Нутритивни прегледи

Анализа на телесна композиција (Body Composition Analysis) – Прецизно мерење на:

  • % масти и мускулна маса
  • телесна вода и коскена густина
  • базален метаболизам (BMR) за персонализиран калориски режим

Антропометриски мерења – BMI, обем на струк, кожни набори за детална проценка.

Индивидуална диететска процена – Анализа на вашите  навики во исхраната, здравствен статус и потреби за оптимален индивидуален план за исхрана.

Нутритивни прегледи

Персонализирани планови за исхрана

Прилагодени решенија за:

  • Губење на телесна тежина или зголемување на килограми и мускулна маса
  • Дијабетес, хипертензија, бубрежни заболувања, интолеранции и останати состојби
  • Спортисти, бремени жени, вегетаријанци

Едукација за правилна исхрана – Како да читате етикети, да бирате здрави производи и да ги подобрите вашите навики.

Мониторинг и поддршка – Редовни прегледи за следење на напредокот и прилагодување на плановите.

Персонализирани планови за исхрана

Нутритивен скрининг и проценка на исхранетост

Оценка на нутритивен ризик – Идентификација на недостатоци (витамини, минерали) или прекумерен внес, особено кај:

  • Хронични болести
  • Пред/по оперативни зафати

Клиничка и лабораториска анализа – Врз основа на:

  • Знаци на малнутриција (споро заздравување, губење на мускулна маса)
  • Крвни параметри (хемоглобин, железо, витамин D, B12, холестерол, шеќер)

Нутритивен скрининг и проценка на исхранетост

Зошто да не изберете нас?

  • Научно-базирани решенија – Работиме врз основа на најновите стандарди
  • Индивидуален пристап – Секој план е уникатен и прилагоден на вашите потреби.
  • Докажани резултати – Следиме напредокот додека не ги постигнете целите.
  • Закажете консултација денес – Да ја оптимизираме вашата исхрана за подобро здравје и квалитет на живот!

Зошто да не изберете нас?

Останати доктори од овој оддел

Татјана Павлова

М-р Татјана Павлова

Нутриционист

tatjana.pavlova@zmc.mk

Види го профилот