Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

01.08.2023

Акутен миокардитис: симптоми и прогноза

Акутниот миокардитис е воспалителна болест на срцевиот мускул (миокардот) што може да предизвика срцева слабост и абнормалности на срцевиот ритам. Оваа болест може да настане како резултат на влијанието на различни инфективни агенси, како што се: вируси, бактерии и габи, како и токсични агенси, алерергени, па дури и некои лекови. Ако оштетувањето на срцевиот мускул е сериозно, пациентот може да се соочи со отежнато дишење, замор, болка во градите и други симптоми.

Третманот за акутен миокардитис зависи од причината и сериозноста на симптомите. Може да вклучува лекови за намалување на воспалението, како и третман за самата срцева слабост.

Најчести причини и симптоми на миокардитит

Најчеста причина за акутен миокардитис е вирусна инфекција. Најчестите вирусни инфекции кои предизвикуваат миокардитис се: параинфлуенца вирусот, вирусот Коксаки, вирусот Епштајн-Бар, вирусот на херпес симплекс, вирусот на хепатитис Б и Ц, вирусот на грип, вирусот на мали сипаници и вирусот на рубеола. Покрај тоа, акутниот миокардитис може да биде предизвикан и од други бактериски инфекции, алергиски реакции, зрачење, лекови или труење.
Најчестите симптоми се:

  • Замор
  • Болка во градите
  • Недостаток на здив, односно задишување дури и во мирување
  • Брзи или неправилни срцеви ритмови (аритмии).
  • Оток на нозете, глуждовите и стапалата,
  • Вртоглавица или чувство на несвестица
  • Дехидрација
  • Стомачна болка
  • Повраќање

Прогнозата на акутниот миокардитис во голема мера зависи од тоа колку брзо ќе се дијагностицира и лекува. Во повеќето случаи, правилниот третман може да ги ублажи симптомите и да спречи понатамошни компликации. Меѓутоа, во некои случаи, акутниот миокардитис може да биде фатален. Ризикот од смртен исход е поголем кај оние пациенти кои имаат хронични болести, како што се дијабетес или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Затоа препорачуваме при првите симптоми да се обратат на кардиолошки преглед или да побараат итна помош.

Нашите специјалисти во одделот на кардиологија ви стојат на располагање за сите проблеми со вашето срце. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484