Што е катаракта?

Дневна доза здравје

мај 13, 2025

Катаракта или попозната народски како ,,перде,, се нарекува зматувањето на природната леќа во окото. Леќата е поставена зад зеницата и нејзината функција е поврзана со фокусирањето на погледот на различни далечини и добивање на јасна слика. Заматувањето на леќата води до разсејување на светлината, замаглување на видот и постепено намалување на истиот.

Кои се причините што доведуваат до појава на катаракта?

Катарактата во најчест случај е резултат на промена на структурата на леќата која е предизвикана од возраста, стареењето. Со текот на времето, структурата на леќата го променува составот и таа ја губи провидноста. Сето ова влијае на влошување на видот и негово постепено намалување. Ова е најчестиот вид на катаракта – сврзан со возрастта. Понекогаш, покрај возраста како причина за појава, катарактата може да настане и од други причини и тоа да биде вродена (конгенитална), последица на удар (травматична), да биде педизвикана од поствоспалителен процес на окото (компликата) или па да е патолошка – поради присуство на друго основно заболување.

Како се манифестира катарактата?

Типични симптоми на катаракта се: двојно гледање, замаглен вид , тешко или бледо распознавање на боите (посебно сина боја), потешкотии со видот во вечерните часови или ноќно слепило, ореол или отсјај околу светлите предмети, честа промена на контактни леќи или број на очила, губење на чувство за длабочина, умор на очите и главоболки.
Типот на катаракта се определува според делот на леќата кој што е замаглен и според времето кога дошло до замаглување.

Постојат неколку типови на катаракта:

– Нуклеарна катаракта: заматување на нуклеусот (јадрото на леќата)
– Кортикална катаракта: заматување на периферните оддели на леќата
– Кортиконуклеарна катаракта: комбинација од предходните два вида.
– Катаракта на задна капсула: заматување на делот во близина на задната капсула на леќата
– Матурна катаракта: целосно заматување на леќата
– Нигра катаракта: најнапредната форма на катаракта

Лекување на катарактата

Единственото лекување на катарактата е оперативно!
Катарактата не се лекува со лекови, единствена метода е хирушка интервенција.
Катаракта не може да се излечи со медицински лекови, очни капки, вежби или со користење на очила. Единствената опција е да се отстрани потемнетата леќа и да се замени со имплант (интраокуларна леќа) која ќе ја врши нејзината функција и која останува засекогаш во окото.
Во нашата болница операциите на катаракта се изведуваат со ФАКО техника (Факоемулцификација). Ова е најновата метода која е развиена во светот. При примена на оваа метода нема потреба од чекање за созревање на катарактата и пациентот не мора долго време да живее со ослабен вид.
Периодот на опоравување е краток.

Интраокуларните леќи кои се вградуваат за време на операцијата ја вршат/ ја презематт функцијата на природната леќа. Според тоа дали се со фокус за далеку и/или и за близу, дали корегираат повеќе фокуси и астигмаизам се делат на неколку видови:

  • Монофокални леќи прават корекција за далку, а за близу доколку е потребнакорекција неопходно да се носат очила по операцијата.
  • ЕДОФ интраокуалрни леќи се имланти со продолжен фикус на гледање. Тие се бифокални, со фокус за далку и за близу некаде до 50cm. При гледање на помало растојание и за пoситни работи (читање) исто така е неопходно користење на очила со мал диоптер за близу
  • Мултифокални интраокуларни леќи, имаат фокус за далеку, средно и близу.

– Торик интраокуларните леќи можат да бидат и монофокални и ЕДОФ и мултифокални кај кои дополнително е вкалкулиран и вклучен астигматизамот.

Предоперативно секогаш е потребно да се направи индивидуален пристап кон пациентот со катаракта со цел одредување кој тип на интраокуларен имплант е најсоодветен.

Нашиот тим офталмолози ве очекува. За да закажете 02/3091-484