00389 2 3091 484
јули 07,2025
Неврохируршкиот тим при Клиниката Жан Митрев во состав д-р Благој Шунтов и д-р Михаил Таушанов успешно отстранија туморозна формација кај пациент во средни години. Туморот беше со димензии 2*2,5см лоциран на базата на черепот и ги имаше засегнато нервите за мирис и вид.
По направената операција и еднонеделниот престој во болницата, пациентот во добра општа состојба, без невролошки потешкотии, беше пуштен на понатамошно домашно заздравување.