Успешно вградени две протези на колковите во еден акт

февруари 02,2025

Пациентка од Косово со комплетна дисфункционалност на обата колка, неможност за движење и огромни болки, беше примена во нашата болница. По направената дијагностика утврдена беше можност за решавање на нејзиниот проблем. Д-р Сашо Младеновски – ортопедски хирург, заедно со тимот лекари и сестри инструментарки, успешно во еден акт и постави две керамички ендопротези. Благодарение на оваа операција Едита Спахиа веќе е на нозе. И посакуваме комплетно опоравување.