00389 2 3091 484
август 12, 2024
Детската неврологија е медицинска специјалност која ги проучува и третира проблемите на нервниот систем во текот на неговиот развој, односно структурата, функциите и развојот на централниот нервен и невромускулниот систем, како во нормални така и во патолошки состојби
Развојната фаза на децата започнува за време на интраутериниот живот и завршува со адолесценцијата.
Проблемите со нервниот систем може да бидат во: мозокот, ‘рбетот, нервите или во мускулите, предизвикувајќи различни промени.
Исто така, овие специјалисти невропедијатри се одговорни за надзор, контролирање и дијагностицирање на развојните потешкотии кои децата можат да ги манифестираат, вклучувајќи моторни, когнитивни, сензорни или комуникациски.
Невропедијатријата третира многу болести со различен степен на сложеност. Педијатарот на детето е оној кој мора да ја направи првичната проценка и доколку смета дека е потребно ќе го упати детето кај специјалист невропедијатар. Најчестите причини за консултации се:
Како и во секоја друга медицинска специјалност, првата посета е многу важна. Во основа, невропедијатарот ќе се обиде да го запознае детето и да собере што е можно повеќе информации, поради што на родителите на детето ќе им бидат поставени серија прашања од типот:
Со цел детална анализа односно за да се олесни првата посета, препорачливо е доколку постојат да бидат обезбедени релевантни документи доколку ги имате, како што се:
Доколку имате сомнеж во однос на некое однесување кое сте го забележале кај вашето дете, а истото може да биде поврзано со некоја од овие патологии, закажете консултација со нашиот невропедијатар д-р Катерина Василева Димовска на 02 3091 484