00389 2 3091 484
август 9, 2024
Имплантологија е дел од оралната хирургија кој вклучува поставување забен имплант. Тоа е процедура со која се прави замена на корените на вашите заби, изработени од титаниумски метал кои изгледаат како завртки со цел надоместување на исчезнатиот или оштетениот заб со вештачки заб кој изгледа исто и ја врши истата функција како вистинските заби.
Оперативниот зафат кој ќе биде применет за имплантирање зависи од видот на имплантот и состојбата на вилицата. Поставувањето забен имплант е операција која може да опфати неколку процедури.
Главната придобивка од имплантите е солидна поддршка за сите нови заби. Овој процес бара интеграција на имплантот во коската. Бидејќи за ова заздравување е потребно време, самиот процес може да потрае неколку месеци (3-4 месеци).
Забните импланти се поставуваат хируршки во вилицата, каде што служат како корени за изгубените/претходно извадените заби.
Забните импланти може да бидат соодветни за вас доколку:
Како и секоја операција, хирургијата за имплантација на заби носи одредени здравствени ризици. Меѓутоа, проблемите ретко се појавуваат, а доколку се појават, обично се мали и лесно се лекуваат. Ризиците вклучуваат:
Кога една имплантолошка интервенција е добро испланирана и има соодветна подготовка на пациентот ризикот за настанување на компликација е сведен на минимум. Со новите модерни дијагностички мерки пред време се одбележуваат сите битни анатомски содржини на кои треба да внимаваме во тек на работата. Исто така CBCT снимките од горната и долна вилица ни овозможуваат предвремен план за точната позиција на имплантот. Со помош на дигитална стоматологија е веќе одредено каде ќе биде поставен имплантот, при што се изработува индивидуализиран имплантолошки водач. Овој водач има за цел да се фиксира на горната или долната вилица, зависно од тоа каде ќе биде самата интервенција и да помогне при имплантирање.
За повеќе информации околу процедурата закажете консултација со специјалист по орална хирургија на 02 3091 484 кој ќе ве советува за можните решенија за вашиот проблем.