Акутниот синузитис претставува воспаление и појава оток во внатрешните празнини на носот – назалните делови. Акутниот синузитис ја отежнува дренажата на синусите. Со акумулирање на слуз се отежнува дишењето низ носот. Областа околу очите и лицето може да се чувствуваат отечени. Се појавува главоболка и болка во лицето.
Настинката е вообичаена причина за акутен синузитис. Најчесто, состојбата се смирува во рок од една недела до 10 дена, освен ако не постои и дополнителна инфекција предизвикана од бактерии (бактериска инфекција).
Симптоми
Симптомите на акутен синузитис често вклучуваат:
Густ, жолт или зеленикав слуз од носот, кој може да тече низ носот, или се слева во задниот дел на грлото – позната како постназално слевање.
Затнат нос со што се отежнува дишењето низ носот.
Болка, осетливост, оток и притисок околу очите, образите, носот или челото што се влошуваат при наведнување.
Притисок во ушите.
Главоболка.
Болка во забите.
Променето сетило за мирис.
Кашлица.
Лош здив.
Замор.
Треска.
Кога е потребно да одите на лекар?
Контактирајте со вашиот лекар доколку имате:
Симптоми кои траат повеќе од една недела.
Симптоми кои се влошуваат и покрај тоа што во одреден период изгледало како да се подобриле.
Треска која трае.
Историја на повторен или хроничен синузитис.
Компликации
Акутниот синузитис често не предизвикува компликации. Но доколку се појаваат, тие вклучуваат:
Хроничен синузитис. Хроничниот синузитис трае подолго од 12 недели.
Менингитис. Оваа инфекција влијае на мембраните и течноста околу мозокот и ‘рбетниот мозок.
Други инфекции. Не е вообичаено, но, инфекцијата може да се прошири на коските, позната како остеомиелитис или на кожата, позната како целулитис.
Проблеми со видот. Ако инфекцијата се прошири кон очните отвори, може да го намали видот или да предизвика слепило.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484
Поврзани Новости
20.11.2024
Синдром на суво око или компјутерски вид
Сувото око е хронична патологија која се карактеризира со недоволна количина на солзи и/или влошување на нивниот квалитет, што предизвикува…
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…