Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

03.08.2023

Вода, водени спортови и ризици

Дали знаевте дека?

236 000 луѓе годишно страдат како резултат на давење. Оваа бројка само ја зголемува вкупната од над 2,5 милиони човечки животи изгубени во последната декада. Поразителен е фактот дека најзасегнати се децата на возраст од 1 до 4, односно од 5 до 9 годишна возраст.
Имајќи го ова предвид последиците се ненадоместливи, но мора да имаме на ум дека сето ова може комплетно да се превенира.

Заедно можеме да направиме разлика доколку научиме како да останеме безбедни кога сме во вода. Запаметете, иако никој не би требало да настрада, секој може да се соочи со ризик од давење.

Подолу неколку важни препораки кои можат да направат разлика:

  • Обучување на што повеќе луѓе кои знаат како да спасат и да дадат прва помош во и покрај вода.
  • Поставување и примена на безбедносни процедури поврзани со сите пловни објекти (чамци, глисери, бродчиња или ферибродови).
  • Подобрување на менаџирање со ризици од поплави на локално и национално ниво.
  • Постаување бариери за контрола на пристапот кон водените површини.
  • Креирање безбедна зона за деца на предучилишна возраст подалеку од вода и под соодветен надзор и грижа.

Научете ги децата од школска возраст да пливаат, да се грижат за безбедност во вода и на вештини за безбедно спасување.