забите или непцето. Редовното професионално чистење на забите е есенцијално. Дури и ако стоматолошкиот третман е веќе завршен, неопходна е профилакса за да се спречат понатамошни компликации.
Дополнително нудиме индивидуален пристап кон секое дете, со цел да изградиме позитивни навики, доверба и чуство на сигурност во стоматолошката ординација.Нашиот тим има искуство и трпение да се справи со стравот или анксиозноста кај најмладите пациенти, претворајќи ја секоја посета во позитивно искуство.
Фиксни протетски надоместоци се коронки, мостови. Услови за нивна изработка се присуство на природни заби и соодветна нивна распределеност во устата.
Соло коронки може да се изработат на секој заб, додека дентален мост мора да има соодветна распределеност на забите за негова изработка, која ќе ја воочи специјалистот по стоматолошка протетика. При препарација (стругање на забите) се зема дигитален отпечаток од забите што се третираат и се креира тродимензионален модел. Овој дигитално се праќа до дентална лабораторија. Во денталната лабараторија се принта 3д модел, на кој се изработуваат фиксните протетски надоместоци. Тие се враќаат во стоматолошката ординација и се пробуваат во устата на пациентот. Доколку се добри се оставаат привремено да се носат, или доколку има забелешки, се корегираат во лабараторија.
Протезите се отстранливи протетски надоместоци кои можат да заменат повеќе изгубени заби (делумни протези) или тотални протези кога има целосна беззабност.
Протезите лесно се вадат од устата за чистење или поправки. Постојат и тотални протези над импланти кои се поприфатливи од страна на пациентот бидејќи се постабилни (се фиксираат за имплантите) и можат да се изработат минимум над два, четири или шест импланти.
Широко распространета болест која ги афектира потпорните ткива на забите. Доколку не се третира соодветно и на време може да доведе до расклатување и губење на забите.
Првиот знак е крварење од непцата и нивно повлекување, како и непријатен мирис од устата, а во напреднатата фаза започнува и губиток на коската околу корените кој се манифестира со клатење на забите. Пародонтални третмани за контрола на воспалението се спроведуваат во нашата клиника кои во комбинација со беспрекорна секојдневна орална хигиена го стопираат процесот и понатаму го одржуваат резултатот.
Соло коронки може да се изработат на секој заб, додека дентален мост мора да има соодветна распределеност на забите за негова изработка, која ќе ја воочи специјалистот по стоматолошка протетика. При препарација (стругање на забите) се зема дигитален отпечаток од забите што се третираат и се креира тродимензионален модел. Овој дигитално се праќа до дентална лабораторија. Во денталната лабараторија се принта 3д модел, на кој се изработуваат фиксните протетски надоместоци. Тие се враќаат во стоматолошката ординација и се пробуваат во устата на пациентот. Доколку се добри се оставаат привремено да се носат, или доколку има забелешки, се корегираат во лабараторија.
Протезите лесно се вадат од устата за чистење или поправки. Постојат и тотални протези над импланти кои се поприфатливи од страна на пациентот бидејќи се постабилни (се фиксираат за имплантите) и можат да се изработат минимум над два, четири или шест импланти.
Првиот знак е крварење од непцата и нивно повлекување, како и непријатен мирис од устата, а во напреднатата фаза започнува и губиток на коската околу корените кој се манифестира со клатење на забите. Пародонтални третмани за контрола на воспалението се спроведуваат во нашата клиника кои во комбинација со беспрекорна секојдневна орална хигиена го стопираат процесот и понатаму го одржуваат резултатот.
Избелувањето на забите е популарен и ефикасен козметички третман кој служи за осветлување на природната боја на забите и отстранување на површинските дамки предизвикани од храна, пијалоци, пушење или стареење.
Процедурата се изведува во стоматолошка ординација со професионални избелувачки гелови на база на водород или карбамид пероксид, или со домашен третман преку индивидуално изработени калапи. Времетраењето и методот се прилагодуваат според состојбата на забите и посакуваниот резултат. Избелувањето е безболно, не ја оштетува забната структура и дава брзи и видливи резултати, често уште во првата сеанса. Третманот е погоден за возрасни од сите генерации кои сакаат да ја освежат својата насмевка и да ја подобрат самодовербата.
Во нашата клиника овој процес се изведува со професионална метода, потпомогната со Beyond лампа за белеење и ласерски забрзувачки ефект.
Консултирајте се со нашите стоматолози за да добиете персонализиран план и безбеден третман.
Денталната реставрација опфаќа низа стоматолошки третмани кои имаат за цел да ги обноват оштетените, истрошени заби со незадоволителен естетски изглед.
Без разлика дали се работи за кариес, пукнатини, траума или природно трошење, реставративната стоматологија нуди решенија кои ја враќаат функцијата, стабилноста и естетиката на забот.
Во зависност од потребите на пациентот, реставрацијата може да биде:
-директна/изведена во една посета, како што се композитните пломби во бочната регија и високо естетските нанокомпозитни фасетина фронталните заби
-индиректна/изработена во лабораторија како што се коронки, инлеи, онлеи или порцелански фасети.
Целта на денталната реставрација не е само визуелна корекција, туку и заштита на остатокот од забот, подобрување на џвакањето и спречување на понатамошни компликации.
Современите материјали и технологии во нашата клиника ќе ви овозможат природен изглед, долготрајност и удобност- за насмевка што изгледа и се чуствува здраво.
3D компјутерска томографија на вилични коски и рентген панорамска снимка на вилици. Радиолошки методи во стоматологијата се користат за дијагностика и планирање на терапија.
Радиолошката снимка може да служи за: откривање на скриен кариес, поставеност на корените на забите, лекување на коренот на забот, планирање на ортодонтски третман, позиција на нееруптирани заби, детектирање на инфективни процеси, цисти, тумори. Со помош на радиографските снимки добиваме сознаение за квалитетот и количина на коска во вилиците доколку е потребно да се постави имлант. Преку нив ги гледаме анатомските содржини (нерви, крвни садови, канали во коската, поставеност на максиларниот синус итн)
Процедурата се изведува во стоматолошка ординација со професионални избелувачки гелови на база на водород или карбамид пероксид, или со домашен третман преку индивидуално изработени калапи. Времетраењето и методот се прилагодуваат според состојбата на забите и посакуваниот резултат. Избелувањето е безболно, не ја оштетува забната структура и дава брзи и видливи резултати, често уште во првата сеанса. Третманот е погоден за возрасни од сите генерации кои сакаат да ја освежат својата насмевка и да ја подобрат самодовербата.
Во нашата клиника овој процес се изведува со професионална метода, потпомогната со Beyond лампа за белеење и ласерски забрзувачки ефект.
Консултирајте се со нашите стоматолози за да добиете персонализиран план и безбеден третман.
Без разлика дали се работи за кариес, пукнатини, траума или природно трошење, реставративната стоматологија нуди решенија кои ја враќаат функцијата, стабилноста и естетиката на забот.
Во зависност од потребите на пациентот, реставрацијата може да биде:
-директна/изведена во една посета, како што се композитните пломби во бочната регија и високо естетските нанокомпозитни фасетина фронталните заби
-индиректна/изработена во лабораторија како што се коронки, инлеи, онлеи или порцелански фасети.
Целта на денталната реставрација не е само визуелна корекција, туку и заштита на остатокот од забот, подобрување на џвакањето и спречување на понатамошни компликации.
Современите материјали и технологии во нашата клиника ќе ви овозможат природен изглед, долготрајност и удобност- за насмевка што изгледа и се чуствува здраво.
Радиолошката снимка може да служи за: откривање на скриен кариес, поставеност на корените на забите, лекување на коренот на забот, планирање на ортодонтски третман, позиција на нееруптирани заби, детектирање на инфективни процеси, цисти, тумори. Со помош на радиографските снимки добиваме сознаение за квалитетот и количина на коска во вилиците доколку е потребно да се постави имлант. Преку нив ги гледаме анатомските содржини (нерви, крвни садови, канали во коската, поставеност на максиларниот синус итн)
Скоро сите стоматолошки процедури се прават во локална или без анестезија. Постојат повеќе состојби кои ги спречуваат пациентите да се појават на стоматолог, а со тоа од година во година се влошува нивното орално здравје.
Специјалист по стоматолошка протетика
filip.tanturovski@zmc.mk
Специјалист по стоматолошка протетика
elizabeta.manojlovska@zmc.mk
Специјалист по орална хирургија
elizabeta.stevkovska@zmc.mk