Совети како да се справите со празничната тага

Дневна доза здравје

декември 25, 2024

Зимските празници се најзабавниот период од годината исполнет со прослави и дружење со семејството и пријателите. Но, за дел од луѓето, тоа е време исполнето со тага, себе преиспитување, осаменост и вознемиреност.

Што ја предизвикува празничната тага?

Тагата е навистина лично чувство. Она што предизвикува тага кај една личност, можеби нема воопшто да влијае на друг. Типични извори на празнична тага може да бидат:

  • Стресот
  • Заморот
  • Нереалните очекувања
  • Финансиски проблеми
  • Неможноста да се биде со семејството и пријателите.
    Балансирањето на листите за купување, одењето или организирањето на забави, семејните обврски и домашните гости може да придонесе за чувство на преоптовареност и зголемена напнатост.

Луѓето кои не се сметаат себеси за депресивни може да развијат реакции на стрес, како што се:

  • Главоболки
  • Прекумерно пиење
  • Прејадување
  • Несоница

Други може да доживеат постпразнична тага, по Нова година. Ова може да биде резултат на зголемени очекувања и разочарувања од претходната година, заедно со стрес и замор.

Совети за справување со празничниот стрес и депресија:

  • Поставете си реални очекувања за празничнот период.
  • Поставете си реални цели за следната година.
  • Грижете се за себе и превземајте одговорности во склад со сопствените можности..
  • Направете листа и дадете приоритет на важните активности. Ова може да помогне во поорганизирано извршување на празничните обврски.
  • Бидете реални за тоа што можете, а што не можете да направите.
  • Распоредете ја својата енергија, ќе ви треба повеќе од само еден ден (Новогодишната ноќ). Празничните прослави може траат повеќе денови.
  • Живејте и уживајте во сегашноста.
  • Гледајте во иднината со оптимизам.
  • Не се разочарувајте и растажиувајте споредувајќи ја сегашноста со ,,старите добри времиња,, од минатото.
  • Ако сте осамени, обидете се да волонтирате или да се приклучите кон некоја група.
  • Најдете бесплатни активности за релаксација, како што е гледање празнични филмови, разгледување без купување и следење на времето, без разлика дали има или не снег.
  • Ограничете го пиењето, бидејќи прекумерното пиење само ќе ги зголеми вашите чувства на депресија.
  • Пробајте нешто ново. Прославете ги празниците на нов начин.
  • Поминете време со луѓе кои ве поддржуваат и се грижат за вас.
  • Потрудете се и стекнете нови пријатели.
  • Најдете време да контактирате со некој одамна изгубен пријател или роднина и раширете празнично расположение.
  • Најдете време за себе!
  • Оставете и другите да преземат дел од празничните обврските.
  • Ограничете ги празничните трошоци. Прекумерното трошење може да доведе до депресија кога сметките ќе пристигнат по завршувањето на празниците. Плаќањето непланирани сметки, колку и да биле мали, може да доведат до дополнителен стрес и депресија.