00389 2 3091 484
ноември 11,2024
Сувото око е хронична патологија која се карактеризира со недоволна количина на солзи и/или влошување на нивниот квалитет, што предизвикува воспаление на површината на окото. Солзите се неопходни за подмачкување на површината на окото, обезбедување на хранливи материи и заштита од инфекции.
Сувото око е мултифакторна болест. Тоа значи дека може да постојат повеќе фактори предизвкувачи. Најчеста причина е хормоналното нарушување кое доведува до слаба функција на солзните жлезди и намалено лачење на солзи. Сувото око може да биде секундарна последица на одредени системски заболувања, особено автоимуни болести како што се: ревматоиден артритис и системски лупус еритематозус.
Симптомите на суво око може да вклучуваат: непријатност, пецкање, печење, чувство на сувост и боцкање, па дури и заматен вид и флуктуирачка визуелна острина. Овие симптоми обично се влошуваат кога пациентот го фокусира погледот во континуитет во една точка, без да трепка или пак поминува долго време во средини со мала влажност или многу ветер.
Одредени фактори на ризик кои би предизвикале суво око може да се спречат. Такви се: прекумерната употреба на компјутерски и електронски уреди и несоодветно носење на контактни леќи.
Во првиот случај, доколку не можете да избегнете користење на компјутерот континуирано со часови, треба често да трепкате додека читате и да треба да одморите 5 минути на секој час за да избегнете развој на суво око наречено уште и синдром на компјутерски вид.
Сувото око е хронична болест за која нема конкретен лек. Третманот се стреми кон ублажување на симптомите, како и спречување и лекување на лезии на површината на окото предизвикани од сувоста. Третманот се состои од:
Промотивната цена за специјалистички офталмолошки преглед изнесува 1710 денари и важи заклучно 30.11.2024
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484